Архаизам - категорија

баба повеќе

бабо
Вид збор: Именка, машки род
татко
Англиски: dad Турски: baba Албански: baba

бабаит повеќе

мн. бабаити
Вид збор: Именка, машки род
Јунак, голем крупен маж.
Англиски: hero Турски: babayiğit

бабаитлак повеќе

мн. бабаитлаци
Вид збор: Именка, машки род
јунаштво
Англиски: heroism Турски: babayiğitlık

бабајко повеќе

мн. бабајковци
Вид збор: Именка, машки род
татко
Англиски: daddy

бабалак повеќе

мн. бабалаци
Вид збор: Именка, машки род
татко на жената
Англиски: father-in-law Турски: babalık Албански: vjehërr
дедо
Англиски: grandfather Албански: gjysh
потекло
Англиски: origin Албански: origjinë
наследство од татко, татковина
Англиски: inheritance Албански: trashigim

бабовина повеќе

мн. бабовини
Вид збор: Именка, женски род
Оставина од татко.
Англиски: inheritance Албански: trashëgim
Оставина од баба.
Англиски: inheritance Албански: trashëgim

баждарина повеќе

мн. баждарини
Вид збор: Именка, женски род
трошарина, такса
Англиски: toll

баздриѓан повеќе

мн. баздриѓани
Вид збор: Именка, машки род
трговец
Англиски: merchant Турски: bezirgân

баздриѓанлак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
трговија
Англиски: trade Албански: tregëti
Трговска чаршија.
Англиски: market Албански: çarshi tregëtare

бајрак повеќе

мн. бајраци
Вид збор: Именка, машки род
знаме
Англиски: flag Турски: bayrak

бајрактар повеќе

мн. бајрактари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што го носи знамето, бајракот, знаменосец (во војска и на свадба).
Англиски: standard bearer Турски: bayraktar

бакал повеќе

мн. бакали
Вид збор: Именка, машки род
Трговец на различни ситни ироизводи, обично прехранбена стока.
Англиски: shopkeeper Турски: bakkal Албански: bakallxhi, dyqanxhi

бакаллак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Бакалска стока.
Турски: bakkaliye Албански: artikuj ushqimor
Трговија со бакалска стока.
Албански: tregëti me artikuj ushqimor

бакалница повеќе

мн. бакалници
Вид збор: Именка, женски род
Продавница со бакалска стока.
Англиски: convienience store Турски: bakkal

бакалски повеќе

Види и: бакал (м.)
бакалскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со бакал.
Албански: i dyqanxhiut
Примери:
Бакалска стока.

бакалува повеќе

Види и: бакал (м.)
бакалуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши бакалска работа.

балабан повеќе

мн. балабани
Вид збор: Именка, машки род
висок, крупен човек
Англиски: big man Турски: balaban

балдиса повеќе

балдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Папса, премали, се истошти, изнемошти, капне, премре.
Англиски: exaust Турски: bayılmak

балкан повеќе

мн. балкани
Вид збор: Именка, машки род
планина
Англиски: mountain Турски: balkan Албански: mal

бало повеќе

мн. бала
Вид збор: Именка, среден род
танц, игра
Англиски: dance Турски: balo

балтон повеќе

мн. балтони
Вид збор: Именка, машки род
палто
Англиски: jacket

банда повеќе

мн. банди
Вид збор: Именка, женски род
Оркестар (особено воен) од лимени инструменти.
Англиски: band Албански: bandë, orkestër

бандаџија повеќе

мн. бандаџии
Вид збор: Именка, машки род
Член на музичка банда, музикант.

банија повеќе

мн. бании
Вид збор: Именка, женски род
бановина

барабанџија повеќе

мн. барабанџии
Вид збор: Именка, машки род
Службен известувач што се огласувал со барабан.
Англиски: barker Албански: lajmëtar me daulle

барутчија повеќе

мн. барутчии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прави или што продава барут.

баскија повеќе

мн. баскии
Вид збор: Именка, женски род
летва
Англиски: lath Турски: baskı

баста повеќе

мн. басти
Вид збор: Именка, женски род
Набор на фустан, фалта.
Англиски: pleat

бастиса повеќе

бастисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши претрес, нападне, опколи.
Англиски: scour Турски: basmak

бастунада повеќе

мн. бастунади
Вид збор: Именка, женски род
Тепање со бастун како казна.
Англиски: bastinado Француски: bastonnade

батиса повеќе

батисаат
Вид збор: Глагол, свршен
потоне, пропадне, упадне
Англиски: sink Турски: batmak

батрдиса повеќе

батрдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
упропасти
Англиски: destroy Турски: batırmak

баџ повеќе

мн. баџови
Вид збор: Именка, машки род
Наплата за премин или превоз преку гранична вода или граница.

баџак повеќе

мн. баџаци
Вид збор: Именка, машки род
бут, бедро
Англиски: thigh, leg Турски: bacak

башбакан повеќе

мн. башбакани
Вид збор: Именка, машки род
главен водач, шеф, бос, големец
Англиски: leader Турски: başbakan

башместо повеќе

Види и: место (ср.)
мн. башместа
Вид збор: Именка, среден род
најважно место

башпријател повеќе

Види и: пријател (м.)
мн. башпријатели
Вид збор: Именка, машки род
прв пријател
Англиски: best friend

башчауш повеќе

Види и: чауш (м.)
мн. башчауши
Вид збор: Именка, машки род
главен чауш

бегинка повеќе

Види и: беговица (ж.)
мн. бегинки
Вид збор: Именка, женски род
беговица

беглак повеќе

Види и: беглик (м.)
мн. беглаци
Вид збор: Именка, машки род
беглик

беговина повеќе

мн. беговини
Вид збор: Именка, женски род
бегова земја, бегов имот

беговица повеќе

мн. беговици
Вид збор: Именка, женски род
бегова жена

бедствие повеќе

Види и: беда (ж.)
мн. бедствија
Вид збор: Именка, среден род
беда
Англиски: misery

безбели повеќе

Вид збор: Модален збор
Без сомнение, секако, сигурно.
Англиски: sure Турски: besbelli

безбожие повеќе

мн. безбожија
Вид збор: Именка, среден род
Отсуство на верата во бога.
Англиски: atheism

безветрие повеќе

Види и: безветрина (ж.)
мн. безветрија
Вид збор: Именка, среден род
безветрина
Англиски: calm

безделие повеќе

(само едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Отсуство на желба за работење.
Англиски: idleness

бекчија повеќе

мн. бекчии
Вид збор: Именка, машки род
полјак, падар
Англиски: ranger Турски: bekçi

белило повеќе

мн. белила
Вид збор: Именка, среден род
Козметичко средство за белење лице.
Англиски: make-up Албански: të bardhë

бенкалија повеќе

мн. бенкалии
Вид збор: Придавка
(немен по род) бенкичав
Англиски: spotted

бербат повеќе

Вид збор: Придавка
нечист, валкан
Англиски: dirty Турски: berbat

бербати повеќе

бербатат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави да биде валкан, нечист.
Англиски: pollute

бербатлак повеќе

Види и: бербат (прид.)
мн. бербатлаци
Вид збор: Именка, машки род
нечистотија, валканица
Англиски: dirt

берберлак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
берберство

бердана повеќе

мн. бердани
Вид збор: Именка, женски род
Пушка од втората половина на 19 век.

бесалија повеќе

мн. бесалии
Вид збор: Именка, машки род
човек од збор

бесправие повеќе

мн. бесправија
Вид збор: Именка, среден род
бесправност, беззаконие
Англиски: lawlessness

бесрамие повеќе

мн. бесрамија
Вид збор: Именка, среден род
Отсуство на срам.
Англиски: impertinence

бессилие повеќе

мн. бессилија
Вид збор: Именка, среден род
бессилност, слабост, немоќ
Англиски: impotence

бестрашие повеќе

мн. бестрашија
Вид збор: Именка, среден род
бестрашност, храброст
Англиски: courage

бешлик повеќе

мн. бешлици
Вид збор: Именка, машки род
Стара турско сребрена монета од пет гроша.
Турски: beşlik

би повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
Стана, се случи.
Англиски: became
Тепа, бие - аористна форма.
Англиски: beat

бивак повеќе

мн. биваци
Вид збор: Именка, машки род
Војнички логор за привремен престој.
Англиски: bivouac

билјоса повеќе

билјосаат
Вид збор: Глагол, свршен
се опие, се замае од билје, се маѓоса

билјур повеќе

мн. билјури
Вид збор: Именка, машки род
кристално стакло
Англиски: crystal Турски: billur Албански: bilur, gotë kristali
Чист, кристален сјај.
Албански: i pastër, shkëlqim i kristalt

билка повеќе

мн. билки
Вид збор: Именка, женски род
лек
Англиски: remedy Албански: barë, ilaç

бина повеќе

мн. бини
Вид збор: Именка, женски род
зграда, куќа
Англиски: building Турски: bina Албански: bina, ndërtim

бинек повеќе

мн. бинеци
Вид збор: Именка, машки род
Коњ што служи за јавање.
Англиски: horse Турски: binek

бинекташ повеќе

мн. бинекташи
Вид збор: Именка, машки род
Голем камен што служи за качување на коњ.
Турски: binek taşı

бинекчија повеќе

мн. бинекчии
Вид збор: Именка, машки род
Коњаник, добар јавач.
Англиски: rider Турски: binici

биниш повеќе

мн. биниши
Вид збор: Именка, машки род
Широка наметка со долги ракави.
Турски: biniş

бир повеќе

мн. бирови
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што го давале верниците на манастир или на свештеник, давачка во пари или прехранбени продукти.
Англиски: donation Турски: bir

бирник повеќе

мн. бирници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што собира данок.
Англиски: tax collector

битиса повеќе

битисаат
Вид збор: Глагол, свршен
заврши, скончи
Англиски: finish, expire Турски: bitti

битисува повеќе

битисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
завршува, исчезнува
Англиски: expire, disappear

бичкија повеќе

мн. бичкии
Вид збор: Именка, женски род
Рачна пила од дрвена рамка и челичен лист со остри запци на долниот раб.
Англиски: saw Турски: bıçkı

бичкиџија повеќе

мн. бичкиџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што бичи со бичкија.
Турски: bıçkıcı

бичкиџилница повеќе

мн. бичкиџилници
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се бичи.

благден повеќе

Вид збор: Именка, машки род
празник
Англиски: holiday
Примери:
Во големиот салон на изложбената галерија ќе се одржи традиционалната манифестација „На Велигден на благден“. [извор]

благоверен повеќе

благоверниот
Вид збор: Придавка
Правоверен (обично пред титулите на старите владетели).

благоверник повеќе

мн. благоверници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е правоверен, чист во верата, со христијанска доблест.

благодушие повеќе

Вид збор: Именка, среден род
благодушност, добродушност

благословија повеќе

мн. благословии
Вид збор: Именка, женски род
благослов
Англиски: blessing

блуден повеќе

блудни
Вид збор: Придавка
Што го згрешил правилниот пат, што заблудел.
Англиски: stray

бљудо повеќе

мн. бљуда
Вид збор: Именка, среден род
чинија
Англиски: plate

богатник повеќе

мн. богатници
Вид збор: Именка, машки род
богаташ
Англиски: rich person

богољубец повеќе

мн. богољупци
Вид збор: Именка, машки род
Што го љуби Бога; побожен човек, праведник.

божев повеќе

Види и: божји (прид.)
божевиот
Вид збор: Придавка
божји
Англиски: godly

божевен повеќе

божевниот
Вид збор: Придавка
побожен
Англиски: pious

бои повеќе

бојат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се бои) се плаши
Англиски: fear Албански: druaj

бојлија повеќе

мн. бојлии
Вид збор: Придавка
стасит, висок
Англиски: tall Турски: boylu

бојник повеќе

мн. бојници
Вид збор: Именка, машки род
војник
Англиски: warrior Албански: ushtar, luftëtar

боктиса повеќе

боктисаат
Вид збор: Глагол, свршен
додее, досади
Англиски: bore Турски: bıkmak

болува повеќе

Види и: боледува (несв.)
болуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
боледува
Англиски: suffer

бомбе повеќе

мн. бомбиња
Вид збор: Именка, среден род
полуцилиндар
Англиски: hat

борија повеќе

мн. бории
Вид збор: Именка, женски род
труба
Англиски: trumpet Турски: boru
цевка
Англиски: pipe Турски: boru

борч повеќе

мн. борчови
Вид збор: Именка, машки род
Долг, тоа што некој некому му должи.
Англиски: debt Турски: borç

борчи повеќе

борчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Должи некому нешто, најчесто пари.
Англиски: owe

брак повеќе

мн. бракови
Вид збор: Именка, машки род
свадба
Англиски: wedding Албански: martesë

брзописец повеќе

мн. брзописци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што пишува брзо.

буица повеќе

мн. буици
Вид збор: Именка, женски род
треска, грозница
Англиски: fiver Албански: ethe

бурмали повеќе

Вид збор: Придавка
Во форма на бурма, прстен.
Англиски: annular

бусија повеќе

мн. бусии
Вид збор: Именка, женски род
заседа
Англиски: trap
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш