Архаизам - категорија

ибрик повеќе

мн. ибрици
Вид збор: Именка, машки род
Висок бакарен или сребрен сад за течности (обично за вода) со конусно или топчесто тело со рачка, и со издолжен врат со проширена устинка.
Турски: ibrik Албански: ibrik

ибришимарка повеќе

мн. ибришимарки
Вид збор: Именка, женски род
Вид тенка игла за шиење со ибришим.

ивтирија повеќе

Види и: ифтирија (ж.)
мн. ивтирии
Вид збор: Именка, женски род
клевета
Англиски: slander Турски: iftira

избавление повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
избавување
Англиски: salvation

избаца повеќе

избацаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извалка, избербати нешто.
Англиски: pollute

издрнда повеќе

Види и: дрнда (несв.)
издрндаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дрнда волна или памук.
Албански: shkrif

изим повеќе

(едн.) изимот
Вид збор: Именка, машки род
Дозвола, одобрување да се направи нешто.
Англиски: permission Турски: izin

изопшти повеќе

изопштат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани од заедница, општество.
Англиски: excommunicate

икиндија повеќе

(едн.) икиндијата
Вид збор: Именка, женски род
Трета дневна молитва кај муслиманите (во попладневните часови, пред зајдисонце).
Турски: ikindi Албански: iqindi
квечерина
Англиски: dusk Албански: muzg, prarim

иконом повеќе

мн. икономи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што раководи со нечиј имот или стопанство (приватно, манастирско, воено).
Англиски: bailiff Албански: përmbarues
Човек што работи во служба за снабдување во некоја установа или претпријатие.
Англиски: economist Албански: përmbarues
Човек што се грижи пред сѐ за финансиите, штедлив, па дури и скржав.
Англиски: miser Албански: përmbarues

икономиса повеќе

икономисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Штеди, заштедува нешто.
Англиски: save Албански: kursej

икономџија повеќе

мн. икономџии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што штеди многу.

иљач повеќе

мн. иљачи
Вид збор: Именка, машки род
лек
Англиски: medicine, remedy Турски: ilaç

имарет повеќе

мн. имарети
Вид збор: Именка, машки род
Јавна добротворна кујна во која на сиромаси, патници, ученици на медреса им се делела храна.
Турски: imaret

имза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Своерачен потпис.
Англиски: signature Турски: imza

имрендиса повеќе

(се) имрендисаат
Вид збор: Глагол, свршен
соблазни, завиди
Англиски: desire Турски: imrenmek

инсан повеќе

инсанот
Вид збор: Именка, машки род
човек
Англиски: human Турски: insan Албански: njeri, insan
луѓе, народ
Англиски: people Албански: insan, popull

иридере повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Вид килим со прави линии во различни бои.

исконти повеќе

исконтат
Вид збор: Глагол, свршен
Дотера, нагизди некого.
Англиски: adorn Албански: rregullohem
(се исконти) се дотера
Англиски: adorn Албански: rregullohem

искрај повеќе

Вид збор: Предлог
покрај
Англиски: beside

испее повеќе

Види и: пее (несв.)
испеат
Вид збор: Глагол, свршен
прочита
Англиски: recite Албански: lexoj, këndoj

истагари повеќе

Види и: тагари (несв.)
(се) истагарат
Вид збор: Глагол, свршен
Се направи важен, се надуе.
Англиски: puff up

исток повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Извор, изворишен дел на река или поток.
Англиски: spring Албански: burim

истом повеќе

Вид збор: Прилог
Токму што, само што.
Англиски: just

истум повеќе

Вид збор: Прилог
истом
Англиски: just

исход повеќе

мн. исходи
Вид збор: Именка, машки род
егзодус, бегство
Англиски: exodus

исцеление повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
исцелување
Англиски: healing

исцелив повеќе

исцеливиот
Вид збор: Придавка
Што може да се исцели.
Англиски: curable

исчати повеќе

исчатат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со чатење.
Англиски: read

итроман повеќе

мн. итромани
Вид збор: Именка, машки род
итрец
Англиски: smarty-pants

ифтибар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
чест, почитување
Англиски: honour Турски: itibar

ифтирија повеќе

Види и: ивтирија (ж.)
мн. ифтирии
Вид збор: Именка, женски род
клевета
Англиски: slander Турски: iftira

ихтиза повеќе

Види и: иктиза (ж.)
мн. ихтизи
Вид збор: Именка, женски род
потреба, нужда
Англиски: need Турски: iktiza

ишала повеќе

Вид збор: Извик
Дај боже.
Англиски: so God will Турски: inşallah

иштав повеќе

(едн.) иштавот
Вид збор: Именка, машки род
апетит
Англиски: appetite Турски: iştah Албански: apetit
желба
Англиски: desire Турски: iştah Албански: dëshirë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш