Архаизам - категорија

кабаат повеќе

Види и: кабает (м.)
мн. кабаати
Вид збор: Именка, машки род
вина, грешка
Англиски: fault Турски: kabahat

каблограм повеќе

мн. каблограми
Вид збор: Именка, машки род
Телеграма испратена преку подводен кабел.
Англиски: cablegram

кабриолет повеќе

мн. кабриолети
Вид збор: Именка, машки род
Лека коњска кола, со подвижен покрив.
Англиски: cabriolet Албански: kerr me kali

кавалерија повеќе

мн. кавалерии
Вид збор: Именка, женски род
Коњички род во војска.
Англиски: cavalry

каврадиса повеќе

каврадисаат
Вид збор: Глагол, свршен
прицврсти, спои, заглави, свитка
Англиски: bend Турски: kıvırmak

каврак повеќе

мн. кавраци
Вид збор: Именка, машки род
Шамија, обично свилена.
Англиски: scarf Турски: kıvrak Албански: këvrak, shami mëndafshi
Невестинска марама.
Албански: këvrak, mindil nusrie

кадраџија повеќе

мн. кадраџии
Вид збор: Именка, машки род
фотограф
Англиски: photographer

казамак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Општ назив за болести што се карактеризираат со исипување по кожата, најчесто за мали сипаници.
Англиски: measles Турски: kızamık

казамат повеќе

мн. казамати
Вид збор: Именка, машки род
Затвор во тврдина за злосторници и политички затвореници.
Англиски: casemate Грчки: χαραμάδα

казандиса повеќе

казандисаат
Вид збор: Глагол, свршен
заработи, спечали
Англиски: earn Турски: kazanmak

казарма повеќе

Види и: касарна (ж.)
мн. казарми
Вид збор: Именка, женски род
касарна
Англиски: barracks

казма повеќе

мн. казми
Вид збор: Именка, женски род
Алатка, тежок рачен копач.
Англиски: hoe Турски: kazma

кајдарак повеќе

мн. кајдараци
Вид збор: Именка, машки род
Мало, плоснато камче за игра; вид игра со камче.
Англиски: stone Турски: kaydırak

кал повеќе

(едн.) калта
Вид збор: Именка, женски род
Посебна смеса од земја, вода и слама што се употребува при ѕидање.
Англиски: mush Албански: baltë, lloç

каламар повеќе

мн. каламари
Вид збор: Именка, машки род
шишенце за мастило
Англиски: inkwell Албански: shishe për ngjyrë ink
Сад со прашок за посипување на напишаното со мастило.
Албански: enë me pluhur të shkruarën me ngjyrë

калауз повеќе

мн. калаузи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што му го покажува патот некому.
Англиски: guide Албански: udhëheqës
трговски посредник
Англиски: intermediary Албански: ndërmjetës

калач повеќе

мн. калачи
Вид збор: Именка, машки род
сабја
Англиски: sabre Турски: kılıç Албански: shpatë

калдрмџија повеќе

мн. калдрмџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што поставува калдрма, што се занимава cо калдрмисување.
Турски: kaldırımcı

калеври повеќе

Вид збор: Именка, множина
Вид машки ниски, плитки обувки.

калем повеќе

мн. калеми
Вид збор: Именка, машки род
Зашилено перо од трска.
Англиски: pen Албански: penë

кандило повеќе

мн. кандила
Вид збор: Именка, среден род
Таков сад што се користел за осветлување.
Албански: temjanicë

капандура повеќе

мн. капандури
Вид збор: Именка, женски род
Мал прозорец или отвор на покрив од зграда, куќа.
Англиски: skylight

капидан повеќе

мн. капидани
Вид збор: Именка, машки род
војвода
Англиски: captain

капиџија повеќе

мн. капиџии
Вид збор: Именка, машки род
Чувар на капија.
Англиски: doorman Турски: kapıcı

каплар повеќе

мн. каплари
Вид збор: Именка, машки род
најнизок воен чин
Англиски: sergeant

карабоја повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Црна боја, црнило.
Англиски: black paint Турски: kara boya

караванџија повеќе

мн. караванџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што го води караванот.
Турски: kervancı

каравела повеќе

мн. каравели
Вид збор: Именка, женски род
Вид на брод со три или четири јарболи, едреник.
Англиски: caravel

карагрош повеќе

мн. карагрошеви
Вид збор: Именка, машки род
стара турска пара

карадузен повеќе

мн. карадузени
Вид збор: Именка, машки род
дурбин
Англиски: binoculars Албански: dylbi, dyrbi

караѓоз повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Театарска претстава со кукли.
Англиски: puppet Албански: shfaqe teatrale me kukëlla

караѓозлија повеќе

мн. караѓозлии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) црноок

каракол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
стражарница, ноќна стража, патрола
Англиски: sentry Турски: karakol

карар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
мера, граница, ред
Англиски: measure Турски: karar

карасмрт повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
тажна смрт
Англиски: death

караул повеќе

мн. караули
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Вооружена стража.
Англиски: sentry Турски: karakol Албански: karakoll
Лице што е на стража.
Англиски: sentry Турски: karakol Албански: roje

карвансарај повеќе

мн. карвансараи
Вид збор: Именка, машки род
Гостилница со преноќиште, за одмор на патниците што патуваат со караван и со голем двор за сместување на коњите и стоката.
Англиски: motel Турски: kervansaray

картечница повеќе

мн. картечници
Вид збор: Именка, женски род
автоматско огнено оружје

касаба повеќе

мн. касаби
Вид збор: Именка, женски род
Гратче во внатрешноста.
Англиски: small town Турски: kasaba

касела повеќе

мн. касели
Вид збор: Именка, женски род
Ковчег, сандак за облека.
Англиски: case

касиер повеќе

мн. касиери
Вид збор: Именка, машки род
благајник
Англиски: treasurer Албански: arkatar

касмет повеќе

(едн.) касметот
Вид збор: Именка, машки род
среќа, судбина
Англиски: fate Турски: kısmet

кауш повеќе

Вид збор: Именка, машки род
затворска ќелија, самица
Англиски: solitary cell

кафешантан повеќе

мн. кафешантани
Вид збор: Именка, машки род
кафеана, гостилница со забавна програма

качак повеќе

мн. качаци
Вид збор: Именка, машки род
Одметник од власта и од законот.
Англиски: robber Албански: kaçak, hajdut

квартира повеќе

мн. квартири
Вид збор: Именка, женски род
стан, соба за живеење
Англиски: accommodation, quarters Француски: quartier

кивор повеќе

мн. кивори
Вид збор: Именка, машки род
Мртовечки сандак.
Англиски: coffin Албански: arkivol, tabut
Ковчеже во кое стојат икони и кандило.
Албански: sandëk me ikona dhe kandile

кир повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Најчесто како составен дел на лично име cо значење - господин, господар.
Англиски: Mister

кираца повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
господарка
Англиски: mistress

кираџија повеќе

мн. кираџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што врши превоз на стока и луѓе со кола, коњ.
Турски: kiracı Албански: qiraxhi

кираџиски повеќе

Види и: кираџија (м.)
кираџискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кираџија.

кирија повеќе

мн. кирии
Вид збор: Именка, женски род
Плата, награда што се дава на кираџија.
Англиски: toll Турски: kira Албански: qira

китаб повеќе

(едн.) китабот
Вид збор: Именка, машки род
Книга што содржи верски учења и прописи кај муслиманите.
Англиски: catechism Албански: qitap feje
Книга општо.
Англиски: book Турски: kitap Албански: qitap, libër

клобук повеќе

мн. клобуци
Вид збор: Именка, машки род
шапка
Англиски: cap Албански: kapelë, shapkë

кмет повеќе

мн. кметови
Вид збор: Именка, машки род
селски старешина
Англиски: mayor

кметица повеќе

Види и: кмет (м.)
мн. кметици
Вид збор: Именка, женски род
жена на кмет

кметов повеќе

кметовиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на кмет.

кметовица повеќе

Види и: кметица (ж.)
мн. кметовици
Вид збор: Именка, женски род
кметица

кметски повеќе

кметскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на кмет или на должноста на кметот.

кметство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Должност, служба на кмет.

кметува повеќе

кметуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Врши должност на кмет.

книга повеќе

мн. книги
Вид збор: Именка, женски род
Назив за одделни делови од Светото писмо што претставуваат посебна целина.
Англиски: book Албански: libri
Специјална голема тетратка, со отпечатени обрасци во која се бележат, внесуваат некакви податоци.
Англиски: register Албански: libër

книжевен повеќе

книжевни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на писменост.
Англиски: literature Албански: letërsi
Што е образован.
Англиски: educated Албански: i arsimuar

кодошлак повеќе

мн. кодошлаци
Вид збор: Именка, машки род
клевета, поткажување
Англиски: slander

кола повеќе

мн. коли
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) штирак
Англиски: starch Албански: shtirak, niseshte

коларина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што го плаќа секоја кола за минување по патот.
Англиски: toll

колебарка повеќе

Види и: колепка (ж.)
мн. колебарки
Вид збор: Именка, женски род
колепка

колесник повеќе

мн. колесници
Вид збор: Именка, машки род
Кола на две тркала што е влечена од жива сила; двоколка.

колесница повеќе

мн. колесници
Вид збор: Именка, женски род
Луксузна, богато украсена кола.
Англиски: carriage

колило повеќе

мн. колила
Вид збор: Именка, среден род
Дрвено рало.
Англиски: plow

коложег повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Народен назив за месецот јануари.
Англиски: January

колонијален повеќе

колонијалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на производи по потекло од колониите (во минатото).
Англиски: colonial

колчак повеќе

мн. колчаци
Вид збор: Именка, машки род
Вез опшиен со гајтан.

колџија повеќе

мн. колџии
Вид збор: Именка, машки род
Чувар на државен имот.
Турски: kolcu
Примери:
Пет-шест души колџии ги чуваа сите шуми.

командировка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Команда за службен пат, или прекоманда.

комар повеќе

мн. комари
Вид збор: Именка, машки род
Различни видови хазардни игри, игри за пари.
Англиски: gamble Турски: kumar Албански: kumar

конак повеќе

мн. конаци
Вид збор: Именка, машки род
голема, убава куќа
Англиски: villa Турски: konak Албански: vilë

конакува повеќе

конакуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
престојува, ноќева
Англиски: spend the night

конакчија повеќе

мн. конакчии
Вид збор: Именка, машки род
Туѓо лице што ќе намине на конак.

кондил повеќе

мн. кондили
Вид збор: Именка, машки род
Bид писалка за школска плоча.
Англиски: style

кондир повеќе

мн. кондири
Вид збор: Именка, машки род
Поголем сад за вино, ракија и сл.
Албански: enë e madhe për verë, raki
Посебен начин на кроење на лозата на две-три окца.
Албански: mënyrë e veçant e kimjes së vreshtës

кондиса повеќе

кондисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Остане во некое место извесно време на конак.

конец повеќе

мн. конци
Вид збор: Именка, машки род
Завршување на нешто.
Англиски: end Албански: fund, mbarim

коник повеќе

Види и: коњаник (м.)
мн. коници
Вид збор: Именка, машки род
коњаник
Англиски: horseman

коничен повеќе

коничниот
Вид збор: Придавка
Што е во облик на конус, конусен.
Англиски: conical

кончарка повеќе

мн. кончарки
Вид збор: Именка, женски род
Штичка на која девојчињата ги виткаат конците за везење.

кончина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
смрт
Англиски: death

корабар повеќе

мн. корабари
Вид збор: Именка, машки род
бродар

коритар повеќе

мн. коритари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што прави корита, рачно изработени од дрво или од лим.

коритница повеќе

мн. коритници
Вид збор: Именка, женски род
Плиток, дрвен сандак наполнет со песок, по којшто пишувале учениците.
Албански: govatë me rërë

косар повеќе

мн. косари
Вид збор: Именка, машки род
Народен назив за месецот мај.
Англиски: May Албански: emërtim popullor i muajit maj

косач повеќе

мн. косачи
Вид збор: Именка, машки род
Дел од самар.
Албански: pjesë samari

косичник повеќе

мн. косичници
Вид збор: Именка, машки род
Женски накит од волнени плетенки со зашиени сребрени пари.

косми повеќе

космат
Вид збор: Глагол, несвршен
Стриже новороденче.
Албански: qeth foshnje
крштава
Англиски: baptize Албански: pagëzon

костадинка повеќе

мн. костадинки
Вид збор: Именка, женски род
Златна пара.
Англиски: gold coin Албански: verdhushkë

коте повеќе

мн. котиња
Вид збор: Именка, среден род
Маче - само во изразот: ни дете, ни коте.
Англиски: kitty

котка повеќе

коткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Гали дете.
Англиски: caress
Ласка некому.
Англиски: flatter
Забавува деца.
Англиски: entertain

котлоса повеќе

котлосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Одбие некого, понижи.
Англиски: reject

кочиџија повеќе

Види и: кочијаш (м.)
мн. кочиџии
Вид збор: Именка, машки род
кочијаш
Англиски: coachman

кошија повеќе

мн. кошии
Вид збор: Именка, женски род
Натпревар со коњи; коњска трка.
Англиски: horse race Турски: koşu Албански: garë me kuaj
Награда за победник во коњска трка.
Албански: shpërblim për fituesin në garë me kuaj

кошула повеќе

мн. кошули
Вид збор: Именка, женски род
Долга лесна платнена облека што го покрива поголемиот дел од телото.
Англиски: shirt Албански: këmishë

кракел повеќе

мн. кракли
Вид збор: Именка, машки род
кука, ченгел
Англиски: hook

кралштина повеќе

Види и: кралство (ср.)
мн. кралштини
Вид збор: Именка, женски род
кралство

крмуз повеќе

Вид збор: Придавка
Што е со темноцрвена боја.
Англиски: crimson Турски: kırmızı

крондир повеќе

мн. крондири
Вид збор: Именка, машки род
Сад за вино или ракија.

крупа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
зрнест снег
Англиски: hail

кршла повеќе

мн. кршли
Вид збор: Именка, женски род
касарна
Англиски: barracks Албански: kazermë

кубур повеќе

мн. кубури
Вид збор: Именка, машки род
Старинска пушка, пиштол.
Англиски: pistol

кубурлак повеќе

мн. кубурлаци
Вид збор: Именка, машки род
Футрола за кубур, револвер.

кулаш повеќе

мн. кулаши
Вид збор: Именка, машки род
Коњ cо црвени влакна.

курна повеќе

мн. курни
Вид збор: Именка, женски род
Камено корито под чешма во бања.
Англиски: bathtub Турски: kurna

куќа повеќе

мн. куќи
Вид збор: Именка, женски род
Во селска куќа - просторија во која се наоѓа огништето и каде што се готви.
Англиски: kitchen Албански: kuzhinë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш