Архаизам - категорија

лаванда повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Козметички производ, мирис, парфем што се добива од ова растение.
Англиски: lavender Турски: lavanta Албански: livando

ладовиште повеќе

Види и: ладовина (ж.)
мн. ладовишта
Вид збор: Именка, среден род
ладовина

лаж повеќе

мн. лажови
Вид збор: Именка, машки род
лажго, лажливец
Англиски: liar Албански: gënjeshtar

лажа повеќе

Види и: лага (ж.)
мн. лажи
Вид збор: Именка, женски род
лага
Англиски: lie Албански: rrenë, gënjeshtër

лазечкум повеќе

Вид збор: Прилог
Со лазење, лазејќи.
Англиски: crawling

лак повеќе

мн. лакови
Вид збор: Именка, машки род
свод
Англиски: ceiling Албански: qemer

лакатник повеќе

мн. лакатници
Вид збор: Именка, машки род
Дел од резе свиткан во форма на лак.

лакрдија повеќе

мн. лакрдии
Вид збор: Именка, женски род
збор, разговор
Англиски: talk Албански: fjalë, bisedë

ламбада повеќе

мн. ламбади
Вид збор: Именка, женски род
Факел, запалено парче борина, дрво или нешто слично натопено во течност, обично смола што гори со cилен пламен.
Англиски: torch Албански: pishtar
Голема восочна свеќа.
Англиски: candle Албански: qiri

лангида повеќе

мн. лангиди
Вид збор: Именка, женски род
Вид тестенина слична на дебела палачинка.
Албански: lloj petulle

ландон повеќе

мн. ландони
Вид збор: Именка, машки род
Запрежна кола со четири седишта за патници и со покрив на расклопување.

лапарда повеќе

мн. лапарди
Вид збор: Именка, женски род
Вид факел направен од краток стап на кој е врзано сено или слама, во кои cе става жар и со мавтање cе распалува.

латка повеќе

мн. латки
Вид збор: Именка, женски род
стомна
Англиски: jug

лебинка повеќе

мн. лебинки
Вид збор: Именка, женски род
погача

левент повеќе

мн. левенти
Вид збор: Именка, машки род
Снажен, здрав, cилен, млад маж.
Англиски: hero

ледник повеќе

мн. ледници
Вид збор: Именка, машки род
Ѓердан од златни и сребрени пари.
Англиски: necklace Албански: gjerdan, gushore

лекарственик повеќе

мн. лекарственици
Вид збор: Именка, машки род
Стара ракописна книга со рецепти на народен јазик.

лековник повеќе

мн. лековници
Вид збор: Именка, машки род
Стар ракопис, стара книга со народни лекови.

лели повеќе

Вид збор: Сврзник
штом, кога (условно)
Англиски: if

лес повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
леснина
Англиски: easiness

леса повеќе

мн. леси
Вид збор: Именка, женски род
ситни плетенки
Англиски: braid Албански: thur

леснак повеќе

мн. леснаци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е лекоумен.
Англиски: careless

лето повеќе

мн. лета
Вид збор: Именка, среден род
година
Англиски: year

летовина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Мирис на лето.

леќе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
дамка, флека
Англиски: stain Турски: leke Албански: njollë
срам, срамота
Англиски: shame Албански: turp

леќедиса повеќе

леќедисаат
Вид збор: Глагол, свршен
се извалка, се исфлека
Англиски: stain Турски: lekelemek

леќеница повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Лице исфрлано со акни или од алергија; кожна болест.

лечебен повеќе

Види и: лековит (прид.)
лечебниот
Вид збор: Придавка
Што има својство да лекува.
Англиски: healing

лечебник повеќе

мн. лечебници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што лекува.
Англиски: healer

либаде повеќе

мн. либадиња
Вид збор: Именка, среден род
Bид на гуна од тенка црна чоја со широки ракави без украси што ја носеле аџиите на аџилак.
Англиски: vest Турски: libade Албански: kanotier, rrobë fetare
Женско кусо палто до појас од чоја или кадифе со широки ракави, украсено со златен или сребрен вез.
Англиски: jacket Албански: xhaketë

ливан повеќе

мн. ливани
Вид збор: Именка, машки род
Bид смола со пријатен мирис, што се употребува за кадење при верски обреди.
Латински: Gum Olibanum Англиски: frankincense

ливанто повеќе

мн. ливанта
Вид збор: Именка, среден род
парфем, мирис
Англиски: perfume

ликум повеќе

Вид збор: Прилог
по лик, со лице

лира повеќе

мн. лири
Вид збор: Именка, женски род
Стара турска златна пара.
Англиски: gold coin Турски: lira Албански: lirë, verdhushkë

лисица повеќе

мн. лисици
Вид збор: Именка, женски род
(само во мн.) Метални алки со кои cе врзуваат рацете на уапсено лице.
Англиски: handcuff Албански: pranga

листопад повеќе

мн. листопади
Вид збор: Именка, машки род
Народно име за октомври.
Англиски: october Албански: tetor

лихва повеќе

(едн.) лихвата
Вид збор: Именка, женски род
Давање пари на заем со многу висока камата.
Англиски: interest Албански: lihfë, interes, kamatë
Дополнително плаќање за неплатен навреме данок или влог.
Англиски: interest Албански: kamatë

лиџба повеќе

мн. лиџби
Вид збор: Именка, женски род
(од личи) изглед
Англиски: resemblance Албански: pamje

лоеница повеќе

мн. лоеници
Вид збор: Именка, женски род
Свеќа направена од лој.
Англиски: stearin candle

ложач повеќе

мн. ложачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што ги ложи големите печка во фабричките погони, парни котли, локомотиви и други такви слични уреди.
Англиски: stoker

лонџа повеќе

мн. лонџи
Вид збор: Именка, женски род
Управа на еснафско здружение.
Англиски: guild Турски: lonca Албански: esnaf, gidë

лотка повеќе

мн. лотки
Вид збор: Именка, женски род
кајче, чун
Англиски: boat

лоткар повеќе

мн. лоткари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што управува со лотка.
Англиски: boatswain
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш