Архаизам - категорија

чабур повеќе

Вид збор: Именка, машки род
крбла, крбло
Примери:
(нар. поез.) Чабур чаша.

чадор повеќе

мн. чадори
Вид збор: Именка, машки род
шатор
Англиски: tent Турски: çadır Албански: çadër

чадорче повеќе

Види и: чадор (м.)
мн. чадорчиња
Вид збор: Именка, среден род
Мал шатор, шаторче.
Англиски: tent Албански: tend e vogël

чаир повеќе

Вид збор: Именка, машки род
пасиште, ливада, полјана, долина
Англиски: meadow Турски: çayır

чајре повеќе

Види и: чаре (ср.)
Вид збор: Именка, среден род
чаре

чакмак повеќе

мн. чакмаци
Вид збор: Именка, машки род
секало, огнило, запалка
Англиски: lighter Турски: çakmak

чалгаџија повеќе

мн. чалгаџии
Вид збор: Именка, машки род
Свирач на чалгија.
Англиски: musician Турски: çalgıcı

чалгија повеќе

мн. чалгии
Вид збор: Именка, женски род
Направа за свирење, музички инструмент.
Англиски: instrument Турски: çalgı Албански: çallgi, instrument muzikor
Група од свирачи.
Англиски: band Албански: çallgaxhi, bandë

чалгиски повеќе

Види и: чалгија (ж.)
чалгиџиска
Вид збор: Придавка
Што е во врска со чалгија.
Англиски: musical

чапкан повеќе

мн. чапкани
Вид збор: Именка, машки род
Kоњ што оди многу брзо, а со ситни чекори.
Англиски: horse Турски: çapkın Албански: lloj kali, çapkën

чапкундар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
развратник
Англиски: whoremonger

чапраз повеќе

мн. чапрази
Вид збор: Именка, машки род
(обично во мн.) Украсена метална тока, копчиња за колан.
Англиски: buckle Турски: çapraz

чардаклија повеќе

(немен.)
Вид збор: Придавка
За куќа - што е со чардак, со чардаци.
Турски: çardaklı
Примери:
Куќа чардаклија.

чаркија повеќе

мн. чаркии
Вид збор: Именка, женски род
тепсија
Англиски: dish

чарклија повеќе

Вид збор: Придавка
запчест, со запчесто тркало
Турски: çarklı
Примери:
Чарклии мамузи.

чаршузлија повеќе

мн. чаршузлии
Вид збор: Именка, машки род
Човек од чаршијата.
Англиски: merchant

чати повеќе

Види и: чита (несв.)
чатат
Вид збор: Глагол, несвршен
чита
Англиски: read

чатма повеќе

мн. чатми
Вид збор: Именка, женски род
Спојна пречка на дрвена конструкција.
Англиски: crossbar Турски: çatma

чауш повеќе

мн. чауши
Вид збор: Именка, машки род
Вооружен турски чувар, стражар.
Англиски: guard Албански: rrojtar

чеден повеќе

чедниот
Вид збор: Придавка
чесен, невин
Англиски: chaste

чедно повеќе

Вид збор: Прилог
невино
Англиски: chaste

чедност повеќе

(едн.) чедноста
Вид збор: Именка, женски род
невиност, чесност
Англиски: chastity

чеза повеќе

мн. чези
Вид збор: Именка, женски род
Вид запрежна двоколка влечена од коњ или коњи.
Англиски: chaise

чеиз повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Опремата што ја донесува невестата кај мажот.
Англиски: dowry Турски: çeyiz
Примери:
Дел од чеизот девојката сама го подготвувала, и тој дел е познат како моминска подготовка.

чекмеџе повеќе

мн. чекмеџиња
Вид збор: Именка, среден род
Плитко ковчеже со фиока место капак за чување пари.
Англиски: drawer Турски: çekmece
мало ковчеже
Англиски: chest

челебија повеќе

мн. челебии
Вид збор: Именка, машки род
Господин, особено млад.
Англиски: gentleman Турски: çelebi

челенка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Накит од сребро, кој се носи обично на калпакот - за покажано јунаштво.
Турски: çelenk

челик повеќе

мн. челици
Вид збор: Именка, машки род
Дрвце на посебен начин направено за игра.
Турски: çelik
Вид игра со такво дрвце.
Турски: çelik

чембер повеќе

мн. чембери
Вид збор: Именка, машки род
железен обрач
Англиски: hoop Турски: çember Албански: reth metalik
Сплескано железо за обрачи.
Албански: reth metalik

ченгија повеќе

мн. ченгии
Вид збор: Именка, женски род
циганска танцувачка, танчарка и пејачка
Англиски: gipsy dancer Турски: çengi

чепкен повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Ракав на џамадан.
Англиски: sleeve Турски: cepken

черпија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Конец, канап со чија помош молерите повлекуваат црта.
Англиски: string Турски: çırpı

черчеве повеќе

мн. черчевиња
Вид збор: Именка, среден род
Рам на прозорец, врата.
Англиски: frame Турски: çerçeve

честит повеќе

честити
Вид збор: Придавка
Честирање во изразите: честити царе, честита царице.
Англиски: honourable

четвртчија повеќе

мн. четвртчии
Вид збор: Именка, машки род
Оној кој обработува туѓа земја со договор да добие четвртина од родот.

чибукар повеќе

мн. чибукари
Вид збор: Именка, машки род
Некогашен слуга што ги полнел и ги подавал чибуците.
Албански: çibukshërbyes

чивитар повеќе

мн. чивитари
Вид збор: Именка, машки род
Оној што продава чивит.
Албански: çivitshitës

чизија повеќе

мн. чизии
Вид збор: Именка, женски род
црта, линија
Англиски: line Турски: çizi

чикмак повеќе

мн. чикмаци
Вид збор: Именка, машки род
ходник, коридор, пасаж
ќорсокак
Англиски: dead end
Безизлез, нешто што нема излез, нема решение.
Англиски: impasse

чикме повеќе

мн. чикмиња
Вид збор: Именка, среден род
Продолжен дел од куќата кон портата.
Продолжен дел на коработ што служи за веслање.

чиновник повеќе

мн. чиновници
Вид збор: Именка, машки род
Вработен во државна администрација, установа или претпријатие, човек со постојана работа и плата.
Англиски: civil servant

чинтијани повеќе

чинтијаните
Вид збор: Именка, множина
широки, долги ориентални панталони
Турски: çintan, çintiyan

чириш повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Чевларско лепило.
Англиски: glue Турски: çiriş

число повеќе

мн. числа
Вид збор: Именка, среден род
број
Англиски: number

читалиште повеќе

мн. читалишта
Вид збор: Именка, среден род
Културна организација, културен дом со библиотека за ширење на просвета.
Англиски: reading room

чифлиг повеќе

мн. чифлизи
Вид збор: Именка, машки род
Приватно големо земјоделско стопанство воопшто, обработувано со наемни работници.
Англиски: estate Албански: pronë, çiflik
Примери:
манастирски чифлиг

чифтелија повеќе

Вид збор: Придавка
Што оди во чифт, во пар.
Турски: çifteli
Примери:
Чифтелија пиштол.

човечество повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
човештво
Англиски: mankind

чојадар повеќе

мн. чојадари
Вид збор: Именка, машки род
Чувар на облека.

чок повеќе

Вид збор: Прилог
многу, прилично
Англиски: much Турски: çok
Примери:
(разг.) Чорба чок, месо јок.

чолак повеќе

мн. чолаци
Вид збор: Именка, машки род
топуз, боздоган, глава

чомак повеќе

мн. чомаци
Вид збор: Именка, машки род
топуз, боздоган, глава
Турски: çomak

чомбаз повеќе

Вид збор: Именка, машки род
перчин

чому повеќе

Вид збор: Заменка
датив од што

чорбаџи повеќе

Вид збор: Именка, машки род
(вокатив) чорбаџија
Англиски: master Турски: çorbacı Албански: çorbaxhi, pasanik
Звањето чорбаџија што се става пред името.
Англиски: master Албански: çorbaxhi, zotëri

чорбаџија повеќе

Види и: чорбаџи (м.)
мн. чорбаџии
Вид збор: Именка, машки род
богаташ, големец, господар, газда
Англиски: master Турски: çorbacı Албански: çorbaxhi, pasanik

чувадар повеќе

мн. чувадари
Вид збор: Именка, машки род
чувар
Англиски: guard

чудесен повеќе

чудесни
Вид збор: Придавка
чуден, необичен
Англиски: unusual

чудесност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
чудо
Англиски: marvel Албански: mrekulli, çudi

чумак повеќе

Види и: чомак (м.)
мн. чумаци
Вид збор: Именка, машки род
чомак
Англиски: leg Турски: çomak

чумба повеќе

Вид збор: Именка, женски род
чомбаз

чумбер повеќе

Вид збор: Именка, машки род
чембер
Англиски: hoop Турски: çember

чуму повеќе

Вид збор: Заменка
Датив од што, во употреба на зошто прил. при прашање за причината на нешто - поради, заради што? во контекст на негодување, возразување, несогласување.
Англиски: why

чурек повеќе

мн. чуреци
Вид збор: Именка, машки род
Вид печиво - бел леб, месен со маја и премачкан озгора со јајце.
Турски: çörek Албански: kifle
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш