Дијалектен збор - категорија

ваа повеќе

Вид збор: Заменка
Показна заменка за трето лице еднина, женски род.
Англиски: this

ваган повеќе

мн. вагани
Вид збор: Именка, машки род
Помала мера од шиник.
Албански: njësi më e vogël se shynyku

вадеава повеќе

Вид збор: Прилог
овде, овдека
Англиски: here

вајкар повеќе

мн. вајкари
Вид збор: Именка, машки род
Вткаени линии по должината на платното, по основата.

валач повеќе

мн. валачи
Вид збор: Именка, машки род
огнар

вали повеќе

Види и: пали (несв.)
валат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пали оган.
Англиски: ignite

варош повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Стар дел од град, обично на издигнат терен.
Англиски: town Српски: варош

варошанка повеќе

Види и: варош (м.)
мн. варошанки
Вид збор: Именка, женски род
Жена што е родена или живее во варош.

везарија повеќе

мн. везарии
Вид збор: Именка, женски род
везачка, везилка

веледостојник повеќе

мн. веледостојници
Вид збор: Именка, машки род
великодостојник
Англиски: grandee

велелепен повеќе

велелепниот
Вид збор: Придавка
прекрасен, волшебен
Англиски: wonderful

велеможник повеќе

мн. велеможници
Вид збор: Именка, машки род
веледостојник
Англиски: grandee
Примери:
Славни велеможници и достојници.

вели повеќе

велат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се вели) се вика, се нарекува
Англиски: name Албански: quhet

вереница повеќе

мн. вереници
Вид збор: Именка, женски род
Ветена за мажење.
Англиски: fiance

вери повеќе

(се) верат
Вид збор: Глагол, свршен
Вети верност.
Англиски: get engaged

веридба повеќе

мн. веридби
Вид збор: Именка, женски род
Давање збор за верност.
Англиски: engagement

вест повеќе

мн. вести
Вид збор: Именка, женски род
Предниот дел од селска женска капа.
Долните водорамни гранки на дрвото.

вет повеќе

Види и: ветов (прид.)
ветиот
Вид збор: Придавка
ветов
Англиски: worn out

ветерушка повеќе

Види и: ветрушка (ж.)
мн. ветерушки
Вид збор: Именка, женски род
ветрушка

ветрушка повеќе

мн. ветрушки
Вид збор: Именка, женски род
ветромет
Англиски: windy place Албански: stuhi

веш повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
долна облека, долна преслека
Англиски: underwear Германски: Unterwäsche Српски: веш

вешалка повеќе

мн. вешалки
Вид збор: Именка, женски род
штипка
Англиски: clothespin Германски: Wäscheklammer

взаемен повеќе

Види и: заемен (прид.)
взаемни
Вид збор: Придавка
меѓусебен, реципрочен
Англиски: mutual

взаемно повеќе

Вид збор: Прилог
меѓусебно
Англиски: mutually

видовиште повеќе

мн. видовишта
Вид збор: Именка, среден род
гледање, посета, визита
Англиски: visit

визглавје повеќе

мн. визглавја
Вид збор: Именка, среден род
Перница, место на кое се става главата при спиење.
Англиски: pillow

вика повеќе

викаат
Вид збор: Глагол, несвршен
вели, кажува
Англиски: say Албански: them

виленик повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Шумско растение со ситни бели цветови.
Латински: Circaea lutetiana Англиски: enchanter's nightshade Албански: lloj bime, shtrigë Parisi

виспрен повеќе

виспрени
Вид збор: Придавка
мудар, умен, снаодлив, препреден
Англиски: clever, witty

виспреност повеќе

Види и: виспрен (прид.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
духовитост, остроумност, препреденост
Англиски: cleverness, wittiness Српски: виспреност

витлер повеќе

Види и: виклер (м.)
мн. витлери
Вид збор: Именка, машки род
Мала направа на која се витка косата за да биде кадрава.
Англиски: curler Германски: Wickler

вицкаст повеќе

вицкасти
Вид збор: Придавка
Што е духовит, што знае да раскажува вицови.
Англиски: witty Српски: вицкаст

влага повеќе

влагаат
Вид збор: Глагол, несвршен
влегува
Англиски: enter Албански: fus, shtij

внедоапица повеќе

Вид збор: Прилог
неочекувано, ненадејно, одеднаш
Англиски: suddenly

вносен повеќе

вносни
Вид збор: Придавка
лукративен, исплатлив
Англиски: profitable Српски: уносан

воглавно повеќе

Вид збор: Прилог
главно
Англиски: mostly

водник повеќе

мн. водници
Вид збор: Именка, машки род
Место за миење.
Англиски: washbasin Албански: lavaman
Место каде што се чуваат садовите за вода.
Албански: vitrinë

водница повеќе

Види и: воденка (ж.)
мн. водници
Вид збор: Именка, женски род
воденка

водовачка повеќе

мн. водовачки
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се собира или тече вода во помала количина.

вожд повеќе

мн. вождови
Вид збор: Именка, машки род
водач, лидер
Англиски: leader Српски: вожд

вожња повеќе

Види и: вози (несв.)
мн. вожњи
Вид збор: Именка, женски род
возење
Англиски: trip Српски: вожња

воз повеќе

Вид збор: Предлог
По, покрај, крај.
Англиски: beside

возалница повеќе

мн. возалници
Вид збор: Именка, женски род
Каца во која се пренесува и се гмечи грозјето.

возглавница повеќе

мн. возглавници
Вид збор: Именка, женски род
перница
Англиски: pillow

возел повеќе

Види и: јазол (м.)
мн. возли
Вид збор: Именка, машки род
јазол
Англиски: knot

вон повеќе

Вид збор: Предлог
надвор
Англиски: beyond, outside

вонка повеќе

Вид збор: Прилог
надвор
Англиски: outside

вонкашен повеќе

вонкашниот
Вид збор: Придавка
надворешен

вопер повеќе

Види и: вампир (м.)
мн. вопери
Вид збор: Именка, машки род
вампир
Англиски: vampire

вотина повеќе

Види и: вотне (св.)
вотинаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Става, пика нешто некаде.
Англиски: stick Албански: shti, fus
(се вотина) Се става, се пика некаде.
Англиски: stick Албански: shti, fus

вотка повеќе

Види и: вотина (несв.)
(се) воткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
вотина

вратоломен повеќе

вратоломни
Вид збор: Придавка
рискантен, опасен по живот
Англиски: breakneck

вришти повеќе

вриштат
Вид збор: Глагол, несвршен
вреска
Англиски: scream Српски: вришти

вртипоп повеќе

мн. вртипопи
Вид збор: Именка, машки род
камилица, боливач
Латински: Matricaria chamomilla Англиски: camomile Албански: kamomile

вртка повеќе

мн. вртки
Вид збор: Именка, женски род
вретено
Англиски: spindle Албански: bosht, shtizë
свртување, завртување
Англиски: turn Албански: rrotullim

вруќ повеќе

вруќиот
Вид збор: Придавка
Што е врел, жежок, мошне топол.
Англиски: hot Српски: врућ

вруќи повеќе

вруќат
Вид збор: Глагол, несвршен
Загрева прави нешто да биде жешко.
Англиски: heat up Албански: nxehë

вруќина повеќе

мн. вруќини
Вид збор: Именка, женски род
горештина, жештина, врелина
Англиски: heat Српски: врућина

вруќица повеќе

мн. вруќици
Вид збор: Именка, женски род
Висока температура поради болест.
Англиски: fever

вршило повеќе

мн. вршила
Вид збор: Именка, среден род
Колот што е забоден среде гумно.
Англиски: pole Албански: shtyllë, strumbullar

всиса повеќе

всисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Повлече течност или воздух со уста или со пумпа.
Англиски: suck
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш