Економија - категорија

фабрика повеќе

мн. фабрики
Вид збор: Именка, женски род
Организација, објект за производство.
Англиски: factory Албански: fabrikë
Примери:
Брат ми работи во фабрика.

фабрикант повеќе

мн. фабриканти
Вид збор: Именка, машки род
Сопственик на фабрика.
Англиски: factory owner Албански: fabrikant

фабрикантски повеќе

Вид збор: Придавка
Што се однесува на фабрикант.
Албански: fabrikanti

фабрикат повеќе

мн. фабрикати
Вид збор: Именка, машки род
Фабричен производ.
Англиски: factory product Албански: fabrikat, produkt
Примери:
Фабрикат на индустријата за мотори.

фабрикација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Фабрично производство на стоки.
Англиски: fabrication Албански: fabrikim

фабрикува повеќе

фабрикуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Произведува на фабричен начи.
Англиски: fabricate Албански: fabrikoj
Примери:
Фабрикува машини.

фабричен повеќе

фабрична
Вид збор: Придавка
Што се однесува на фабрика.
Англиски: factory Албански: fabrike, i fabrikës
Примери:
Фабричен дефект.

фајдеџија повеќе

мн. фајдеџии
Вид збор: Именка, машки род
лихвар
Англиски: money lender Турски: faydacı Албански: huadhënës, fajdexhi

фактура повеќе

мн. фактури
Вид збор: Именка, женски род
Сметка со опис на продадени стоки.
Англиски: invoice Албански: faturë

фактурен повеќе

Види и: фактура (ж.)
фактурна
Вид збор: Придавка
Што се однесува на фактура
Албански: fature, i faturës
Примери:
Фактурна книга.

фактурира повеќе

фактурираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Издаде, издава подробна сметка за продадени стоки.
Англиски: invoice

фактурирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
фактурира
Англиски: invoicing Албански: faturim

фактурист повеќе

мн. фактуристи
Вид збор: Именка, машки род
Во стопанско претпријатие - оној што се занимава со праќање или ревизија на фактури.
Англиски: accountant Албански: faturist, llogaritar

фалимент повеќе

мн. фалименти
Вид збор: Именка, машки род
Пропаѓање на дуќан, претпријатие.
Англиски: bankruptcy Албански: faliment, dështim

фалира повеќе

фалираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
За трговец или занаетчија, за стопанска организација пропадне, пропаѓа, банкротира.
Англиски: bankrupt, fail

фалирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
фалира
Англиски: default Албански: mungim, mosparaqitje

фандак повеќе

мн. фандаци
Вид збор: Именка, машки род
Стара турска златна монета.
Англиски: gold coin Турски: fındık altını Албански: monedh e vjetër ari

фарма повеќе

мн. фарми
Вид збор: Именка, женски род
Земјоделско стопанство.
Англиски: farm Албански: fermë

физибилити повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
изводливост, оправданост
Англиски: feasibility

филијала повеќе

мн. филијали
Вид збор: Именка, женски род
Оддел, клон на некое големо претпријатие, установа и др.
Англиски: branch Албански: filialë, degë
Примери:
Филијала на Народната банка.

финализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
завршна фаза во производството
Англиски: finalization
Примери:
финализација на земјоделските и сточарските производи

финансиер повеќе

мн. финансиери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што финансира (дава пари) и учествува во една зделка.
Англиски: financier Албански: financier
Познавач на финансиите.
Англиски: financier Албански: financier

финансии повеќе

финансиите
Вид збор: Именка, множина
Целокупност од парични средства, парични операции сврзани со функционирањето на државата.
Англиски: finance Албански: financa
Примери:
Министер за финансии.
Парични средства, пари.
Англиски: money Албански: të holla
Примери:
Нема финансии за тоа.

финансира повеќе

финансираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава пари за некоја работа; парично помогне, помага.
Англиски: finance Албански: financoj
Примери:
Банката ја финансираше изградбата.

финансирање повеќе

Види и: финансира (св. и несв.)
финансирањето
Вид збор: Именка, среден род
Учествува финансиски во зделка.
Англиски: financing Албански: finasim
Примери:
Во финансирањето на новиот автопат ќе учествува и Светската банка.

финансиски повеќе

финанска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на организацијата на финансиите.
Англиски: financial Албански: financiar
Примери:
Финансиска криза.

фира повеќе

(едн.) фирата
Вид збор: Именка, женски род
Губење од тежината на стоки поради исушување, повредување и сл.
Англиски: shrinkage Албански: humbje, tkurrje

фирма повеќе

мн. фирми
Вид збор: Именка, женски род
Трговско или индустриско претпријатие.
Англиски: company Албански: firmë
Натпис со името на претпријатието.
Англиски: label Албански: emërtim

фирмарина повеќе

мн. фирмарини
Вид збор: Именка, женски род
Вид такса што се наплатува од сопственикот на фирма.

фирмописец повеќе

мн. фирмописци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што пишува фирми.
Албански: shkrues firmash

фиск повеќе

фискот
Вид збор: Именка, машки род
државна каса
Латински: fiscus Англиски: Treasury Албански: thesar shetëror
Правно лице што е носител на имотните права на државата.
Латински: fiscus Англиски: Treasury Албански: fiskal

фискал повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Правен застапник на државната каса.
Латински: fiscus Англиски: Treasury Албански: fiskal

фискален повеќе

фискални
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на фиск.
Англиски: fiscal Албански: fiskal

флорин повеќе

мн. флорини
Вид збор: Именка, машки род
Парична единица во Холандија, пред воведување на еврото.
Англиски: guilder Албански: florin, gulden

флота повеќе

мн. флоти
Вид збор: Именка, женски род
Сите бродови на некоја компанија.
Англиски: fleet Албански: flotë

флуктуација повеќе

флуктуацијата
Вид збор: Именка, женски род
Пораст и опаѓање на бројот на членовите на некоја организација, пари и сл.
Англиски: fluctuation Албански: luhatje, fluktacion
Примери:
Флуктуација на работната сила.

флуктуира повеќе

флуктуираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Се менува, се движи во различни насоки.
Англиски: fluctuate
Примери:
Берзата флуктуира.

фонд повеќе

мн. фондови
Вид збор: Именка, машки род
Парични и материјални средства определени за некоја цел.
Англиски: fund Албански: fond

фондација повеќе

мн. фондации
Вид збор: Именка, женски род
Организација формирана парично да помага проекти од опшествена корист.
Англиски: foundation Албански: fondacion
Примери:
Фондацијата Рамковски го промовираше делото на Крсте Мисирков.

форинт повеќе

мн. форинти
Вид збор: Именка, машки род
Основна парична единица во Унгарија; сребрени или златни пари во различни земји и во различно време.
Англиски: forint Албански: forintë

франк повеќе

мн. франкови
Вид збор: Именка, машки род
Основна парична единица во Швајцарија, Белгија и во некои африкански земји.
Англиски: franc Албански: frang

франко повеќе

Вид збор: Прилог
Во трговијата - израз, обично во состав со именка, што означува дека продавачот треба да ги достави стоките до определено место на свој трошок и ризик.
Англиски: prepaid Албански: parapagim
Примери:
Франко станицата Скопје.

франшиза повеќе

мн. франшизи
Вид збор: Именка, женски род
Форма на продажба во која производителот ги продава своите производи само преку овластени продавници.
Англиски: franchising Албански: ekskluzivitet

фризер повеќе

мн. фризери
Вид збор: Именка, машки род
Занаетчија што ја стриже, дотерува и обликува косата на муштеријата (клиентот).
Англиски: hairdresser Француски: friseur Албански: floktar

фри-шоп повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Продавница во бесцаринска зона.
Англиски: duty-free shop

фузија повеќе

фузијата
Вид збор: Именка, женски род
Спојување на две или повеќе претпријатија, организации во едно.
Англиски: merger Албански: fuzionim

фузионира повеќе

фузионираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, извршува фузија.
Англиски: merge Албански: fuzionoj
(се фузионира) се соедини, се соединува, се спои, се спојува, се сврзе, се сврзува
Англиски: merge Албански: fuzionohem, shkrihem

фузионирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) фузионира
Англиски: merger Албански: fuzionim, shkrirje
Примери:
Прибегнаа кон фузионирање на своите претпријатија.

фунта повеќе

мн. фунти
Вид збор: Именка, женски род
Основна парична единица во Британија и во некои други земји.
Англиски: pound Албански: funtë
Примери:
Фунта стерлинг.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш