Зоологија - категорија

жаба повеќе

мн. жаби
Вид збор: Именка, женски род
Водоземно животно со долги задни нозе приспособени за скокање на суво и за пливање во вода.
Латински: Rana temporaria Англиски: frog Албански: bretkocë

жабица повеќе

мн. жабици
Вид збор: Именка, женски род
жаба
Англиски: frog Албански: bretkocë

жабок повеќе

мн. жабоци
Вид збор: Именка, машки род
мажјак на жаба
Англиски: frog

жабра повеќе

мн. жабри
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Органи за дишење кај рибите и кај некои други видови водни животни.
Англиски: gill Албански: verzë

жапка повеќе

мн. жапки
Вид збор: Именка, женски род
жаба
Англиски: frog Албански: bretkosë

жарулка повеќе

мн. жарулки
Вид збор: Именка, женски род
Вид пеперуга чиишто крилја имаат црвеникави шари.

ждребе повеќе

мн. ждребиња
Вид збор: Именка, среден род
Младо од коњ.
Англиски: colt, foal

ждребен повеќе

ждребниот
Вид збор: Придавка
За кобила што ќе се ождреби.

ждребец повеќе

мн. ждрепци
Вид збор: Именка, машки род
Машко ждребе.
Англиски: stallion Албански: hamshor

ждреби повеќе

(се) ждребат
Вид збор: Глагол, несвршен
Донесува на свет ждребе.
Англиски: foal

ждребица повеќе

мн. ждребици
Вид збор: Именка, женски род
Женско ждребе.
Англиски: filly Албански: mëz
Вид смок долг околу два метра.
Албански: bollë

жеволи повеќе

жеволат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прежива, ја преџвакува храната.
Англиски: ruminate Албански: ripërtypë

жеволка повеќе

жеволкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прежива полека, по малку, ја преџвакува храната.
Англиски: chew Албански: ripërtyp

жегавица повеќе

мн. жегавици
Вид збор: Именка, женски род
Инсект што каса, сличен на мравката.
Албански: lloj insekt që thumbon

жегалец повеќе

мн. жегалци
Вид збор: Именка, машки род
Инсект што испушта остри звуци.
Латински: Cicada orni Англиски: cicada

жеже-пече повеќе

Вид збор: Сложенка
Инсект што создава нежни звуци слични на чрчорење; полски штурец.
Англиски: cricket

желка повеќе

мн. желки
Вид збор: Именка, женски род
Копнено и водно животно покриено со цврст оклоп што се движи бавно на четири нозе, кои заедно со главата може да ги вовлече во оклопот.
Латински: Testudinata Англиски: tortoise, turtle

желкин повеќе

желкина
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на желка или што е од желка.

желурок повеќе

мн. желуроци
Вид збор: Именка, машки род
мажјак од желка
Англиски: tortoise, turtle

женка повеќе

мн. женки
Вид збор: Именка, женски род
Животно од женски пол.
Англиски: female

жерав повеќе

мн. жерави
Вид збор: Именка, машки род
Птица преселница со светлосиви пердуви, населена покрај бари и мочуришта.
Латински: Grus grus Англиски: crane

живодер повеќе

мн. живодери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што дере болни или пцовисани животни.
Англиски: scavenger Албански: rrjepës

животно повеќе

мн. животни
Вид збор: Именка, среден род
Живо суштество способно да се движи и да чувствува (наспроти растение), обично исклучувајќи го човекот.
Англиски: animal Албански: kafshë

жило повеќе

мн. жила
Вид збор: Именка, среден род
Орган во вид игличесто цевче поврзано со жлездата што лачи отров на задниот дел од телото на некои инсекти (пчела, оса, стршлен) од каде што истекува отров при убод.
Англиски: sting

жирафа повеќе

мн. жирафи
Вид збор: Именка, женски род
Африканско животно, преживар со бледожолта боја на кожата прошарена со темни дамки и со многу долг врат.
Латински: Giraffa camelopardalis Англиски: giraffe

житар повеќе

мн. житари
Вид збор: Именка, машки род
житарец
Англиски: Corn Ground Beetle Албански: drithër

житарец повеќе

мн. житарци
Вид збор: Именка, машки род
Инсект тврдокрилец кој го напаѓа житото.
Латински: Zabrus tenebrioides Англиски: Corn Ground Beetle

Житен жижок повеќе

Вид збор: Сложенка
Инсект со темнокафена боја, што го напаѓа зрното на пченицата, 'ржта, јачменот, пченката и др.
Латински: Sitophilus granarius l Англиски: Wheat weevil

Житен молец повеќе

Вид збор: Сложенка
Пеперуга и ларва што го напаѓа зрното на житните растенија.
Латински: Sitotroga cerealella olivier Англиски: Angoumois Grain Moth

жолна повеќе

мн. жолни
Вид збор: Именка, женски род
Птица сродна со клукајдрвецот, која гради гнездо во шуплините на дрвото и се храни со инсекти.
Латински: Picus martius Англиски: Black Woodpecker

жолтомешка повеќе

мн. жолтомешки
Вид збор: Именка, женски род
Инсект што ги напаѓа овошките.
Латински: Euproctis chrysorrhoea Англиски: Brown-tail

жребе повеќе

Види и: ждребе (ср.)
мн. жребиња
Вид збор: Именка, среден род
ждребе
Англиски: foal

жуберка повеќе

жуберкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
преџвакува, прежива
Англиски: ruminate Албански: përtyp

жужалец повеќе

мн. жужалци
Вид збор: Именка, машки род
Инсект што испушта остри звуци.
Латински: Gryllus campestris Англиски: cricket

жужел повеќе

мн. жужели
Вид збор: Именка, машки род
Вид бумбар, тврдокрилец.
Латински: Carabus Англиски: carabus
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш