Иронично - категорија

сеанса повеќе

мн. сеанси
Вид збор: Именка, женски род
Средби, разговори на божем значајни теми, празни муабети.
Англиски: seance

сезнајко повеќе

мн. сезнајковци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што знае сѐ, почесто иронично.
Англиски: smart ass

сенештар повеќе

мн. сенештари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се занимава со сенешто, што тврди дека знае сѐ.
Албански: njeri i gjithëdijshëm

скороевец повеќе

мн. скороевци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што скоро се пробил во вишиот слој на општеството или брзо достигнал висока положба.
Англиски: nouveau riche

слепчо повеќе

мн. слепчовци
Вид збор: Именка, среден род
Обично при обраќање - човек што не ги забележува, што не ги сфаќа работите.
Примери:
Слепчо, гледај кај одиш.

спечали повеќе

спечалат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие нешто непријатно, непожелно.
Англиски: earn Албански: fitoj, meritoj

спрета повеќе

спретаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почнува да се буни.
Англиски: revolt Албански: revoltohem, rebelohem

старата повеќе

Види и: стар (прид.)
мн. старите
Вид збор: Именка, женски род
сопруга
Англиски: spouse Албански: bashkëshorte

стариот повеќе

Види и: стар (прид.)
мн. старите
Вид збор: Именка, машки род
(мн. родители) татко
Англиски: father Албански: pleq
сопруг
Англиски: spouse Албански: bashkëshort

старка повеќе

мн. старки
Вид збор: Именка, женски род
Возрасна жена што се облекува младешки.

стихотворец повеќе

мн. стихотворци
Вид збор: Именка, машки род
Оној што склопува стихови без некоја особена уметничка вредност.
Албански: vjershëkrijues
а - б - в - г - д - з - ѕ - и - ј - к - м - н - о - п - р - с - у - ф - х - ш