Книжевен збор - категорија

раболепен повеќе

раболепна
Вид збор: Придавка
ропски понизен
Англиски: servile

раболепие повеќе

Вид збор: Именка, среден род
ропска понизност
Англиски: servility

разбигрижа повеќе

мн. разбигрижи
Вид збор: Именка, женски род
разонода, денгубица
Англиски: pastime

развенчан повеќе

развенчани
Вид збор: Придавка
Лишен од поранешната слава, почит, општо признание.

разглед повеќе

мн. разгледи
Вид збор: Именка, машки род
разгледување
Англиски: view

размавне повеќе

Види и: размава (св.)
размавнат
Вид збор: Глагол, свршен
Земе сила, замав.

размеѓи повеќе

размеѓат
Вид збор: Глагол, свршен
Разграничи, установи меѓи.
Англиски: separate Албански: ndaj
(се размеѓи) Установи меѓи меѓу земји, имоти, се раздели.
Англиски: separate Албански: ndaj

рапавина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
рапавост
Англиски: coarseness

распарлив повеќе

распарливи
Вид збор: Придавка
за звук - кој пара

расплет повеќе

мн. расплети
Вид збор: Именка, машки род
Расчистување, размрсување на нешто.
Англиски: resolution Албански: epilog, zgjidhje

распространувач повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Лице што распространува нешто.

растревожен повеќе

растревожени
Вид збор: Придавка
Кој чувствува немир.
Англиски: worried
Примери:
растревожените патници

растревожи повеќе

Види и: тревожи (несв.)
растревожат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика тревога, немир.
Англиски: alarm Албански: shqetësoj, alarmoj
Примери:
Ништо не можеше да ги растревожи.
(се растревожи) Стане немирен.
Англиски: worry Албански: shqetësohem
Примери:
Сите се растревожија.

растрел повеќе

Вид збор: Именка, машки род
стрелање
Примери:
А утре хероите ги чекаше растрел.

растрела повеќе

Види и: стрела (св. и несв.)
растрелаат
Вид збор: Глагол, свршен
стрела
Примери:
Ги растрелаа комунистите.

растрелува повеќе

Види и: растрела (св.)
растрелуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
растрела

растрелување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
растрелува

расчет повеќе

расчети
Вид збор: Именка, машки род
сметка
Англиски: bill Албански: afishe, faturë
Примери:
Се излажаа во расчетот.

расчини повеќе

расчинија
Вид збор: Глагол, свршен
Лиши од чин.
Англиски: degrade Албански: degradoj

редефинира повеќе

Види и: дефинира (св. и несв.)
редефинираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Дефинира повторно, одново, преформулира дадена дефиниција.
Англиски: redefine

резидуум повеќе

Вид збор: Именка, машки род
остаток од нешто
Англиски: residuum

рецепција повеќе

мн. рецепции
Вид збор: Именка, женски род
примање, преземање, усвојување (поими, културни вредности, сфаќање, разбирање на нешто).
Англиски: reception

речев повеќе

речевиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на реч.
Англиски: wordy

родетвеност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
родство, сродство
Англиски: relationship

роднокрајски повеќе

роднокрајскот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на родниот крај.

родозаштитник повеќе

мн. родозаштитници
Вид збор: Именка, машки род
Заштитник на татковината.
Англиски: patriot
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш