Книжевен збор - категорија

сакање повеќе

(едн.) сакањето
Вид збор: Именка, среден род
волја, желба
Англиски: will Албански: dëshirë, vullnet
Примери:
И било сакањето божје - умрела жената.

самонабеден повеќе

Види и: набеди (св.)
самонабедени
Вид збор: Придавка
Тој што е набеден во самиот себе.
Англиски: self-convinced
Примери:
Самонабедена итроштина на грст луѓе наивно убедени во супериорноста на својата политичка интрига.

самопофалба повеќе

мн. самопофалби
Вид збор: Именка, женски род
Фалење на самиот себе.
Англиски: self-praise

самопроколнат повеќе

самопроколнатиот
Вид збор: Придавка
Што се проколнал самиот себе.
Англиски: self-cursed
Примери:
Самопроколнат свет на лажна величина.

светителство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
дејноста на светител

своеволничење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
своеволничи

своеволничи повеќе

своеволничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Постапува своеволно.

сезналец повеќе

Види и: сезнајко (м.)
мн. сезналци
Вид збор: Именка, машки род
сезнајко

секадешен повеќе

секадешна
Вид збор: Придавка
Кој станува секаде.
Примери:
Секадешно востание.

секира повеќе

(се) секираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави некој да се нервира, да се коси.
Англиски: worry Албански: bëj të mërzitet
Примери:
Ја секира жената за ништо.

сен повеќе

мн. сени
Вид збор: Именка, машки род
Душата на покојникот.
Англиски: shadow Албански: hije
Примери:
Им се поклони на сените на славните предци.

сентименталничење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сентименталничи

сентименталничи повеќе

сентименталничат
Вид збор: Глагол, несвршен
За некој што е сентиментален.
Англиски: sentimentalize

сестроубиец повеќе

мн. сестроубијци
Вид збор: Именка, машки род
Убиец на своја сестра.

сестроубиство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Убиство на своја сестра.
Примери:
изврши сестроубиство

сецело повеќе

Вид збор: Прилог
Во целост, целосно.
Англиски: entirely
Примери:
Бил оставен сецело сам.

симплицистички повеќе

симплицистичкиот
Вид збор: Придавка
едноставен, прост
Англиски: simplistic

синкретизам повеќе

(едн.) синкретизмот
Вид збор: Именка, машки род
Мешање на различни религии или филозофски учења.
Англиски: syncretism Албански: sinkretiyëm

синоним повеќе

мн. синоними
Вид збор: Именка, машки род
Ист, еднаков поим.
Англиски: synonym Албански: sinonim

синоубиец повеќе

мн. синоубици
Вид збор: Именка, машки род
Убиец на свој син.

синоубиство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Убиство на свој син.
Примери:
Осуден за синоубиство.

синтеза повеќе

мн. синтези
Вид збор: Именка, женски род
Метод на научно проучување на предметите и појавите во нивната целина; резултат, извод од таквото проучување.
Англиски: synthesis Албански: sintezë
Примери:
Синтеза на опитот и младоста.

синтетичен повеќе

синтетични
Вид збор: Придавка
Што сврзува одделни елементи во една целина.
Англиски: synthetic

скап повеќе

скапи
Вид збор: Придавка
Ретко сакан, близок кон срцето; за гостин - пријатен; во обрати - како израз на пријателство.
Англиски: dear

скареден повеќе

скаредна
Вид збор: Придавка
неподобен, непристоен
Англиски: uncomfortable
Примери:
Скаредно живеење.

скаредно повеќе

Вид збор: Прилог
неподобно
Англиски: uncomfortable

скаредност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
неподобност
Англиски: uncomfortableness

складно повеќе

Вид збор: Прилог
хармонично
Англиски: harmonic

складност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
согласност, сообразност, хармоничност
Англиски: harmony

скрб повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Длабока душевна болка.
Англиски: mourning
Примери:
Со скрб во душата.

скрбен повеќе

скрбна
Вид збор: Придавка
За човек - кој испитува скрб; исполнет со скрб, кој изразува скрб.
Англиски: sad
Примери:
Скрбна мајка.

скрбење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
скрби
Англиски: mourning

скрби повеќе

скрбат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испитува скрб, тагува.
Англиски: mourn
Примери:
Скрби по него.

скудоумен повеќе

скудоумна
Вид збор: Придавка
Умствено ограничен, глупав, тап.
Англиски: narrow-minded

скудоумност повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Недостиг на умствена способност.
Англиски: narrow-mindedness

скудоумство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
скудоумност
Примери:
Ја изложи на подбив бездарноста и скудоумството.

слободар повеќе

мн. слободари
Вид збор: Именка, машки род
Оној што е поборник за слобода.
Англиски: freedom fighter

слободарец повеќе

Види и: слободар (м.)
мн. слободарци
Вид збор: Именка, машки род
слободар
Англиски: freedom fighter

слободник повеќе

мн. слободници
Вид збор: Именка, машки род
Човек пуштен на слобода.
Англиски: convict on leave

слободништво повеќе

Вид збор: Именка, среден род
состојба на слободник
Англиски: furlough

слободољубец повеќе

мн. слободољупци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се бори и ја брани слободата.
Англиски: freedom lover

служанка повеќе

Види и: слугинка (ж.)
мн. служанки
Вид збор: Именка, женски род
слугинка
Англиски: servant
Примери:
Интелигенцијата да биде вистинска служанка на народот.

слутење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
насетување
Англиски: guessing

слути повеќе

слутат
Вид збор: Глагол, несвршен
претчувствува, насетува
Англиски: sense

сметеник повеќе

мн. сметеници
Вид збор: Именка, машки род
сметен човек

смешник повеќе

мн. смешници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што засмева.
Англиски: jester

смут повеќе

Вид збор: Именка, машки род
бркотија, метеж
Англиски: disarray Албански: rrëmujë
Примери:
Настапи смут.
Душевно колебање, возбуда, тревога.
Англиски: excitement Албански: zemrim, ngacmim
Примери:
Чувствуваше дека не ќе може да го скрие смутот во душата.
бунт, размирица, метеж
Англиски: quarrel Албански: sherr, rëmujë
Примери:
(разг.) Сее смут.

смутен повеќе

смутна
Вид збор: Придавка
Полн со смут, неспокоен, немирен.
Англиски: uneasy
Примери:
Смутно време.

смути повеќе

смутат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика смут, метеж, возбуда, немир.
Англиски: alarm Албански: ngatërroj, pështjelloj
Примери:
Го смути народот.
(се смути) Дојде во состојба на смут, се растревожи.
Англиски: alarm Албански: shqetsohem, ngatërrohem
Примери:
Се смути масата.

смутител повеќе

мн. смутители
Вид збор: Именка, машки род
Лице што предизвикува смут.

смутителка повеќе

Види и: смутител (м.)
мн. смутителки
Вид збор: Именка, женски род
За жена смутител.

смутува повеќе

Види и: смути (св.)
(се) смутуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) смути

смутување повеќе

Вид збор: Именка, женски род
(се) смутува

снеубави повеќе

снеубават
Вид збор: Глагол, свршен
Стане неубав.
Англиски: become ugly
Примери:
Зошто тогаш овој наш историски ден стана снеубавен.

сносен повеќе

сносна
Вид збор: Придавка
Кој може да се поднесе.
Англиски: bearable

снослив повеќе

Види и: сносен (прид.)
сносливи
Вид збор: Придавка
сносен, поднослив
Англиски: bearable

сносливо повеќе

Вид збор: Прилог
снослив
Англиски: bearable

сносливост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
снослив
Англиски: tolerance

сносно повеќе

Вид збор: Прилог
сносен
Англиски: bearable

снужден повеќе

Вид збор: Придавка
Обземен од тага, растажен.
Англиски: sad

снуждено повеќе

Вид збор: Прилог
снужден
Англиски: saddened

снужденост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
снужден
Англиски: sadness

снужди повеќе

(се) снуждат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане снужден, се растажи.
Англиски: sadden
Примери:
Се снужди стариот учител.

соавтор повеќе

мн. соавтори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што заедно, во соработка, содејство со друг се јавува како автор на нешто.
Англиски: coauthor

соавторски повеќе

соавторска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на соавтор.
Примери:
соавторски хонорар

соавторство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
заедничко авторство
Англиски: coauthorship

собрание повеќе

мн. собранија
Вид збор: Именка, среден род
збирка
Англиски: collection Албански: koleksion

собуден повеќе

Вид збор: Придавка
Кој има свест.
Англиски: awakened
Примери:
собуден младинец

собуди повеќе

собудат
Вид збор: Глагол, свршен
Помогне некому да се осознае.
Албански: zgjoj
Примери:
Тој ги собуди селаните.

советски повеќе

советска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на совет.

совмесно повеќе

Вид збор: Прилог
совместен
Примери:
Дејствуваа совмесно.

совместен повеќе

совмесна
Вид збор: Придавка
Кој се остварува заедно со некој друг.
Англиски: joint
Примери:
Совмесна работа.

содржај повеќе

мн. содржаи
Вид збор: Именка, машки род
содржина
Англиски: content

сожалба повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Чувство на жал, тага.
Англиски: compassion
Примери:
Ќе сетеше топлина некаде во градите, некаква прекорлива сожалба.

сожителство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
заедничко живеење
Англиски: togetherness

созвучје повеќе

мн. созвучја
Вид збор: Именка, среден род
Сходно, усогласено звучење.
Англиски: harmony, euphony Албански: bashktingëllim

созива повеќе

созиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
свикува
Англиски: invite

созивање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
свикување
Англиски: convocation

сознава повеќе

Види и: сознае (св.)
сознаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
спознава
Англиски: recognize Албански: kuptoj, njoh

сознавање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
спознавање
Англиски: understanding Албански: njohje, kuptim

сознае повеќе

сознам
Вид збор: Глагол, свршен
спознае
Англиски: understand Албански: kuptoj

сознание повеќе

мн. сознанија
Вид збор: Именка, среден род
спознание
Англиски: knowledge Албански: njohuri

сознателен повеќе

сознателна
Вид збор: Придавка
свесен
Англиски: conscious
Примери:
Сознателно движење.

созове повеќе

созоват
Вид збор: Глагол, свршен
свика
Англиски: convene

сојузи повеќе

сојузат
Вид збор: Глагол, свршен
Поврзува во сојуз.
Англиски: unite Албански: bashkoj
(се сојузи) Стапува во сојуз.
Англиски: ally Албански: bashkoj

сокровишница повеќе

сокровишницата
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се чуваат скапоцености.
Англиски: hideaway Албански: vend fshehjeje, thesar
Примери:
Влезе во својата сокровишница.
Целокупност на некои културни, духовни скапоцености.
Албански: thesar
Примери:
Црпи од сокровишницата на светската култура.

сокровиште повеќе

мн. сокровишта
Вид збор: Именка, среден род
драгоцености, пари
Англиски: treasure Албански: thesar
духовни, културни богатства
Албански: pasuri shpirtërore, kulturore

солзи повеќе

солзат
Вид збор: Глагол, несвршен
плаче
Англиски: cry Албански: qaj
Примери:
Доста солзевте.

сообразен повеќе

сообразни
Вид збор: Придавка
Кој се согласува со нешто, кој е во согласност, соодветен.
Англиски: adequate, suitable

сообрази повеќе

сообразат
Вид збор: Глагол, свршен
Приведе во согласност, во соодветство со нешто.
Англиски: adjust Албански: pajtim
(се сообрази) се прилагодува, се ускладува, поведе сметка.
Англиски: adapt Албански: përshtat
Остапи во согласност со нешто.
Англиски: adapt Албански: përshtat
(се) усогласи
Англиски: adjust Албански: pajtim

сообразителен повеќе

сообразителна
Вид збор: Придавка
Кој се сообразува со условите.
Англиски: adaptable
Примери:
Претпазлив и сообразителен човек.

сообразителност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
сообразителен
Англиски: adaptability

сообразно повеќе

Вид збор: Прилог
сообразен
Англиски: according, suitable

сообразува повеќе

Види и: сообрази (св.)
(се) сообразуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) сообрази

сообразување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) сообразува

соосновач повеќе

мн. соосновачи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што учествува во основањето на нешто.
Англиски: cofounder

соперник повеќе

мн. соперници
Вид збор: Именка, машки род
Човек што соперничи со некого во достигањето на некоја цел; човек што соперничи со некого во добивањето на љубовта на некоја жена.
Англиски: rival Албански: rivaë, kundërshtar
Примери:
Не можеше да трпи никакви соперници.
Човек што има еднакви достоинства, квалитети со некого.
Англиски: equal Албански: i njëtrajtshëm, i barabartë
Примери:
Немаше соперник во целата земја.

соперница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
За жена соперник.
Англиски: rival

соперничење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Борба со соперници.
Англиски: rivalry

соперничи повеќе

соперничат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се натпреварува со некого; се стреми да ја добие љубовта на некоја жена односно маж.
Англиски: rival Албански: rivalizoj
Примери:
Соперничат на зеленото поле.
Не отстапува во достоинство, квалитети.
Англиски: compete Албански: hahem, konkuroj
Примери:
По раскош можеше да им соперничи на големите градови.

соперничка повеќе

Види и: соперница (ж.)
мн. сопернички
Вид збор: Именка, женски род
соперница
Англиски: rival

сопернички повеќе

Вид збор: Придавка
Кој се однесува на соперник, соперница, соперничка.

соперништво повеќе

Види и: соперник (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Борба, натпревар меѓу соперници.
Англиски: rivalry

сопостави повеќе

сопостават
Вид збор: Глагол, свршен
Постави едно нешто на ред со друго, спореди.
Англиски: compare Албански: krahasoj
Примери:
Го сопостави новиот исказ со поранешниот.
(се сопостави) Се постави во споредба.
Англиски: compare Албански: krahasoj

сопоставува повеќе

Види и: сопостави (св.)
(се) сопоставуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) сопостави
Англиски: compare

сопоставување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
споредба, споредување
Англиски: comparison
Примери:
Такво сопоставување може да има меѓу првата и третата верзија.

сопотпис повеќе

мн. сопотписи
Вид збор: Именка, машки род
Потпис на нешто што го потпишуваат и други.

сопотписник повеќе

мн. сопотписници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што потпишува нешто заедно со други.
Англиски: cosignatory

сопровод повеќе

Вид збор: Именка, машки род
придружба
Англиски: company

сопроводува повеќе

сопроводуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
придружува
Англиски: accompany

сопроводување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
придружување
Англиски: company

сопротива повеќе

Вид збор: Именка, женски род
противставување, отпор
Англиски: resistance

сопротиви повеќе

(се) сопротиват
Вид збор: Глагол, свршен
(се) спротиви, (се) противстави
Англиски: resist

соразмер повеќе

Вид збор: Именка, машки род
сразмер, сразмера
Англиски: relation

соразмерен повеќе

Види и: сразмерен (прид.)
соразмерна
Вид збор: Придавка
сразмерен

соратник повеќе

Види и: соборец (м.)
мн. соратници
Вид збор: Именка, машки род
соборец
Англиски: fellow combatant

сосуштествува повеќе

сосуштествуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Суштествува истовремено или заедно со некого, нешто.
Англиски: coexist

сосуштествување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Истовремено постоење, коегзистенција, коегзистирање.
Англиски: coexistence

соумева повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
соумее
Англиски: succeed

соумевање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
соумева
Англиски: success

соумее повеќе

соумеат
Вид збор: Глагол, свршен
Покаже се доволно способен за нешто, смогне да направи нешто, успее.
Англиски: succeed

софист повеќе

мн. софисти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што прибегнува кон софизми.
Англиски: sophister Албански: sofist

соцветие повеќе

мн. соцветија
Вид збор: Именка, среден род
Повеќе цветови на едно место; грозд од цветови.
Англиски: umbel

сочини повеќе

сочинат
Вид збор: Глагол, свршен
направи, образува
Англиски: form Албански: formoj
Примери:
сочини група
состави
Англиски: put together Албански: përpiloj
Примери:
сочини договор

сочинител повеќе

мн. сочинители
Вид збор: Именка, машки род
творец, составувач
Англиски: creator

сочинува повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
сочини

сочинување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сочинува
Англиски: creation

сочувствен повеќе

Вид збор: Придавка
(книж. исполнет со сочувство; кој изразува сочувство)
Примери:
сочувствено држење

сочувствено повеќе

Вид збор: Прилог
сочувствен
Примери:
Ги помилува сочувствено децата.

сочувственост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
сочувствен

сочувство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Пресретлив однос кон туѓите страдања.
Англиски: sympathy Албански: ngushllim

сочувствува повеќе

сочувствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пројавува сочувство кон страдањата, преживувањата на некого.
Англиски: sympathize
Примери:
Му сочувствуваше во неговата болка.

сочувствување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сочувствува
Англиски: sympathy
Примери:
Сочувствување во болката.

спази повеќе

спазат
Вид збор: Глагол, свршен
Придржи се строго до нешто, до точноста на исполнувањето на нешто.
Англиски: adhere
Примери:
Не го спазил куќниот ред.

спазува повеќе

Види и: спази (св.)
спазуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) држи, се придржува
Англиски: adhere

спазување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
придржување
Англиски: adherence
Примери:
спазување на срокот

спев повеќе

мн. спевови
Вид збор: Именка, машки род
поетски состав, епска песна
Англиски: epic song

спее повеќе

спеат
Вид збор: Глагол, свршен
Состави спев.

спиритуален повеќе

спиритуална
Вид збор: Придавка
духовен, душевен
Англиски: spiritual
Примери:
спиритуален живот

сплот повеќе

мн. сплотови
Вид збор: Именка, машки род
Резултат на сплотување.
Англиски: unity
Примери:
Таквиот стил на израз е сплот на лични нетрпеливости.

спознава повеќе

Види и: спознае (св.)
спознаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
спознае

спознавање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
спознава
Англиски: recognition

спознае повеќе

спознаат
Вид збор: Глагол, свршен
Познае по некои признаци.
Англиски: recognize

спокој повеќе

Вид збор: Именка, машки род
покој, спокојство
Англиски: tranquillity
Примери:
И светкале ѕвезди во синиот спокој.

справи повеќе

справат
Вид збор: Глагол, свршен
(се справи) Излезе на крај, совлада пречки, тешкотии.
Англиски: deal, manage Албански: ia dal

сравнителен повеќе

сравнителна
Вид збор: Придавка
споредбен, поредбен
Англиски: comparative

сразен повеќе

сразениот
Вид збор: Придавка
Поразен, наполно уништен.
Англиски: defeated

срази повеќе

сразат
Вид збор: Глагол, свршен
победи, разгроми
Англиски: defeat Албански: mund, ngadhënjej
Примери:
Ја сразија непријателската војска.
Потресе, порази, нанесе длабока болка.
Англиски: shake Албански: mund, ngadhënjej, godas
Примери:
Не срази веста за неговата смрт.

сребренее повеќе

Види и: сребрее (несв.)
(се) сребренеат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) сребрее

сребробел повеќе

сребробели
Вид збор: Придавка
Кој е бел како сребро
Англиски: silvery
Примери:
Сребробели носи.

среброглав повеќе

среброглави
Вид збор: Придавка
Кој има глава бела како сребро.
Англиски: silver-haired
Примери:
Среброглав старец.

среброкос повеќе

среброкоси
Вид збор: Придавка
Кој има сребреникава коса.
Англиски: silver-haired
Примери:
Среброкоса жена.

сребролик повеќе

среброликиот
Вид збор: Придавка
Што изгледа како сребро, што личи на сребро.
Англиски: silvery

среброрун повеќе

среброруни
Вид збор: Придавка
Кој има полно сребро.
Примери:
Среброруно јагне.

средник повеќе

мн. средници
Вид збор: Именка, машки род
Селанец со мал имот што го обработува сам.
Англиски: small farmer

среднист повеќе

мн. среднисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице со средно образование.

среднички повеќе

Види и: средник (м.)
средничкиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на средник.
Примери:
Среднички слој.

среднораст повеќе

среднорасниот
Вид збор: Придавка
Што е со среден, просечен раст.
Англиски: medium-sized

среќка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
лоз
Англиски: ticket Албански: biletë lotarie

сродствен повеќе

Види и: сроден (прид.)
сродствена
Вид збор: Придавка
сроден
Англиски: related

срцебиење повеќе

срцебиењето
Вид збор: Именка, среден род
Забрзано биење на срцето од возбуда, замор и сл.
Англиски: palpitation

срцебол повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
болки во срцето
Англиски: heart pain

срцевина повеќе

срцевината
Вид збор: Именка, женски род
Сушност, основа на нешто.
Англиски: core Албански: thelb. palcë

срцепарателен повеќе

срцепарателни
Вид збор: Придавка
Што го пара срцето, што тормози.
Англиски: heartrending

станка повеќе

мн. станки
Вид збор: Именка, женски род
запир, пауза
Англиски: pause
Примери:
Без станка тече нивниот спор.

старечки повеќе

старечка
Вид збор: Придавка
Што е наменет за старец или стари лица.
Специфичен за старост или стари лица.

стражар повеќе

мн. стражари
Вид збор: Именка, машки род
чувар, заштитник
Англиски: guard Албански: rojë, mbrojtës
Примери:
стражар на мирот.

сходен повеќе

сходна
Вид збор: Придавка
сличен
Англиски: similar
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш