Лингвистика - категорија

ха повеќе

Вид збор: Префикс
Почетен слог во многу зборови од турско, персиско и арапско потекло: хабер, хаби, хава, хазно, хаир и сл.

хаплологија повеќе

(едн.) хаплологијата
Вид збор: Именка, женски род
Во лингвистиката - испуштање на исти или слични гласови или гласовни групи.
Англиски: haplology

хебреист повеќе

мн. хебреисти
Вид збор: Именка, машки род
Научник што се занимава со хебрејската култура и јазик.
Англиски: hebraist

хидроним повеќе

мн. хидроними
Вид збор: Именка, машки род
Име на река или на водна површина.
Англиски: hydronym

хиероглифски повеќе

Вид збор: Придавка
Кој се однесува на хиероглифи.
Примери:
Хиероглифско писмо.

хинди повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
официјален јазик во Индија
Англиски: Hindi

хипербола повеќе

мн. хиперболи
Вид збор: Именка, женски род
Во литературата - преувеличување со цел да се засилат впечатоците; секое преувеличување, претерување.
Англиски: hyperbole Албански: hiperbolë
Примери:
Глава има колку еден казан / уши колку два таруна / очи има колку два шиника. [извор]

хипокористик повеќе

мн. хипокористици
Вид збор: Именка, машки род
Име, збор што се употребува на галено; галено име.
Англиски: hypocoristic
Примери:
момиченце, детенце

хипокористички повеќе

Види и: хипокористик (м.)
хипокористичка
Вид збор: Придавка
хипокористик

хипотакса повеќе

мн. хипотакси
Вид збор: Именка, женски род
Подредување на реченица или делови на реченицата под други делови.
Англиски: hypotaxis Албански: hipotaksë

хомограф повеќе

мн. хомографи
Вид збор: Именка, машки род
Збор што се пишува исто како друг збор, но се разликува во изговорот, значењето или потеклото.
Англиски: homograph
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш