Народна поезија - категорија

рад повеќе

рада
Вид збор: Придавка
волен, се сложува
Англиски: agreeable
Примери:
Али си рада, девојче, вечер да дојдам.

разбелее повеќе

разбелеат
Вид збор: Глагол, свршен
стане бел, побеле
Примери:
Капнало ти бело лице/ што ти толку разбелело.

разбере повеќе

разберат
Вид збор: Глагол, свршен
собере (од разни страни)
Англиски: gather Албански: grumbulloj

разјури повеќе

разјурат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне брзо да трча, потера.
Англиски: rush
Примери:
Си разјурил коња.

разласка повеќе

разласкат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да блеска на сите страни, дава силен отсјај.
Англиски: shine
Примери:
Разласкаа тенки пушки.

разљуби повеќе

разљубат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да љуби, да сака некого или нешто.

разнава повеќе

разнаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
узнава
Примери:
(нар. поез.) Дали си село разнаваш! или си друшки познаваш.

разоспие повеќе

(се) разоспијат
Вид збор: Глагол, свршен
Цврсто заспие и долго не се буди.
Примери:
Змија беше мошне разоспана, / седум пати дете не го узна.

раскачи повеќе

раскачат
Вид збор: Глагол, свршен
Откопча копче.
Англиски: unbutton

распат повеќе

Вид збор: Именка, машки род
распаќе
Англиски: crossroad

расперчен повеќе

расперчени
Вид збор: Придавка
Со расплетен перчин, со бушава коса.
Примери:
Руса глава разрушена, / разрушена, расперчена.

растави повеќе

(се) растават
Вид збор: Глагол, свршен
(за тело) се раскости
Албански: lë pa eshtra
Примери:
Црната коса и порусела, / рудата става се раставила.

расчини повеќе

расчинија
Вид збор: Глагол, свршен
За огин - распали, разгори.
Англиски: light Албански: kall, ndez
Примери:
Расчинија силни огнови.

рача повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
Обично заедно со глаголот порача - рачај порачај.

реџба повеќе

Вид збор: Именка, женски род
реч
Англиски: word
Примери:
Уште реџба не изрече /го фатија ајдуците.

рогушко повеќе

Вид збор: Прилог
рогато
Примери:
Што ти пленија стадото / сивото стадо рогушко / рогушко стадо калешо.

родевен повеќе

родевна
Вид збор: Придавка
роден
Примери:
Коњари, браќа родевни.

роделив повеќе

Вид збор: Придавка
родлив
Англиски: fertile
Примери:
Дал ти е нива роделива?

роѓевен повеќе

Види и: родевен (прид.)
роѓевна
Вид збор: Придавка
родевен
Англиски: birth

роѓен повеќе

Види и: роден (прид.)
роѓени
Вид збор: Придавка
роден, родевен

роен повеќе

Види и: руен (прид.)
ројна
Вид збор: Придавка
руен

рожба повеќе

мн. рожби
Вид збор: Именка, женски род
род, плод
Англиски: fruit

руга повеќе

(едн.) ругата
Вид збор: Именка, женски род
Шестмесечна или годишна плата на селски слуга.
Англиски: wage

рушки повеќе

Вид збор: Придавка
фрушки
а - б - в - г - д - ѓ - ж - з - ѕ - и - к - л - љ - о - п - р - с - т - у - ф - ц - ч - џ - ш