Народна поезија - категорија

шаварлија повеќе

Вид збор: Придавка
Само во изразот сабја шаварлија (комично) – сабја од шамак.

шарабија повеќе

Вид збор: Придавка
Кој има боја на вино.
Англиски: reddish Турски: şarabi

шарконог повеќе

Вид збор: Придавка
Кој е со шарени нозе.
Примери:
Што си јава коња шарконога.

шегарка повеќе

Види и: шегртка (ж.)
мн. шегарки
Вид збор: Именка, женски род
шегртка
Англиски: apprentice

шегарче повеќе

Види и: шегртче (ср.)
мн. шегарчиња
Вид збор: Именка, среден род
шегртче
Англиски: apprentice

шепетајка повеќе

мн. шепетајки
Вид збор: Именка, женски род
Епитет за патка, пајка.
Примери:
Четири пајки шепетајки.

шестак повеќе

мн. шестаци
Вид збор: Именка, машки род
Стара сребрена монета од шест гроша.

шесторедица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Епитет за пченица со шест реда во класот; бела пченица.

шеќеров повеќе

Види и: шеќерен (прид.)
шеќерови
Вид збор: Придавка
Кој што е од шеќер.
Англиски: sugary
Примери:
грутка шеќерова

шикло повеќе

Вид збор: Придавка
шикосан
Примери:
Шикло седло.

шишман повеќе

Вид збор: Придавка
шишкав, дебел, полн
Англиски: fatt Турски: şişman Албански: i majmë, i trashë

шогавче повеќе

мн. шогавчиња
Вид збор: Именка, среден род
Дете, момче, заразено со шуга.

шошница повеќе

мн. шошници
Вид збор: Именка, женски род
кошница (во стих)
Англиски: basket

штираквица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
јалово животно
Примери:
овца штираквица

штирен повеќе

штирена
Вид збор: Придавка
Спремен, приготвен со штир, кој е од штир.
Примери:
(нар. поез.) Варено зелје, штирено.

што повеќе

Види и: што (зам.)
Вид збор: Честичка
Во почетокот на стихот, без посебно значење.

шуменица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Душек, постела или покривач од шума (лисје).
Примери:
Шуменице, мори јорганице.

шупливица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Дрво што раѓа шупливи плодови.
Албански: pemë me fruta të zbrazura
Примери:
Што се фалиш, јаболшнице бре, шупливице!
а - б - в - г - д - ѓ - ж - з - ѕ - и - к - л - љ - о - п - р - с - т - у - ф - ц - ч - џ - ш