Пејоратив - категорија

излае повеќе

излаат
Вид збор: Глагол, свршен
Избрбори, каже пред некого тоа што не треба да се знае.
Англиски: blab out Албански: llomotis

излока повеќе

излокаат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - лакомо, дрчно, во поголемо количество испие.
Албански: thithë

измудри повеќе

измудрат
Вид збор: Глагол, свршен
По долго мислење, двоумење лошо смисли, лошо постапи.
Албански: gabimisht mendoj

изнагнете повеќе

Види и: нагнете (св.)
изнагнетат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изнагнете) Се најаде лакомо, во голема мера.
Англиски: stuff Албански: rras shumë, ngopet

изнадраска повеќе

Види и: драска (несв.)
изнадраскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Пишува многу без некој ред (и смисла), со лош ракопис, грубо.
Англиски: scratch Албански: gërvisht

изнакоти повеќе

(се) изнакотат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - народи многу, во голем број.
Англиски: multiply Албански: lind shumë

изнапика повеќе

Види и: напика (св.)
изнапикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Смести на некое добро место, најчесто - работно место.
Албански: futem, marr vend të mirë

изроди повеќе

изродат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изроди) Настане, се појави некоја лоша појава.
Албански: lind

ислужен повеќе

ислужениот
Вид збор: Придавка
Што го минал работниот век, некорисен, неспособен.
Англиски: worn-out

исфабрикува повеќе

исфабрикуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Измисли нешто, лажно претстави.
Англиски: fabricate Албански: fabrikoj, shpik
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - ц - ч - џ - ш