Пејоратив - категорија

камелеон повеќе

мн. камелеони
Вид збор: Именка, машки род
Човек што го менува своето мислење и однеcување според околностите, потребите.
Англиски: chameleon Албански: kameleon

кербер повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се става во улога на чувар на интересите на својот работодавец или претпоставен.
Англиски: Cerberus Албански: Kerber, i cili i mbron interesat e punëdhënësit

кичерај повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Постапка, производ што претставува кич.
Англиски: hokum Германски: Kitscherei Албански: kiç, art pa vlerë
Премногу кич, опкруженост со кич.
Англиски: trumpery Германски: Kitscherei Албански: art i pavlerë, kiç

клечка повеќе

мн. клечки
Вид збор: Именка, женски род
Назив за лице што има висока положба во општеството.
Албански: njeri me pozitë

климоглавец повеќе

мн. климоглавци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што потврдува сѐ и сешто; што нема сопствено мислење, што исполнува туѓи наредби.
Англиски: yes-man

кловн повеќе

мн. кловнови
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се однесува несериозно.
Англиски: clown Албански: palaço, kloun

книжиште повеќе

мн. книжишта
Вид збор: Именка, среден род
Лошо изработена, лошо напишана книга.
Албански: libër i dobët i punuar

кокошарник повеќе

мн. кокошарници
Вид збор: Именка, машки род
мала, тесна куќа
Англиски: shed Албански: kotec, shpi e vogël

колка повеќе

колкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - му дава, го тера многу, богато да јаде.
Англиски: stuff Албански: ushqej shumë
(се колка) За човек - премногу јаде.
Англиски: stuff Албански: ngop, rras

комбинатор повеќе

мн. комбинатори
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е склон кон правење комбинации, сплетки, местења заради постигање некоја цел.
Англиски: manipulator Албански: manipulator

комбинаторика повеќе

мн. комбинаторики
Вид збор: Именка, женски род
Правење разни комбинации како кому одговара за да се постигне некоја цел според желбите и потребите на тој што ги прави.
Англиски: manipulation Албански: manipulim

комедија повеќе

мн. комедии
Вид збор: Именка, женски род
Преправање, неприродно, лицемерно однесување со некаква цел.
Англиски: masquerade Албански: komedi, maskaradë

комедијант повеќе

мн. комедијанти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се држи неприродно, што cо своето однесување е за смеа, за подбив.
Англиски: comedian Албански: komedian

коначиште повеќе

мн. коначишта
Вид збор: Именка, среден род
конак
Албански: konak, bujtore

коњиште повеќе

мн. коњишта
Вид збор: Именка, среден род
коњ
Англиски: horse

кортеш повеќе

мн. кортеши
Вид збор: Именка, машки род
Политички активист што агитира за некого, што собира гласови.

коти повеќе

котат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек - раѓа многу деца.
Англиски: multiply Албански: lind
(се коти) Се раѓаат деца, се размножуваат.
Англиски: multiply Албански: lind

котилиште повеќе

мн. котилишта
Вид збор: Именка, среден род
Место каде што се раѓаат многу на број животни.
Албански: vendi ku bëjnë pjellë kafshët

котило повеќе

мн. котила
Вид збор: Именка, среден род
род, сој
Англиски: lineage Албански: pjellë, soj

кошоглавица повеќе

мн. кошоглавици
Вид збор: Именка, женски род
Жена со неуредена, разбушавена коса.

крава повеќе

мн. крави
Вид збор: Именка, женски род
Крупна, трома жена.
Англиски: cow Албански: lopë, grua e plogët

крадло повеќе

Види и: крадец (м.)
мн. крадловци
Вид збор: Именка, машки род
крадец
Англиски: thief

кракат повеќе

кракатиот
Вид збор: Придавка
Што има долги нозе.
Што прави долги чекори при одење.

красте повеќе

мн. крастиња
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е неугледен, потценет.

крмнак повеќе

мн. крмнаци
Вид збор: Именка, машки род
Човек со лоши, ниски, валкани склоности.
Англиски: pig Албански: njeri derr, thi

кромидар повеќе

мн. кромидари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што многу јаде кромид, тој што многу троши во исхраната кромид.
Албански: qepaxhi

кукла повеќе

мн. кукли
Вид збор: Именка, женски род
Човек со кој управува друг.
Англиски: marionette Турски: kukla Албански: masrionet

културтрегер повеќе

мн. културтрегери
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се смета за носител на култура.
Германски: Kulturträger

кумува повеќе

кумуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Придонесува за извршувањето на некоја лоша работа, учествува во нешто лошо.
Албански: jam kumbar, pjesëtar i një pune të ligë

купи повеќе

купат
Вид збор: Глагол, свршен
Привлече на своја страна со мито, ласкање.
Англиски: bribe Албански: blej

курва повеќе

(се) курваат
Вид збор: Глагол, несвршен
блудничи
Англиски: whore

курва повеќе

мн. курви
Вид збор: Именка, женски род
блудница, развратница
Англиски: prostitute, whore Албански: lavire, prostitute

кускуле повеќе

мн. кускулиња
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е со мал раст.
Англиски: shortie
Примери:
Се омажила за кускуле.

куче повеќе

мн. кучиња
Вид збор: Именка, среден род
Лош човек, крвник, проклетник.
Англиски: villain

кучило повеќе

мн. кучила
Вид збор: Именка, среден род
изрод, изроди
Англиски: bastard Албански: bastard
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - ц - ч - џ - ш