Пејоратив - категорија

лае повеќе

лаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Вика, се кара.
Англиски: snap Албански: kapem, bërtas
Озборува, шири невистини.
Англиски: defame Албански: përgojoj, shpif

лајач повеќе

мн. лајачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што вика, се кара.
Албански: lehës
Тој што озборува, што шири невистини.
Албански: lehës, llafazan

лакеј повеќе

мн. лакеи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што покажува претерана понизност пред претпоставените.
Англиски: lackey Албански: lakej

лакташ повеќе

мн. лакташи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се лакташи.
Англиски: indecent man

лакташи повеќе

Види и: лакти (несв.)
лакташат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) лакти
Англиски: elbow

лангач повеќе

мн. лангачи
Вид збор: Именка, машки род
безвреден човек
Англиски: tramp

лапач повеќе

мн. лапачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што јаде лакомо, што лапа.

лапачка повеќе

мн. лапачки
Вид збор: Именка, женски род
Жена што јаде лакомо; што лапа.
Албански: grua që ha shumë

лапе повеќе

мн. лапиња
Вид збор: Именка, среден род
Погрден назив за момче.
Англиски: silly

лејка повеќе

мн. лејки
Вид збор: Именка, женски род
Глава на човек, празна глава.
Англиски: brainless man Албански: kokë pëcerke, pa mend

лепавица повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Тој што се додворува, што се натрапува кај поважните во средината, во друштво каде што не е пожелен.
Англиски: leech Албански: shushunjë

лигавица повеќе

мн. лигавици
Вид збор: Именка, женски род
Младо неприбрано, неспастрено, палаво девојче.
Англиски: teeny Албански: marroqe

лижач повеќе

Види и: подлизурко (м.)
мн. лижачи
Вид збор: Именка, машки род
подлизурко
Англиски: flatterer

лиживаган повеќе

мн. лиживагани
Вид збор: Именка, машки род
Човек без достоинство, подлизурко, додворувач.
Англиски: flatterer

ликсур повеќе

мн. ликсури
Вид збор: Именка, машки род
Тој што ништо не работи, безделничи и мисли само на јадење.
Англиски: glutton

лишка повеќе

мн. лишки
Вид збор: Именка, женски род
Поган, гаден човек.
Англиски: beast Албански: njeri i keq, i ndyrë

лока повеќе

локаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пие во голема мера, прекумерно (најчесто алкохол).
Англиски: booze Албански: lokat

локач повеќе

мн. локачи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што многу пие.
Англиски: drinker
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - ц - ч - џ - ш