Правда - категорија

аболира повеќе

аболираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прекинува кривично гонење.
Англиски: pardon

аболиција повеќе

(едн.) аболицијата
Вид збор: Именка, женски род
Укинување, простување казна.
Англиски: abolition

адвокат повеќе

мн. адвокати
Вид збор: Именка, машки род
Правен застапник, бранител на обвинето лице во кривична постапка; застапник на една страна во парнична постапка.
Англиски: lawyer Албански: avokat

адвокатува повеќе

адвокатуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занимава со правна дејност, работи во функција на адвокат, брани други пред суд.
Албански: avokaton

адвокатура повеќе

мн. адвокатури
Вид збор: Именка, женски род
Адвокатска дејност.
Албански: avokatur

акламација повеќе

мн. акламации
Вид збор: Именка, женски род
Едногласно прифаќање или одбивање некој предмет.
Англиски: acclamation Албански: brohoritje

акцепт повеќе

мн. акцепти
Вид збор: Именка, машки род
Потпис на правен документ како обврска за исплаќање.
Англиски: acceptance Албански: pranim
Правен документ, меница со соодветен потпис.
Англиски: acceptance Албански: pranim

акцептација повеќе

мн. акцептации
Вид збор: Именка, женски род
Прифаќање обврска, ставање акцепт на извесна меница.
Англиски: acceptance Албански: pranim

акцептен повеќе

Види и: акцепт (м.)
акцептниот
Вид збор: Придавка
Што има својство на правен документ како основа за исплаќање; што се однесува на акцепт.

алиби повеќе

мн. алибија
Вид збор: Именка, среден род
Доказ дека обвинетиот во мигот на извршувањето на делото бил на друго место, а не на она каде што е извршено кривичното дело.
Англиски: alibi Албански: alibi

алиенација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Отуѓување, префрлање имот од едно на друго лице.
Англиски: alienation Албански: tjetërsim

алиментација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Судски определен износ за издржување на некое лице (жена, дете).
Англиски: maintenance

алкотест повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Утврдување на количината алкохол во крвта.
Англиски: breath test

амнестија повеќе

(едн.) амнестијата
Вид збор: Именка, женски род
Акт на законодавно тело со кој на осудениот делумно или целосно му се укинува правосилно изречената казна.
Англиски: amnesty

амнестира повеќе

амнестираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава амнестија.
Англиски: amnesty

амортизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Прогласување на загубени документи за неважечки.
Англиски: invalidation Албански: zhvlerësim

анекс повеќе

мн. анекси
Вид збор: Именка, машки род
Дополнителен прилог кон некој правен документ.
Англиски: annex

анотација повеќе

мн. анотации
Вид збор: Именка, женски род
Попис на запленети работи.
Англиски: annotation Албански: shkrim

антидржавен повеќе

Види и: противдржавен (прид.)
антидржавниот
Вид збор: Придавка
противдржавен
Англиски: subversive

антиуставен повеќе

антиуставниот
Вид збор: Придавка
Што е против уставот.

анулира повеќе

анулираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поништи, поништува, прогласи, прогласува за неважечки.
Англиски: annul

апелација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Повисок суд до кој осудениот може да се жали.
Англиски: court of appeal Албански: gjykatë e apelit
Жалба до повисок суд.
Англиски: appeal Албански: apel

апелационен повеќе

апелациони
Вид збор: Придавка
Што се однесува на апелација.

апелациски повеќе

апелацискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на апелација.

апостил повеќе

мн. апостили
Вид збор: Именка, машки род
Печат со кој се заверува изворноста или автентичноста на потписот, својството на лицето кое го потпишува документот и содржината на печатот или жигот со кои е снабден документот или јавната исправа.
Англиски: apostil

апс повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
затвор
Англиски: jail Турски: hapis

апсана повеќе

Види и: апс (м.)
мн. апсани
Вид збор: Именка, женски род
апс
Англиски: jail Турски: hapishane

арбитража повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Судење и пресуда на определен суд.
Англиски: arbitration Албански: arbitrazhi
Определен, избран суд.
Англиски: arbitration Албански: vend gjykimi

арбитрира повеќе

арбитрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Земе, зема учество во арбитража; пресуди, пресудува, донесе, донесува оцена за определена ситуација.
Англиски: arbitrate

атентат повеќе

мн. атентати
Вид збор: Именка, машки род
Убиство на некоја позната личност.
Англиски: assassination

атентатор повеќе

мн. атентатори
Вид збор: Именка, машки род
Убиец на некоја позната личност, извршител на атентат.
Англиски: assassin
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш