Преносно значење - категорија

абецеда повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Основни знаења од некоја наука, вештина или од нешто.
Англиски: alphabet Албански: alfabeti

абецеден повеќе

абецедниот
Вид збор: Придавка
елементарен, прв, основен
Англиски: basic

авангарда повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Она што предничи, што предводи во некоја идеја или движење.
Англиски: avantgarde Албански: avangardë

авка повеќе

авкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува нешто брзо и со повисок тон, без некое значење прави врева.
Англиски: bark Албански: leh

автомат повеќе

мн. автомати
Вид збор: Именка, машки род
За човек што работи без да размислува, само физички извршува определени дејства, притоа е управуван од други.
Англиски: robot Албански: robot

автоматизира повеќе

автоматизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, врши дејство по автоматизам, несвесно и механички.
Англиски: automate Албански: automatizoj

автопортрет повеќе

мн. автопортрети
Вид збор: Именка, машки род
Книжевен приказ на сопствената личност.
Англиски: self-portrait Албански: portret

агол повеќе

мн. агли
Вид збор: Именка, машки род
аспект, гледиште
Англиски: aspect Албански: vështrim, aspekt

агонија повеќе

мн. агонии
Вид збор: Именка, женски род
Состојба пред губење, пред пропаѓање.
Англиски: agony Албански: grahmë

агора повеќе

Вид збор: Именка, женски род
место на средби
Англиски: agora Грчки: αγορά

адвокатува повеќе

адвокатуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се зазема заштитнички кон некого, застапувајќи го за нешто.
Албански: avokat

адреса повеќе

мн. адреси
Вид збор: Именка, женски род
Упатување кон некоја личност.
Англиски: address Албански: adresë

адут повеќе

мн. адути
Вид збор: Именка, машки род
Она што носи успех, најсилно средство, најсилна личност за решавање на нешто.
Англиски: trump Албански: atu

аѓутант повеќе

мн. аѓутанти
Вид збор: Именка, машки род
постојан придружник
Англиски: attendant Албански: shoqërues

аждер повеќе

мн. аждери
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што е силно, лакомо и грабливо, што го плаши светот.
Англиски: monster Албански: monster

азбука повеќе

мн. азбуки
Вид збор: Именка, женски род
Основните знаења од некоја наука или вештина.
Англиски: alphabet Албански: alfabet

ајван повеќе

мн. ајвани
Вид збор: Именка, машки род
неработник, безделник
Англиски: good-for-nothing Албански: përtac

ајдук повеќе

Види и: ајдут (м.)
мн. ајдуци
Вид збор: Именка, машки род
Крадец, разбојник, отпадник од власта и од законот.
Англиски: thief Албански: hajdut

ајдукува повеќе

ајдукуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ограбува, краде, врши незаконски дејства.
Албански: hajduk

ајдутство повеќе

(едн. )
Вид збор: Именка, среден род
противзаконска дејност, ограбување
Англиски: robbery Албански: paligjshmëri

ајмана повеќе

мн. ајмани
Вид збор: Именка, женски род
скитник, неранимајко, неработник
Англиски: tramp Албански: rrugaç

аклиматизира повеќе

аклиматизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Приспособи, приспособува кон туѓа географска средина.
Англиски: acclimatize Албански: aklimatizoj
(се аклиматизира) Прифати, прифаќа друга средина како сопствено.
Англиски: acclimatize Албански: aklimatizoj

акорд повеќе

мн. акорди
Вид збор: Именка, машки род
Хармоничен спој на нешто.
Англиски: harmony Албански: harmoni

акреп повеќе

мн. акрепи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што е грдо, плашило обично жена.
Англиски: zombie Албански: njeri i shëmtuar

акробат повеќе

мн. акробати
Вид збор: Именка, машки род
Снаодлив, итар човек.
Англиски: acrobat Албански: akrobat

актер повеќе

мн. актери
Вид збор: Именка, машки род
Учесник во некое дело или некој настан.
Англиски: actor Албански: aktor, pjesmarrës

акцент повеќе

мн. акценти
Вид збор: Именка, машки род
Истакнување на нешто во споредба со нешто друго.
Англиски: accent Албански: theks

акцентира повеќе

акцентираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Истакне, истакнува, стави, става во прв план нешто.
Англиски: accentuate Албански: theksoj

акцентираност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
истакнатост, издвоеност
Англиски: accentuation Албански: theksim

акцепт повеќе

мн. акцепти
Вид збор: Именка, машки род
одобрување, согласност
Англиски: acceptance Албански: pranim

алиби повеќе

мн. алибија
Вид збор: Именка, среден род
Изговор, оправдување за неуспешен потфат или постапка.
Англиски: excuse Албански: justifikim

алка повеќе

мн. алки
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што поврзува.
Англиски: link Албански: lidhje

алфа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
почеток
Англиски: beginning Албански: fillim

амазонка повеќе

мн. амазонки
Вид збор: Именка, женски род
Силна и храбра жена.
Англиски: amazon Албански: amazon

амал повеќе

мн. амали
Вид збор: Именка, машки род
слуга
Англиски: servant Албански: shërbyes

амалгам повеќе

мн. амалгами
Вид збор: Именка, машки род
Цврст спој.
Англиски: bond Албански: lidhje

амалува повеќе

амалуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи напорно без соодветно материјално надополнување.
Англиски: toil Албански: punë e rëndë

амбар повеќе

мн. амбари
Вид збор: Именка, машки род
Широкоградо, лежерно лице.
Албански: hambar

амброзија повеќе

мн. амброзии
Вид збор: Именка, женски род
Храна што закрепнува, извонредна храна.
Англиски: ambrosia Албански: ambrosia

Америка повеќе

Вид збор: Име
Соединети Американски Држави
Англиски: USA Албански: SHBA

амин повеќе

Вид збор: Извик
крај, готово
Англиски: end

амортизира повеќе

амортизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Овозможи, овозможува намалување на силината на влијанието на некакво дејство.
Англиски: amortize Албански: mundësoj

амплитуда повеќе

мн. амплитуди
Вид збор: Именка, женски род
замав, растојание, колебање
Англиски: amplitude Албански: amplitudë

ампутација повеќе

мн. ампутации
Вид збор: Именка, женски род
Отстранување на дел од некаква целина.
Англиски: amputation Албански: amputim

амфибија повеќе

мн. амфибии
Вид збор: Именка, женски род
ползавец, полтрон
Англиски: crawler Албански: puthador

аналфабет повеќе

мн. аналфабети
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е необразован, нестручен, неупатен.
Англиски: analphabet Албански: analfabet

анархист повеќе

мн. анархисти
Вид збор: Именка, машки род
одметник, бунтовник
Англиски: rebel Албански: rebel

анатема повеќе

мн. анатеми
Вид збор: Именка, женски род
клетва
Англиски: curse Албански: mallkoj

анатемоса повеќе

анатемосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Осуди, проколнувајќи го без одобрување за постапките, обележи со нешто негативно.
Англиски: curse Албански: ndëshkoj

ангел повеќе

мн. ангели
Вид збор: Именка, машки род
Олицетворение на убавината, на добрината и на сите доблести.
Англиски: angel Албански: engjëll

анемија повеќе

мн. анемии
Вид збор: Именка, женски род
Недостиг на полет, на животна сила.
Англиски: exhaustion Албански: shterje

анимира повеќе

анимираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
поттикне, поттикнува
Англиски: animate Албански: nxit

антихрист повеќе

мн. антихристи
Вид збор: Именка, машки род
безбожник, атеист, еретик
Англиски: Antichrist

апетит повеќе

мн. апетити
Вид збор: Именка, машки род
Копнеж за нешто, стремеж кон нешто.
Англиски: desire Албански: dëshirë

апогеј повеќе

мн. апогеи
Вид збор: Именка, машки род
Кулминација, највисок подем, највисок степен на постигнување најголем успех.
Англиски: culmination Албански: kulminacion

апокалипса повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
катастрофа, ужас
Англиски: apocalypse Албански: apokalips

апологет повеќе

мн. апологети
Вид збор: Именка, машки род
Ревносен бранител на некоја идеја, учење, личност.
Англиски: supporter Албански: këshilltar

апостол повеќе

мн. апостоли
Вид збор: Именка, машки род
Гласник, проповедник, бранител на некое учење.
Англиски: apostle Албански: apostull

апотеоза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Обожавање, величање, оддавање посебна почест на лица, предмети или појави.
Англиски: glorification Албански: zbukurim

апсорпција повеќе

(едн.) апсорпцијата
Вид збор: Именка, женски род
Обземеност, целосен занес по некаква дејност или по нешто.
Англиски: absorption Албански: zhytje, absorbim

арамбаша повеќе

мн. арамбаши
Вид збор: Именка, машки род
крадец, разбојник
Англиски: robber Албански: grabitës

аргатлак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Прекумерна работа без соодветен надоместок.
Англиски: exploitation

аргатува повеќе

аргатуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи тешка работа без соодветен надоместок.
Англиски: toil Албански: punë e rëndë

ареал повеќе

мн. ареали
Вид збор: Именка, машки род
Површина, област на распространетост на некоја појава.
Англиски: area Албански: zonë

арена повеќе

мн. арени
Вид збор: Именка, женски род
Бојно поле; поле за натпревар.
Англиски: arena Албански: arenë

аристократија повеќе

мн. аристократии
Вид збор: Именка, женски род
Привилегиран слој на луѓе.
Англиски: aristocracy Албански: aristokraci

армија повеќе

мн. армии
Вид збор: Именка, женски род
Множество од нешто.
Англиски: army Албански: ushtri

арсенал повеќе

мн. арсенали
Вид збор: Именка, машки род
Големо количество на нешто.
Англиски: arsenal Албански: arsenal, sasi

арслан повеќе

мн. арслани
Вид збор: Именка, машки род
силен, храбар, бестрашен човек
Англиски: hero Албански: hero

артерија повеќе

мн. артерии
Вид збор: Именка, женски род
Главен пат, главна улица.
Англиски: artery Албански: arterie, rrugë

артикулација повеќе

мн. артикулации
Вид збор: Именка, женски род
Оформеност, оформување на нешто.
Англиски: spelling Албански: drejtshkrim

артикулира повеќе

артикулираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Јасно образложи, образложува, претстави, претставува нешто.
Англиски: justify Албански: arsyetoj

архитектоника повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вештина на сложување на делови во хармонична целина.
Англиски: architecture Албански: arkitekturë

аршин повеќе

мн. аршини
Вид збор: Именка, машки род
Мерка за мерење.
Англиски: measure Албански: masë

атар повеќе

мн. атари
Вид збор: Именка, машки род
ограден простор
Англиски: plot Албански: gardh

атмосфера повеќе

мн. атмосфери
Вид збор: Именка, женски род
Ситуација, околности, расположение на некое место, во некоја средина.
Англиски: atmosphere Албански: atmosferë

атом повеќе

мн. атоми
Вид збор: Именка, машки род
Многу мал дел од нешто.
Англиски: atom Албански: atom

атомизира повеќе

атомизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
уништи
Англиски: atomize Албански: shkatëron

атрофија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Губење, затапеност на некое чувство, својство и сл.
Англиски: atrophy Албански: atrofi
Примери:
Станува збор за една тешка духовна атрофија.

афинитет повеќе

мн. афинитети
Вид збор: Именка, машки род
Склоност кон некоја работа, дејност и сл.
Англиски: affinity Албански: prirje, aftësi
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш