Преносно значење - категорија

дави повеќе

дават
Вид збор: Глагол, несвршен
мачи, исцрпува, угнетува
Англиски: torment Албански: mundim

далга повеќе

мн. далги
Вид збор: Именка, женски род
немир, возбуда
Англиски: unrest Албански: shqetsim

далековид повеќе

далековидиот
Вид збор: Придавка
Што може да ги предвиди идните настани и последиците од нешто.
Англиски: clever

далеку повеќе

Вид збор: Прилог
На големо временско растојание.
Англиски: far ago Албански: më parë
Многу, во голема мера.
Англиски: far away Албански: larg

дарежлив повеќе

дарежливиот
Вид збор: Придавка
плоден
Англиски: fertile

двигател повеќе

мн. двигатели
Вид збор: Именка, машки род
Тој или тоа што е движечка сила во развитокот, во успехот на нешто во дадена област.
Англиски: impetus Албански: impuls, stimul

движи повеќе

движат
Вид збор: Глагол, несвршен
Раководи, работи на остварувањето на некоја цел, поттикнува.
Англиски: manage Албански: drejton, menaxhon

двобој повеќе

мн. двобои
Вид збор: Именка, машки род
полемика, расправа
Англиски: argument Албански: argument

двосмислен повеќе

двосмислениот
Вид збор: Придавка
Што под искажаното крие друга смисла, тера на двоумење, неискрен.
Англиски: devious

дебел повеќе

дебели
Вид збор: Придавка
обилен, богат, скап
Англиски: big Албански: i madh

дебелоглав повеќе

дебелоглавиот
Вид збор: Придавка
Што тешко сфаќа, прифаќа, што тешко разбира што му се кажува.
Англиски: thickheaded

дебелоглавец повеќе

мн. дебелоглавци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е дебелоглав.

дебелокожен повеќе

дебелокожниот
Вид збор: Придавка
Што е бесчувствителен.
Англиски: thick-skinned, insensitive

дебелокожец повеќе

мн. дебелокошци
Вид збор: Именка, машки род
Бесчувствителен човек.
Англиски: heartless Албански: lëkurëtrashë, njeri pa ndjenja

девалвација повеќе

мн. девалвации
Вид збор: Именка, женски род
Намалување на вредноста на нешто, обезвреднување, омаловажување.
Англиски: devaluation Албански: zhvlerësim

девијација повеќе

мн. девијации
Вид збор: Именка, женски род
Негативна промена или изместување во нормалниот развој на одделна појава, процес и сл.
Англиски: deviation Албански: devijim

девствен повеќе

девствени
Вид збор: Придавка
Што е чист, неизвалкан.
Англиски: clean
Што е недопрен, неначнат.
Англиски: untouched

дегенерик повеќе

мн. дегенерици
Вид збор: Именка, машки род
глупак, чудак, манијак
Англиски: maniac Албански: bastard, maniak

дезориентација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
збунетост, несигурност
Англиски: disorientation Албански: dezorientim, pasiguri

декламација повеќе

мн. декламации
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Бессодржаен говор, кажување, празни, патетични зборови.
Англиски: declamation Албански: deklamim

декор повеќе

мн. декори
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што служи, што се јавува како украс на едно место: слики, шари, предмети и сл.
Англиски: decoration Албански: dekor

дели повеќе

делат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Упати зборови, искаже, намени, даде од себе некому нешто.
Англиски: distribute Албански: ndaj, jap
Сподели, споделува, преживее, преживува нешто со некого.
Англиски: share Албански: ndaj

делириум повеќе

мн. делириуми
Вид збор: Именка, машки род
Силна возбуда, занес, одушевеност, опиеност.
Англиски: enthusiasm Албански: entuzazëm, delirium

делнат повеќе

делнатиот
Вид збор: Придавка
Тој што не може добро да расудува.

делне повеќе

делнат
Вид збор: Глагол, свршен
Убие некого.
Англиски: kill Албански: vras
Каже нешто некому со цел да не може да одговори, да се спротивстави.
Албански: gdhend

делничен повеќе

делничниот
Вид збор: Придавка
обичен, секојдневен
Англиски: everyday's
Примери:
Делничен живот.

демаскира повеќе

демаскираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Покаже, покажува, разоткрие, разоткрива некого или нешто во вистинска светлина.
Англиски: unmask Албански: dëftoj

деминира повеќе

деминираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прави, направи нешто да биде успешно, отстранува препреки

демиург повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
творец, создавач, уметник, автор
Англиски: demiurge Грчки: δημιουργός

демон повеќе

мн. демони
Вид збор: Именка, машки род
Лош човек, проклетник.
Англиски: demon Албански: dreq

денарче повеќе

Види и: денар (м.)
мн. денарчиња
Вид збор: Именка, среден род
паричка
Англиски: money Албански: denarka
Примери:
неколку денарчиња

дерач повеќе

мн. дерачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што наплатува премногу, што пљачка, што на подмолен начин зема повеќе пари.
Англиски: skinner Албански: rrjepës

дере повеќе

дерат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Бездушно ограбува со претерана цена, камата и сл.
Англиски: scalp Албански: rrjepë
Предизвикува болка на гребење.
Англиски: scratch Албански: çjerr, gërvin

десен повеќе

десни
Вид збор: Придавка
Што е политички конзервативен.
Англиски: rightist

десеткува повеќе

десеткуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
уништува
Англиски: exterminate Албански: asgjësoj

десничар повеќе

мн. десничари
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на десницата, тој што ги застапува конзервативните сфаќања, конзервативец.
Англиски: rightist Албански: djathtist

деспот повеќе

мн. деспоти
Вид збор: Именка, машки род
Тиранин, диктатор, апсолутист, неограничен владетел.
Англиски: tyrant Албански: tirani
Човек што настапува насилно.
Англиски: tyrant Албански: tiran

деспотизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
самоволие, насилство, тиранија
Англиски: tyranny Албански: tirani, kryeneçi

деспотство повеќе

мн. деспотства
Вид збор: Именка, среден род
(едн.) самоволие, насилство, тиранија
Англиски: tyranny Албански: tirani

деспотува повеќе

деспотуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Покажува самоволие, насилство, тиранија.
Албански: tregon tirani

дете повеќе

мн. деца
Вид збор: Именка, среден род
незрел човек
Англиски: child Албански: i papjekur

дешифрира повеќе

дешифрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Протолкува, толкува, прочита, чита лошо и нејасно напишан текст.
Англиски: decipher Албански: deshifroj

дибек повеќе

мн. дибеци
Вид збор: Именка, машки род
глупав човек
Англиски: jerk Турски: dibek Албански: dybek, torollak

диверзант повеќе

мн. диверзанти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што расипува некоја работа.
Англиски: saboteur Албански: diversant,

диверзија повеќе

мн. диверзии
Вид збор: Именка, женски род
Деструктивна постапка.
Англиски: sabotage Албански: sabotim

дивјак повеќе

мн. дивјаци
Вид збор: Именка, машки род
Груб, невоспитан, прост човек.
Англиски: savage Албански: i egër
Човек што избегнува друштво, што не знае да се однесува во друштво.
Англиски: savage Албански: mizor

дивјаштво повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Особина или состојба на тој што е дивјак, див; постапка на тој што е див, што се однесува како див.
Англиски: vandalism Албански: egërsi, shtazëri

дигач повеќе

мн. дигачи
Вид збор: Именка, машки род
крадец
Англиски: thief Албански: vjedhës

дигитален повеќе

дигитални
Вид збор: Придавка
Што е работи со помош на компјутер.
Англиски: computerized Албански: digjital, kompjuterizuar

дигнат повеќе

дигнатиот
Вид збор: Придавка
Обично за објект, изгради уште еден кат.
Англиски: built

дијагноза повеќе

мн. дијагнози
Вид збор: Именка, женски род
Установување, процена на состојбата на нешто.
Англиски: diagnosis Албански: diagnozë

дијаметрален повеќе

дијаметралниот
Вид збор: Придавка
Што е на спротивната страна, сосема спротивен, различен.
Англиски: diametrical

дијапазон повеќе

мн. дијапазони
Вид збор: Именка, машки род
Опсег, од ... до ...
Англиски: bandwidth Албански: varg

дијаспора повеќе

(едн.) дијаспората
Вид збор: Именка, женски род
Економска и политичка емиграција, луѓе на работа надвор од својата татковина.
Англиски: diaspora Албански: diasporë, mërgatë

диктат повеќе

мн. диктати
Вид збор: Именка, машки род
наложување, притисок, присилување
Англиски: dictate Албански: diktat

диктира повеќе

диктираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Наложува некому нешто да прави, заповедува, условува, наметнува своја волја.
Англиски: dictate Албански: diktoj

дилетант повеќе

мн. дилетанти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е површен, нестручен, без соодветни знаења.
Англиски: layman Албански: laik, diletant

димензија повеќе

мн. димензии
Вид збор: Именка, женски род
Опсег, обем, интензитет на некоја појава, распространетост.
Албански: dimension

динамика повеќе

(едн.) динамиката
Вид збор: Именка, женски род
подвижност, живост, променливост
Англиски: dynamic Албански: dinamikë

дипломат повеќе

мн. дипломати
Вид збор: Именка, машки род
Тој што вешто ги уредува односите со другите; итар, тактичен, вешт човек.
Англиски: tactician Албански: diplomat

дипломатија повеќе

(едн.) дипломатијата
Вид збор: Именка, женски род
Вешто тактизирање, итроштина.
Англиски: diplomacy Албански: diplomaci

дирек повеќе

мн. диреци
Вид збор: Именка, машки род
Главен, што го поднесува товарот (обично таткото во семејството).
Англиски: pillar Турски: direk Албански: direk, tra

диригира повеќе

диригираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Управува со постапките на некого.
Англиски: direct Албански: dirigjoj

дисонанција повеќе

мн. дисонанции
Вид збор: Именка, женски род
Неусогласеност, несогласност, неслога, противречност.
Англиски: dissonance Албански: disonancë, papajtueshmëri

дисхармонија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
неслога, несогласување
Англиски: discord Албански: mosmarrëveshje

дише повеќе

дишат
Вид збор: Глагол, несвршен
Живее, постои, покажува знак на живот.
Англиски: live Албански: jeton
Се пројавува, се изразува со нешто, на некој начин.
Англиски: manifest Албански: manifestoj

длаби повеќе

длабат
Вид збор: Глагол, несвршен
Длабоко размислува, прави длабока анализа.
Англиски: sink in Албански: mendim i thellë

длабина повеќе

Види и: длабочина (ж.)
мн. длабини
Вид збор: Именка, женски род
Длабока смисла, длабоко навлегување во некој проблем, темелно разгледување.
Англиски: depth Албански: mendim i thellë

длабоко повеќе

Вид збор: Прилог
силно, интензивно
Англиски: deeply Албански: thellësisht

дно повеќе

мн. дна
Вид збор: Именка, среден род
Крај, завршок на нешто.
Англиски: end Албански: fund, mbarim

добаботи повеќе

добаботат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да зборува, замолчи.
Албански: hesht

доброди повеќе

добродат
Вид збор: Глагол, свршен
дојде, надојде, се јави
Англиски: appear Албански: vjen, arrin

добута повеќе

добутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, со помош или со големи напори до некоја позначајна положба, до некој степен во развојот.
Англиски: arrive Албански: arrin

доврека повеќе

доврекаат
Вид збор: Глагол, свршен
довреска

довртка повеќе

доврткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Задржува.
Албански: ndal

догма повеќе

мн. догми
Вид збор: Именка, женски род
Мислење, теорија што се прифаќа како апсолутна вистина без критичко проверување; цврсто изложено мислење или тврдење без докази.
Англиски: dogma Албански: dogmë

догори повеќе

Види и: гори (несв.)
догорат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгори до крај, престане да гори.
Англиски: burn Албански: djeg deri në fund
Го изгуби здравјето, почине.
Англиски: expire Албански: shuhet, vdes

догради повеќе

доградат
Вид збор: Глагол, свршен
доработи, доусоврши
Англиски: improve Албански: përmirësoj

дожд повеќе

мн. дождови
Вид збор: Именка, машки род
Големо количество, обилност на нешто.
Англиски: barrage Албански: vërshim

дожегне повеќе

дожегнат
Вид збор: Глагол, свршен
ме (те, го...) Силно ме засегне, многу ме погоди.
Англиски: touch Албански: më djeg, më prek

дожеже повеќе

(ми) дожежат
Вид збор: Глагол, свршен
ме (те, ...) Почувствува непријатност или душевна болка.
Албански: digjem, më djeg

доживее повеќе

доживеат
Вид збор: Глагол, свршен
почувствува, восприеми
Англиски: feel Албански: përjetoj

доза повеќе

мн. дози
Вид збор: Именка, женски род
Определено количество, пакување, мера од нешто.
Англиски: dose Албански: porcion

дозамеша повеќе

Види и: замеша (св.)
дозамешаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се дозамеша) Се смеша, се вклучи уште некој во нешто.
Англиски: involve Албански: përzihet

дозацврсти повеќе

Види и: зацврсти (св.)
дозацврстат
Вид збор: Глагол, свршен
Зголеми доверба.
Англиски: strengthen Албански: përforcoj

дозрее повеќе

Види и: зрее (несв.)
дозреат
Вид збор: Глагол, свршен
Достигне полн физички, психички развој, полна зрелост.
Англиски: mature Албански: piqet

доизгледа повеќе

Види и: изгледа (св.)
доизгледаат
Вид збор: Глагол, свршен
Догледа, дочува старо лице (или дете).
Англиски: care Албански: kujdesem deri në fund

доизгради повеќе

Види и: изгради (св.)
доизградат
Вид збор: Глагол, свршен
Подигне на повисоко ниво (образование, стручност, знаење).
Англиски: educate Албански: edukoj
(се доизгради) Се подигне на повисоко ниво.
Англиски: educate Албански: edukoj

доиспече повеќе

Види и: испече (св.)
доиспечат
Вид збор: Глагол, свршен
Учи до крај, добро изучи некаков занает.
Англиски: learn Албански: mëson
Пресонча, доизгори на сонце.
Англиски: sun Албански: pjek
(се доиспече) се пресонча
Англиски: burn Албански: djeg

доистера повеќе

Види и: истера (св.)
доистераат
Вид збор: Глагол, свршен
Истера некоја работа до крај, доистрае во некое настојување.
Англиски: drive away Албански: çoj deri në fund

доистреби повеќе

Види и: истреби (св.)
доистребат
Вид збор: Глагол, свршен
Отстрани, уништи сè, сите.
Англиски: exterminate Албански: largoj, çfaros

доистурка повеќе

Види и: истурка (св.)
доистуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши нешто, некоја работа со тешкотии.
Англиски: finish Албански: përfundoj

доисцеди повеќе

Види и: исцеди (св.)
доисцедат
Вид збор: Глагол, свршен
Одземе сѐ, до крај.
Англиски: exhaust Албански: sosë, harxhoj
(се доисцеди) Потроши премногу, до крај сила и енергија.
Англиски: exhaust Албански: sosë, harxhoj

доисцрпи повеќе

Види и: исцрпи (св.)
доисцрпат
Вид збор: Глагол, свршен
Сосема разгледа некое прашање, тема.
Англиски: exhaust Албански: shterr deri në fund

доисчисти повеќе

Види и: исчисти (св.)
доисчистат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчисти нешто до крај, сосема.
Англиски: clean up Албански: pastroj
(се доисчисти) Се исчисти добро, сосема.
Англиски: clean Албански: pastroj

дојаде повеќе

Види и: јаде (несв.)
дојадат
Вид збор: Глагол, свршен
потроши
Англиски: spend Албански: harxhoj, shterr

докачи повеќе

Види и: качи (св.)
докачат
Вид збор: Глагол, свршен
засегне, допре
Англиски: touch Албански: prek

доктор повеќе

мн. доктори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се разбира во нешто, што е добар познавач на нешто.
Англиски: expert Албански: njohës, ekspert

долг повеќе

мн. долгови
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Морална обврска, должност.
Англиски: obligation Албански: obligim

долг повеќе

долги
Вид збор: Придавка
Што трае многу време, што е долготраен.
Англиски: long Албански: i gjatë

долен повеќе

долни
Вид збор: Придавка
Што е на понизок степен во определена хиерархија.
Англиски: lower Албански: më ulët
Што е лош, нечесен.
Англиски: lower Албански: i ulët, i poshtër

долепи повеќе

Види и: лепи (несв.)
долепат
Вид збор: Глагол, свршен
Доближи нешто до друго нешто.
Англиски: near Албански: afroj, ngjes
(се долепи) Се доближи до некого или до нешто.
Англиски: stick Албански: ngjit, afrohet

долета повеќе

долетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде од некаде, се појави, се слушне нешто.
Англиски: appear Албански: arrij
Дојде, стигне брзо, веднаш.
Англиски: arrive Албански: arrij

должник повеќе

мн. должници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што треба да исполни некоја морална обврска или должност.
Англиски: debtor Албански: obligim, borxh

долу повеќе

Вид збор: Прилог
За означување понизок степен во рангирање на нешто.
Англиски: lower

дом повеќе

мн. домови
Вид збор: Именка, машки род
Родно место, татковина.
Англиски: homeland Албански: vendlindje

домет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Граница на достигнување, остварување во професионална, умствена или друга област.
Англиски: range Албански: arritje, kufi

донесе повеќе

донесат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, се случи нешто во текот на времето.
Англиски: bring

дооден повеќе

доодениот
Вид збор: Придавка
Што е расипан, истрошен.
Англиски: worn out

допира повеќе

Види и: допре (св.)
допираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Споменува, задира.
Англиски: touch Албански: prek

допирлив повеќе

допирливиот
Вид збор: Придавка
Што може да се допре; што постои.
Англиски: touchable

допре повеќе

допрат
Вид збор: Глагол, свршен
Засегне, опфати нешто.
Англиски: reach

дослух повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Врска, поврзаност со нешто.
Англиски: connection Албански: lidhje

досоли повеќе

Види и: соли (несв.)
досолат
Вид збор: Глагол, свршен
Додаде, дополни нешто во кажувањето.
Англиски: add Албански: shtoj

дострел повеќе

мн. дострели
Вид збор: Именка, машки род
Високо постигнување, резултат, дело.
Англиски: achievement Албански: arritje
Примери:
Емотивен дострел.

дотежне повеќе

дотежнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува тешкотија.
Албански: rëndoj, ndiej ngarkesë

дотек повеќе

мн. дотеци
Вид збор: Именка, машки род
(едн.) Тоа што се добива, што пристига.
Англиски: influx Албански: hyrje, derdhje

дотепа повеќе

Види и: тепа (несв.)
дотепаат
Вид збор: Глагол, свршен
Убие секаква надеж, доведе до очај.
Англиски: kill Албански: mbys, shuaj

дотлее повеќе

дотлеат
Вид збор: Глагол, свршен
Го заврши животот осамено, повлечено.
Англиски: die out Албански: shuhet

дотолчи повеќе

Види и: толчи (несв.)
дотолчат
Вид збор: Глагол, свршен
онеспособи, усмрти
Англиски: destroy Албански: shkatërroj

дотрга повеќе

дотргаат
Вид збор: Глагол, свршен
Испие, повлече, вдише нешто до крај.
Англиски: pull Албански: nxjerr

дотурка повеќе

дотуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде некако, со нечија помош или со поголеми тешкотии, до некој степен во развојот, до некоја положба, звање и сл.
Англиски: manage to achieve Албански: shtyj

дофати повеќе

дофатат
Вид збор: Глагол, свршен
(се дофати) Се добере, се здобие со нешто со тешкотии.
Албански: kap

доцеди повеќе

Види и: цеди (несв.)
доцедат
Вид збор: Глагол, свршен
дотроши
Англиски: spend Албански: shpenzoj deri në fund

доцрта повеќе

Види и: црта (несв.)
доцртаат
Вид збор: Глагол, свршен
Долови, успее да претстави.
Англиски: represent

дочува повеќе

Види и: чува (несв.)
дочуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Остане жив, се спаси.
Англиски: rescue Албански: shpëtoj

драм повеќе

мн. драмови
Вид збор: Именка, машки род
Мало количество од нешто.
Англиски: bit Албански: dram, sasi e vogël

драма повеќе

мн. драми
Вид збор: Именка, женски род
Тежок, потресен настан или случка.
Англиски: drama Албански: dramë

драматизам повеќе

(едн.) драматизмот
Вид збор: Именка, машки род
Напнато, потресно дејство или случување.
Англиски: tension Албански: dramatikë

драматизација повеќе

мн. драматизации
Вид збор: Именка, женски род
Придавање драматичен карактер на нешто, драматизирање.
Англиски: dramatization Албански: dramatizim

драматизира повеќе

драматизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава драматичен карактер на настан, случка и сл.
Англиски: dramatize Албански: dramatizoj

драпа повеќе

драпаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се драпа) Се потсмева некому.
Англиски: deride Албански: përqesh

драска повеќе

драскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пишува, црта глупости, чкрта.
Англиски: scribble Албански: shkarravit

дрвен повеќе

дрвени
Вид збор: Придавка
Што е стегнат, строг.
Англиски: stiff

дрвенест повеќе

дрвенестиот
Вид збор: Придавка
стегнат, вкочанет, неподвижен
Англиски: stiff

дрвоса повеќе

дрвосаат
Вид збор: Глагол, свршен
вкочани, здрви
Англиски: stiffen Албански: rëndon

дреме повеќе

дремат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мирува, не работи.
Англиски: idle Албански: rri kot

дремлив повеќе

дремливиот
Вид збор: Придавка
Што е мирен, тивок, што не се менува.
Англиски: sleepy

дресира повеќе

дресираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Принуди, принудува некого на строга послушност.
Англиски: drill Албански: stërvit, ushtroj

држи повеќе

држат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поткрепува, поддржува некого.
Англиски: support Албански: mbaj, përkrah

дркаџија повеќе

мн. дркаџија
Вид збор: Именка, машки род
Тој што не го бива за ништо, што млати празна слама.
Англиски: loser Албански: dështak

дрнда повеќе

дрндаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лошо свири на некој жичен инструмент.
Албански: llomotitë
Многу зборува, дрдори.
Англиски: blab Албански: llafazan

дрндало повеќе

мн. дрндала
Вид збор: Именка, среден род
Лице што многу зборува.
Англиски: blabber Албански: llafazan

дроби повеќе

дробат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува многу, зборува непромислено.
Англиски: blab Албански: llafazan

дрочи повеќе

дрочат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се излежува, ужива.
Албански: shtrihet, kënaqet

дрпа повеќе

дрпаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Краде, зема недозволено нешто.
Англиски: steal Албански: vjedh

другарува повеќе

другаруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се посветува на нешто.
Англиски: dedicate Албански: shoqëroj, dedikoj

дувло повеќе

мн. дувла
Вид збор: Именка, среден род
Неуредено, нечисто место (куќа, стан, соба).
Англиски: den Албански: strofkë, shpellë
Собиралиште, место каде што се собира сомнителен свет.
Англиски: den Албански: strofkë, çerdhe

дувне повеќе

дувнат
Вид збор: Глагол, свршен
избега
Англиски: escape Албански: ikë

дударе повеќе

мн. дудариња
Вид збор: Именка, среден род
глупак, будала
Англиски: jerk Албански: torollak

дудук повеќе

мн. дудуци
Вид збор: Именка, машки род
глупак
Англиски: jerk Албански: torollak, budalla

дуел повеќе

мн. дуели
Вид збор: Именка, машки род
Судир, расправа меѓу две страни што имаат различни ставови и идеи.
Англиски: conflict Албански: duel, konflikt

дупи повеќе

дупат
Вид збор: Глагол, несвршен
Подбуцнува, гиба, задева некого.
Англиски: instigate Албански: nxit
прободува, убива
Англиски: hurt Албански: lëndoj
Нервира, предизвикува, пречи.
Англиски: annoy Албански: ngacmoj

дупка повеќе

мн. дупки
Вид збор: Именка, женски род
Тесно, бедно живеалиште.
Англиски: den Албански: birëuc
Неудобно, неугледно место за забава, за одмор и сл.
Англиски: den Албански: strofkë
гроб
Англиски: grave Албански: gropë, varr

дупне повеќе

дупнат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера, наведе на нешто.
Англиски: force Албански: çoj, shpie

дух повеќе

мн. духови
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Основна содржина, вистинска смисла на нешто.
Англиски: essence Албански: frymë, esencë

душа повеќе

мн. души
Вид збор: Именка, женски род
Тој што е главен двигател во нешто.
Англиски: engine Албански: shpirt, motor

души повеќе

душат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек – мириса; насетува нешто.
Англиски: sense Албански: përshtypje

душка повеќе

душкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Загледува, наслушува, сака се да дознае, да разбере.
Англиски: snoop Албански: zhbiroj

душогрижник повеќе

мн. душогрижници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што претерано, наметливо, непотребно се грижи, се интересира за другите.
Албански: shpirtmirë
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш