Преносно значење - категорија

шаблон повеќе

мн. шаблони
Вид збор: Именка, машки род
Определен пример според кој се извршува некаква дејност.
Англиски: template, pattern

шава повеќе

шаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се шета, се движи, не мирува, скита.
Албански: endem
Примери:
Младината почна да шава наваму-натаму.
Во машко-женските односи: има лесно поведение.
Англиски: be unfaithful Албански: pa besë
Примери:
Иако е женет, тој шава по малку.

шавне повеќе

шавнат
Вид збор: Глагол, свршен
Излезе на прошетка од дома, се прошета, се раздвижи.
Англиски: walk Албански: shëtis
Примери:
Вечер ќе шавнам малку.
Во машко-женските односи: наруши установена морална норма.
Албански: pa besë

шаман повеќе

мн. шамани
Вид збор: Именка, машки род
Шарлатан, човек што заведува луѓе, претставувајќи се себеси со посебна моќ и со натчовечки способности.
Англиски: shaman

шарада повеќе

мн. шаради
Вид збор: Именка, женски род
нејасна работа
Француски: charade Албански: maskarade, farsë

шарен повеќе

шарени
Вид збор: Придавка
За жена или маж - што е со лесно поведение, со лесен морал.
Англиски: tramp Албански: laraman

шаренило повеќе

мн. шаренила
Вид збор: Именка, среден род
Мешаница, измешано нешто.
Англиски: variety Албански: përzierje, laramani
Примери:
Шаренилото на програмата.

шари повеќе

шарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се движи во различни правци.
Англиски: browse Албански: shkoj
За сопружници - неверен е.
Англиски: rave Албански: shfrej
За очи - врти.
Англиски: rove Албански: lëviz

шејтан повеќе

Вид збор: Придавка
немирен, несташен
Англиски: devilish Турски: şeytan Албански: shejtan, djallëzor

шема повеќе

мн. шеми
Вид збор: Именка, женски род
Општопознат образец, шаблон во творењето на нешто.
Англиски: form Германски: Schema Албански: model

шепа повеќе

мн. шепи
Вид збор: Именка, женски род
голема рака
Англиски: hand
група од луѓе
Англиски: handful

шепот повеќе

Вид збор: Именка, машки род
тивок, нејасен шум
Англиски: whisper Албански: fëshfërimë

шепоти повеќе

шепотат
Вид збор: Глагол, несвршен
Шуми тивко, шумоли.
Англиски: rustle Албански: fëshfërit

шета повеќе

шетаат
Вид збор: Глагол, несвршен
За очи, мисла - движи се во разни правци.
Англиски: wander Албански: endem

шеќерен повеќе

шеќерниот
Вид збор: Придавка
сладок
Англиски: sweet

шиба повеќе

шибаат
Вид збор: Глагол, несвршен
става, трупа, метнува
Англиски: stuff Албански: vendos
(се шиба) се шибне, се удри
Англиски: hit Албански: godit

шибне повеќе

шибнат
Вид збор: Глагол, свршен
става, метнува
Англиски: put Албански: vendos
(се шибне) оди, бутка, мушне
Албански: lëviz

шие повеќе

шијат
Вид збор: Глагол, несвршен
Да се биде надмоќен во нешто.
Англиски: surpass Албански: tejkaloj

шилец повеќе

мн. шиллци
Вид збор: Именка, машки род
За човек - што се пробива, се меша секаде, проникнува во секакви ситуации.
Албански: pik

шило повеќе

мн. шила
Вид збор: Именка, среден род
За човек што се пика и се вовира секаде.
Албански: fëndyell, tërvelë
Примери:
Го знам што шило е тој.

шине повеќе

шинат
Вид збор: Глагол, свршен
(се шине) Се убива од работа, напор, вршејќи некоја работа,
Албански: mmbytet nga puna

ширина повеќе

мн. ширини
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Широк опфат, замав.
Англиски: width Албански: horizont, gjërësi

ширнограден повеќе

ширноградна
Вид збор: Придавка
широк
Англиски: wide
Примери:
Над селото лежат ширноградни ридој.

широк повеќе

широки
Вид збор: Придавка
Што опфаќа многу.
Англиски: broad Албански: i gjerë
Што зафаќа многу луѓе, повеќе места.
Англиски: extensive Албански: i gjerë
значителен, неограничен
Англиски: considerable Албански: i gjerë, i përhapur
Кој не е тесноград, ограничен; кој не гледа на ситници.
Англиски: generous Албански: i gjerë, zemërgjërë

шитка повеќе

Види и: шитне (св.)
шиткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
продава
Англиски: sell Албански: shes

шитне повеќе

шитнаат
Вид збор: Глагол, свршен
продаде
Англиски: sell Албански: shes
Примери:
Го шитнав велосипедот за десет илјадарки.

шкембар повеќе

мн. шкембари
Вид збор: Именка, машки род
За човек - лабав и дебел, со голем мев.
Англиски: fatty Албански: bufalaq, barkmadh

шкембе повеќе

мн. шкембиња
Вид збор: Именка, среден род
За човек - лабав и дебел, со голем мев.
Англиски: belly Албански: trashavel, barkmadh

школа повеќе

мн. школи
Вид збор: Именка, женски род
Подготовка што се стекнува низ искуство, низ опит во нешто; дејност што го збогатува човекот со опит, со знаење во некој поглед.
Англиски: school Албански: shkollë
Правец во областа на науката, уметноста и сл.
Англиски: school Албански: shkollë

шлака повеќе

шлакаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Брбори, тропа, зборува глупости.
Англиски: blab Албански: llomotis

шлаканица повеќе

мн. шлаканици
Вид збор: Именка, женски род
срамота, јавна навреда
Англиски: insult

шлакање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Брборење, трескање глупости.
Англиски: blabbing Албански: llomotisje

шлакне повеќе

шлакнат
Вид збор: Глагол, свршен
избрбори
Англиски: blab Албански: llomotis

шлепува повеќе

шлепуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се шлепува) Непоканет оди на забава; се влечка со некого.
Англиски: scrounge Германски: schleppen Албански: pa ftesë
(се шлепува) се гребе
Англиски: sponge Албански: lypës

шлиба повеќе

шлибаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лакомо срка.
Англиски: slurp Албански: gjerb, surboj

шлибање повеќе

Види и: шлиба (несв.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
лакомо сркање
Англиски: slurping Албански: gjerb, surb

шлифува повеќе

шлифуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Учи некого на прилежно однесување.
Англиски: drill Германски: schleifen Албански: ushtroj për mirësjellje

шминка повеќе

(се) шминкаат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Преправа нешто за да ги прикрие грешките.
Англиски: cover up Албански: mbështjell, shminkon

шопа повеќе

шопаат
Вид збор: Глагол, несвршен
мокри
Англиски: pee Албански: shurroj, urinoj

шопање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
мокрење
Англиски: peeing Албански: shurrje, urinim

шопне повеќе

Види и: шопа (несв.)
шопнат
Вид збор: Глагол, свршен
чишнува, мочка
Англиски: pee Албански: shurrë, urinë

шоу повеќе

мн. шоуа
Вид збор: Именка, среден род
спектакуларна, драматична, интригантска случка
Англиски: show

шоумен повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се преправа и ги манипулира луѓето во своја корист.
Англиски: showman

шрафче повеќе

мн. шрафчиња
Вид збор: Именка, среден род
Ситен и малку важен дел од целина.
Англиски: minuscule
Примери:
Јас сум само едно шрафче во машината.

штави повеќе

штават
Вид збор: Глагол, свршен
избие, истепа, изудира
Англиски: beat up Албански: rrah, godas
Примери:
Ако те фатам, убаво ќе те штавам.

штавува повеќе

Види и: штави (св.)
штавуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
тепа, удира, млати
Англиски: beat Албански: rrah, godas

штавување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
тепање, удирање, млатење
Англиски: beating Албански: rrahje, goditje

штанцува повеќе

штанцуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Произведува сериски.
Англиски: produce Албански: prodhon

штимува повеќе

штимуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Усогласува; да биде во ред.
Германски: stimmen Албански: akordoj
Примери:
Тука нешто не штимува (не штима).

штипе повеќе

штипат
Вид збор: Глагол, несвршен
За студ, ветар, чад, пијачка - дејствува остро на кожата или на некој орган.
Англиски: burn Албански: djeg

штит повеќе

мн. штитови
Вид збор: Именка, машки род
заштита
Англиски: protection Албански: mburojë

штоф повеќе

мн. штофови
Вид збор: Именка, машки род
Материјал за разговор, дискусија или конкретни предмети.
Англиски: material Германски: Stoff

штракне повеќе

штракнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се штракне) Се помести со умот, побудале, прави ненормални работи.

штрапнат повеќе

Види и: штрапне (св.)
штрапнати
Вид збор: Придавка
налутен, мрднат
Англиски: huffy

штрекне повеќе

штрекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Некого да стресе, оттргне (од страв), да уплаши.
Англиски: scare Албански: tremb

штрклее повеќе

штрклеат
Вид збор: Глагол, несвршен
беснее, лудува
Англиски: rage Албански: tërbohet

шупелка повеќе

мн. шупелки
Вид збор: Именка, женски род
празнина, сиромаштија
Англиски: poverty
празноглав, шуплив човек
Англиски: dope

шуплив повеќе

шуплива
Вид збор: Придавка
Празен, што е без содржина.
Англиски: empty

шут повеќе

шутиот
Вид збор: Придавка
Гол, непотполн, на кој му недостига нешто важно.
Англиски: bare
За човек - кој не е со сиот ум, удрен, мрднат.
Англиски: mad

шутка повеќе

мн. шутки
Вид збор: Именка, женски род
(вулгаризам) Женски полов орган.
Англиски: vagina Албански: vaginë

шутка повеќе

(се) шуткаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се шутка) Се движи без некоја определена цел или план.
Англиски: stroll

шутне повеќе

шутнат
Вид збор: Глагол, свршен
отфрли, отстрани
Англиски: abandon

шутрачка повеќе

Види и: шутрак (м.)
мн. шутрачки
Вид збор: Именка, женски род
За жена шутрак.
Англиски: fool Албански: grua e pagdhendur

шушурка повеќе

(се) шушуркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
се шутка
Англиски: stroll
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш