Разговорно - категорија

вадачка повеќе

мн. вадачки
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) заработка
Англиски: livelihood Албански: fitim

вади повеќе

вадат
Вид збор: Глагол, несвршен
Измислува: Име, прекар на некого.
Англиски: invent Албански: shpik

валута повеќе

мн. валути
Вид збор: Именка, женски род
Пари на друга земја.
Англиски: foreign currency Албански: valutë

вапсан повеќе

вапсаниот
Вид збор: Придавка
Обоен, намачкан со шминка, нашминкан.
Англиски: made-up

варимесо повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Шегобиец на свадби.
Англиски: jester

вдене повеќе

вденат
Вид збор: Глагол, свршен
3афрли нешто, стави на несоодветно место.
Англиски: mislay Албански: hedh

венда повеќе

вендаат
Вид збор: Глагол, несвршен
безделничи
Англиски: waste time

весникар повеќе

мн. весникари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што учествува во редактирањето и издавањето на весникот.
Англиски: journalist Албански: gazetar, zhurnalist

ветар повеќе

Види и: ветер (м.)
ветрот
Вид збор: Именка, машки род
воздух
Англиски: air Албански: erë, ajr

ветувачка повеќе

мн. ветувачки
Вид збор: Именка, женски род
ветување
Англиски: promise Албански: premtim

вечност повеќе

(едн.) вечноста
Вид збор: Именка, женски род
Многу долго време.
Англиски: eternity Албански: përjetësi

видвиделија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Многу, премногу далеку.
Англиски: far away

видео повеќе

мн. видеа
Вид збор: Именка, среден род
Краток филм снимен со помош на видеокамера.
Англиски: video Албански: video
Апарат за снимање и репродукција на телевизиска програма.
Англиски: video recorder Албански: video rekorder

виза повеќе

мн. визи
Вид збор: Именка, женски род
Дозвола, согласност за нешто.
Англиски: permission Албански: vizë, leje

вика повеќе

викаат
Вид збор: Глагол, несвршен
вели, кажува
Англиски: say Албански: them

викач повеќе

мн. викачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што многу вика, прави викотница.
Англиски: loudmouth Албански: poterexhi

викендаш повеќе

мн. викендаши
Вид збор: Именка, машки род
Лице што го поминува викендот надвор од дома.
сопственик на викендичка

викне повеќе

викнат
Вид збор: Глагол, свршен
Повика, покани некого.
Англиски: call Албански: thirr
Се зафати сериозно со некоја работа.
Англиски: start Албански: filloj

вилаетлија повеќе

мн. вилаетлии
Вид збор: Именка, машки род
роднокраец, земјак
Англиски: compatriot

виртуоз повеќе

мн. виртуози
Вид збор: Именка, машки род
Добар познавач на нешто, мајстор во својата работа.
Англиски: virtuoso Албански: virtuoz

виси повеќе

висат
Вид збор: Глагол, несвршен
Стои, се задржува на некое место подолго време, обично без работа.
Англиски: hang around Албански: qëndron

витоса повеќе

витосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Уништи, отстрани, тргне некого или нешто како непожелно.
Англиски: wipe out Албански: largon, heq
Изгуби, затури, исчезне од вид, од досегот на сетилата.
Англиски: mislay Албански: humbas
(се витоса) се уништи, се сотре
Англиски: wipe out Албански: zhduket
(се витоса) Отиде некаде, се изгуби, го снема.
Англиски: disappear Албански: zhduket, humbet

вишист повеќе

мн. вишисти
Вид збор: Именка, машки род
Ученик, студент на виша школа.
Англиски: university student Албански: me shkollë të lartë
Што има више образование.
Англиски: graduate Албански: me shkollë të lartë

вјаса повеќе

вјасаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Брза, брзо врши некое дејство.
Англиски: hurry Албански: shpejton
Брзо оди.
Англиски: hurry Албански: shpejton
(се вјаса) се брза
Англиски: hurry Албански: shpejton

вјасана повеќе

Вид збор: Прилог
брзо, на брзина
Англиски: speedily

вјасаница повеќе

Вид збор: Прилог
брзо, брзајќи
Англиски: speedily

влече повеќе

влечат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се влече) Е во љубовна врска со некого, подолго време.
Англиски: involve Албански: tërheq, kaloj

влечивлечка повеќе

мн. влечивлечки
Вид збор: Именка, женски род
Неуредна, мрзлива жена.
Англиски: slut, tramp

влечигора повеќе

мн. влечигори
Вид збор: Именка, женски род
неуреден човек
Англиски: tramp, bum

влечиортома повеќе

мн. влечиортоми
Вид збор: Именка, женски род
Неуреден човек, мрзлив човек, дембел.
Англиски: lazybones, bum

внатрешност повеќе

(едн.) внатрешноста
Вид збор: Именка, женски род
Дел од државата што е подалеку, понастрана од главниот град.
Англиски: province Албански: provincë

водило повеќе

мн. водила
Вид збор: Именка, среден род
Јаже на оглав, огламник со кое се води добиток.
Англиски: halter
Примери:
Ја фати јуницата за водило.

водоводџија повеќе

мн. водоводџии
Вид збор: Именка, машки род
водоинсталатер
Англиски: plumber

вози повеќе

возат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лаже некого.
Англиски: cheat Албански: vozis, mashtroj

војниклак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Воена служба.
Англиски: military service

војска повеќе

мн. војски
Вид збор: Именка, женски род
Воена служба, воена обврска.
Англиски: military service Албански: shërbim ushtarak

војува повеќе

војуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Води спор со некого, се бори за нешто.
Англиски: fight Албански: luftoj

вомјази повеќе

вомјазат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно изненади, запрепасти некого.
Англиски: startle Албански: befasoj

вошкар повеќе

мн. вошкари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што има вошки.
Албански: morrcak
Тој што е за подбив, парталко.
Англиски: scoundrel Албански: morrcak

враќачка повеќе

мн. враќачки
Вид збор: Именка, женски род
враќање
Англиски: return

вргали повеќе

(се) вргалат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зјапа, нападно гледа во нешто, во некого.
Англиски: gawp Албански: ngul sytë
Се тркала, се прпелка по песок и сл.
Англиски: roll Албански: rrokulliset

вргло повеќе

мн. вргловци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што зјапа, се загледува ваму-таму.
Англиски: gaper

вреваџија повеќе

мн. вреваџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што зборува многу гласно, што вреви.
Англиски: squaller

вреднаш повеќе

Вид збор: Прилог
Само во изразот: Еднаш ама вреднаш - направи нешто еднаш, ама добро, успешно и сл.

врска повеќе

мн. врски
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Познанство, пријателство што донесува полза.
Англиски: relationship Албански: marrëdhënie
кравата
Англиски: necktie Албански: kravatë

врскоса повеќе

(се) врскосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави врска.

вртачка повеќе

мн. вртачки
Вид збор: Именка, женски род
Губење време, денгуба.
Англиски: pastime

врти повеќе

вртат
Вид збор: Глагол, несвршен
Вложува пари во трговски и други зделки.
Англиски: turn Албански: rrotulloj
лаже, мами
Албански: sjell, vërtit

вртикапа повеќе

мн. вртикапи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што често го менува мислењето, што е несигурно.
Англиски: turncoat

вртне повеќе

вртнат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри некого по вратот.
Албански: godas në qafë

врцка повеќе

врцкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
измрдува, изневерува
Англиски: cheat
Наметливо врти со колковите.
Албански: tund, lëvizë
(се врцка) се вртка
Албански: sillem

втораче повеќе

мн. вторачиња
Вид збор: Именка, среден род
Ученик од второ одделение.
Албански: klasë e dytë

вудве повеќе

Вид збор: Прилог
Со едно превиткување, здиплување, да стане двојно, во два слоја.
Англиски: in two

вудвоса повеќе

вудвосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да биде двојно, удвоено.
Англиски: double Албански: dyfishoj

вутри повеќе

Вид збор: Прилог
Со превиткување, здиплување, да стане тројно, трикратно, во три слоја.

вучетири повеќе

Вид збор: Прилог
Четворно, во четири слоја.

вчури повеќе

вчурат
Вид збор: Глагол, свршен
вчади, зачади
Англиски: smoke Албански: tymos

вџари повеќе

(се) вџарат
Вид збор: Глагол, свршен
Се загледа, се втренчи, се внесе во некого.
Англиски: stare

вшприца повеќе

Види и: шприца (св. и несв.)
вшприцаат
Вид збор: Глагол, свршен
Шприца, внесува во нешто.
Англиски: inject
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш