Разговорно - категорија

давеж повеќе

мн. давежи
Вид збор: Именка, машки род
Досаден човек, здодевно нешто.
Англиски: bore Албански: njeri i bezdisshëm

дави повеќе

дават
Вид збор: Глагол, несвршен
Досадува некому со зборување.
Англиски: bore, pester Албански: mërzit
(се дави) Нагло, лакомо, многу јаде.
Англиски: stuff Албански: fus

дада повеќе

мн. дади
Вид збор: Именка, женски род
Назив за сестра.
Англиски: sister Албански: motër, dadë
Назив за постаро женско лице.
Албански: dadë

дал повеќе

Вид збор: Честичка
Скратена форма од дали, се употребува најчесто во поезијата и во разговорниот јазик.
Англиски: whether

далавера повеќе

мн. далавери
Вид збор: Именка, женски род
Сплетка, подметнување нешто.
Англиски: intrigue Турски: dalavere

далаверџија повеќе

мн. далаверџии
Вид збор: Именка, машки род
Сплеткар, подметнувач на нешто; снаодлив човек, посредник во необични зделки.
Англиски: intriguer Турски: dalavereci

далак повеќе

мн. далаци
Вид збор: Именка, машки род
слезина
Англиски: spleen Турски: dalak Албански: shpënetkë, shpretkë
Болест на слезината.
Англиски: spleen Албански: shpretkë

далаклив повеќе

Види и: далакосан (прид.)
далакливиот
Вид збор: Придавка
далакосан

далакосан повеќе

далакосаниот
Вид збор: Придавка
Што боледува од далак.

далгува повеќе

(се) далгуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
бранува
Англиски: wave

далдиса повеќе

(се) далдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) занесе, (се) внесе во нешто; тргне по нешто
Англиски: become absorbed Турски: dalmak

дали повеќе

Вид збор: Сврзник
Во прашални реченици, при индиректно прашање
Англиски: whether

дандиса повеќе

дандисаат
Вид збор: Глагол, свршен
издржи, поднесе
Англиски: bear, sustain

дарбалија повеќе

дарбалии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) Што има дарба.
Англиски: talented

дармадана повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Неред, безредие, расфрленост, растуреност.
Англиски: mess Турски: darmadağın

даскал повеќе

мн. даскали
Вид збор: Именка, машки род
учител
Англиски: teacher

даскалак повеќе

Види и: даскал (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
учителство, учителствување
Англиски: teaching

даскалува повеќе

Види и: даскал (м.)
даскалуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи како даскал, учителствува.
Англиски: teach

дебелко повеќе

мн. дебелковци
Вид збор: Именка, машки род
дебел човек
Англиски: fatty

дејгиди повеќе

Вид збор: Извик
За обраќање кон некого или кон нешто со нагласена емоционалност.
Турски: dey gidi

делија повеќе

мн. делии
Вид збор: Именка, машки род
јунак
Англиски: hero Албански: deli, hero

делнат повеќе

делнатиот
Вид збор: Придавка
Тој што не може добро да расудува.

делне повеќе

делнат
Вид збор: Глагол, свршен
Убие некого.
Англиски: kill Албански: vras
Каже нешто некому со цел да не може да одговори, да се спротивстави.
Албански: gdhend

дембел повеќе

мн. дембели
Вид збор: Именка, машки род
мрзливец, неработник, готован
Англиски: idler Турски: tembel

дембелаво повеќе

Вид збор: Прилог
мрзливо
Примери:
Се однесува дембелаво.

дембелана повеќе

(едн.) дембеланата
Вид збор: Именка, женски род
мрзливост, неработење

дембелува повеќе

дембелуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Не работи, го минува времето не работејќи.
Англиски: idle

демек повеќе

Вид збор: Модален збор
значи, то ест, да речеме, да претпоставиме
Англиски: that is Турски: demek
Примери:
Демек разбра.

деминира повеќе

деминираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прави, направи нешто да биде успешно, отстранува препреки

демоде повеќе

Вид збор: Придавка
Старомоден, што не е модерен.
Англиски: outdated

дереџе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Положба, состојба (обично неподнослива, тешка).
Англиски: situation Турски: derece

дерман повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Спас, средство за одбрана, лек, мир.
Англиски: remedy Турски: derman

дечко повеќе

мн. дечковци
Вид збор: Именка, машки род
Момчак, младич, млад маж.
Англиски: boyfriend Албански: mik
(мн. дечки) Во обраќање кон непознато лице.
Англиски: lad Албански: djalosh

дибидус повеќе

Вид збор: Прилог
сосема, потполно, ептен
Англиски: totaly Турски: dibidüz

диван повеќе

Вид збор: Прилог
простум
Латински: divan Англиски: prostrate

дигне повеќе

Види и: крене (св.)
дигнат
Вид збор: Глагол, свршен
украде, ограби
Англиски: steal Албански: vjedh

дијагноза повеќе

мн. дијагнози
Вид збор: Именка, женски род
Установување, процена на состојбата на нешто.
Англиски: diagnosis Албански: diagnozë

дилер повеќе

мн. дилери
Вид збор: Именка, машки род
Растурач, продавач на дрога непосредно до корисникот.
Англиски: dealer Албански: diler, shpërndarës droge

дип повеќе

Вид збор: Прилог
Многу, силно, сосема.
Англиски: totally Турски: dip

дип повеќе

Вид збор: Сврзник
бидејќи, зашто, затоа што
Англиски: because

дипломат повеќе

мн. дипломати
Вид збор: Именка, машки род
Тој што вешто ги уредува односите со другите; итар, тактичен, вешт човек.
Англиски: tactician Албански: diplomat

дирек повеќе

мн. диреци
Вид збор: Именка, машки род
Главен, што го поднесува товарот (обично таткото во семејството).
Англиски: pillar Турски: direk Албански: direk, tra

диско повеќе

мн. диска
Вид збор: Именка, среден род
дискоклуб
Англиски: disco

до повеќе

Вид збор: Предлог
сè, целосно
Англиски: completely

доака повеќе

доакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, пристигне од некаде.
Англиски: arrive Албански: vjen
Заврши, престане со скитањето, со талкањето.
Албански: mbaroj me bredhje

доапне повеќе

доапнат
Вид збор: Глагол, свршен
Изеде до крај.

доарчи повеќе

доарчат
Вид збор: Глагол, свршен
потроши
Англиски: spend Албански: harxhoj të gjitha

добаботи повеќе

добаботат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да зборува, замолчи.
Албански: hesht

добута повеќе

добутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со бутање донесе нешто до некое место.
Англиски: push Албански: sjell duke shtyr

догази повеќе

догазат
Вид збор: Глагол, свршен
изоди
Англиски: tramp Албански: ec, kaloj

доганѕа повеќе

доганѕаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се довлечка со тешкотии.

дозбори повеќе

Види и: збори (несв.)
дозборат
Вид збор: Глагол, свршен
(се дозбори) Се договори, се спогоди со некого.
Англиски: agree Албански: merrem vesh

доизарчи повеќе

доизарчат
Вид збор: Глагол, свршен
Потроши нешто (обично пари) сосема, до крај.
Англиски: spend

доима повеќе

доимаат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да има, снема.
Англиски: disappear, end

доистепа повеќе

Види и: истепа (св.)
доистепаат
Вид збор: Глагол, свршен
Истепа, убие сѐ, сите до еден.
Англиски: beat, kill

доистурка повеќе

Види и: истурка (св.)
доистуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши нешто, некоја работа со тешкотии.
Англиски: finish Албански: përfundoj

дојде повеќе

Види и: иде (несв.)
дојдат
Вид збор: Глагол, свршен
Припадне, добие (дел при поделба).
Англиски: receive Албански: merr

докажувачка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
докажок
Англиски: end of the story Албански: mbarim rrëfimi
докажување
Албански: tregon

доклинка повеќе

доклинкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, стигне некаде со клинкање.
Англиски: hop

докрајчи повеќе

докрајчат
Вид збор: Глагол, свршен
Доврши, доведе нешто до крај.
Англиски: finish off Албански: përfundoj

докторлак повеќе

(едн.) докторлакот
Вид збор: Именка, машки род
лекарска професија

докторува повеќе

докторуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се занимава со лекување, работи како лекар.
Англиски: doctor

документарец повеќе

мн. документарци
Вид збор: Именка, машки род
документарен филм
Англиски: documentary

докусури повеќе

докусурат
Вид збор: Глагол, свршен
Уништи, упропасти до крај.
Англиски: finish off

докутура повеќе

докутураат
Вид збор: Глагол, свршен
дотркала
Англиски: roll Албански: rrokulliset
(се докутура) Се дотркала.
Албански: rrokulliset

долапа повеќе

Види и: лапа (несв.)
долапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изеде со лапање сѐ, до крај.
Англиски: gulp

дома повеќе

Види и: дом (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
дом
Англиски: home Албански: shtëpi

домаќин повеќе

мн. домаќини
Вид збор: Именка, машки род
сопруг, маж
Англиски: husband Албански: burri

домаќинлак повеќе

Види и: домаќинство (ср.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
домаќинство

домашар повеќе

мн. домашари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што сака да седи дома.
Албански: ai që nuk del nga shtëpia

донесе повеќе

донесат
Вид збор: Глагол, свршен
Назначи некого на некое работно место, на некоја функција.
Англиски: appoint Албански: caktoj

допаѓа повеќе

допаѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(ми, му, им, се допаѓа) бендисува
Англиски: like

досамоти повеќе

Вид збор: Предлог
Многу блиску, веднаш до некого, до нешто.
Англиски: nearby

доскака повеќе

Види и: доскока (св.)
доскакаат
Вид збор: Глагол, свршен
доскока
Англиски: jump

достиска повеќе

Види и: стиска (несв.)
достискаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дочува, додржи нешто.
Англиски: save Албански: shtrëngoj, ruaj

дотера повеќе

дотераат
Вид збор: Глагол, свршен
Стигне до некаква положба или степен на рангирање.
Англиски: advance Албански: përparoj

доточка повеќе

(се) доточкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, пристигне некаде долго движејќи се еден по друг.
Англиски: arrive Албански: arrij

дотресок повеќе

мн. дотресоци
Вид збор: Именка, машки род
Последно дете во семејството.

доцникав повеќе

доцникавиот
Вид збор: Придавка
Доцен, задоцнет во помала мера.
Англиски: delayed

дошика повеќе

(се) дошикаат
Вид збор: Глагол, свршен
се сети, се досети
Англиски: remember

дошиклив повеќе

дошикливиот
Вид збор: Придавка
Што лесно се дошикува.
Англиски: crafty

драка повеќе

мн. драки
Вид збор: Именка, женски род
Секое растение со боцки.
Англиски: thorn Албански: ferrë

дрангулија повеќе

мн. дрангулии
Вид збор: Именка, женски род
(обично во мн.) Ситница без голема вредност (украсни предмети, бижутерија).
Англиски: trifle

драпне повеќе

драпнат
Вид збор: Глагол, свршен
избега
Англиски: escape Албански: ikë, largohet

драсне повеќе

драснат
Вид збор: Глагол, свршен
избега
Англиски: escape Албански: ik
Примери:
Чекаат погоден миг да ја драснат за дома.

дрибла повеќе

дриблаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мами, измамува некого.
Англиски: cheat Албански: mashtron, driblon

дркол повеќе

мн. дрколи
Вид збор: Именка, машки род
старец
Англиски: old man

дркул повеќе

Види и: дркол (м.)
мн. дркули
Вид збор: Именка, машки род
дркол

дрнка повеќе

дрнкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
дрнда
Англиски: strum Албански: bie në gishta
чука, тропа
Англиски: tinkle Албански: troket
Збори непрекинато.
Англиски: blab Албански: llafazan

дрска повеќе

дрскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има пролив.

дрскосерец повеќе

Види и: дрскавица (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
пролив
Англиски: diarrhea

дрслив повеќе

дрсливиот
Вид збор: Придавка
Што е плашлив, страшлив.
Англиски: timid
Што често има пролив.

дрт повеќе

дрта
Вид збор: Придавка
Што е стар, опаднат.
Англиски: old

дртало повеќе

мн. дртала
Вид збор: Именка, среден род
старо, изнемоштено лице

дртее повеќе

дртеат
Вид збор: Глагол, свршен
старее
Англиски: grow old

дртина повеќе

мн. дртини
Вид збор: Именка, женски род
стара, изнемоштена жена

дртла повеќе

мн. дртли
Вид збор: Именка, женски род
Стара, дрта жена.
Албански: grua plakë
Мрзлива жена.
Албански: grua dembele

друг повеќе

други
Вид збор: Придавка
За означување неопределеност, приближност во некоја проценка.
Англиски: other Албански: tjetër

другаде повеќе

Вид збор: Прилог
На некое друго место.
Англиски: somewhere else

другар повеќе

мн. другари
Вид збор: Именка, машки род
Општ назив за обраќање (кон името, презимето, звањето) од времето на ослободителното движење и на социјалистичкото уредување (до 1990).
Англиски: comrade Албански: shok

друштво повеќе

мн. друштва
Вид збор: Именка, среден род
(само едн.) Лице што придружува, разонодува некого.
Англиски: companion Албански: shoqërues

дубара повеќе

мн. дубари
Вид збор: Именка, женски род
измама, сплетка, шега
Англиски: machination Албански: intrigë, dredhi

дубарлак повеќе

Види и: дубара (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
дубара
Англиски: scam

дува повеќе

дуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Свири на некој дувачки инструмент.
Англиски: blow Албански: fryj

дуе повеќе

дујат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се дуе) Се прави важен, надмен.
Англиски: puff up Албански: fryhet, lavdërohet
(се дуе) Се лути.
Англиски: annoy Албански: zemëroj

дупачлак повеќе

мн. дупачлаци
Вид збор: Именка, машки род
потсмев, мајтап
Англиски: joke

дупи повеќе

дупат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи со игла.
Англиски: stitch Албански: thur
Како поттик - бегај, трчај, терај.
Англиски: push Албански: shtyj
За сексуален однос.
Англиски: fuck Албански: kryej aktin seksual
(се дупи) Се подбива со некого.
Англиски: joke Албански: tallet
(се дупи) Има сексуален однос.
Англиски: fuck Албански: kryej aktin seksual

дупка повеќе

мн. дупки
Вид збор: Именка, женски род
Празнина кон или во внатрешноста на организмот.
Англиски: socket Албански: zgavër
гроб
Англиски: grave Албански: gropë, varr

дупли повеќе

дупла
Вид збор: Придавка
Што е двојно поголем, двојно повеќе од вообичаеното.
Англиски: double

дупло повеќе

Вид збор: Прилог
двојно
Англиски: double

дурли повеќе

(се) дурлат
Вид збор: Глагол, несвршен
се лути
Англиски: sulk Албански: hidhërohet

дурми повеќе

(се) дурмат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) мурти

дустабан повеќе

мн. дустабани
Вид збор: Именка, машки род
Рамно стапало.
Англиски: flatfoot Турски: düztaban Албански: shputërafsht

дустабанлија повеќе

мн. дустабанлии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) Што има рамни стапала.
Англиски: flatfooted Турски: düztaban Албански: shputërafshti

дуќанлак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
трговија
Англиски: trade Албански: tergti

душалник повеќе

Види и: душник (м.)
мн. душалници
Вид збор: Именка, машки род
душник
Англиски: windpipe Албански: gabzher

душеме повеќе

мн. душемиња
Вид збор: Именка, среден род
дрвен под
Англиски: wooden floor Турски: döşeme

душен повеќе

душниот
Вид збор: Придавка
задушлив
Англиски: sticky

душман повеќе

мн. душмани
Вид збор: Именка, машки род
противник, непријател
Англиски: enemy Турски: düşman

душманлак повеќе

(едн.) душманлакот
Вид збор: Именка, машки род
големо непријателство
Англиски: enmity Турски: düşmanlık
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш