Разговорно - категорија

ебиветер повеќе

мн. ебиветри
Вид збор: Именка, машки род
апаш, денгуба
Англиски: crook

егзекуција повеќе

мн. егзекуции
Вид збор: Именка, женски род
уништување
Англиски: destruction Албански: rrënim

еглендисува повеќе

еглендисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
разговара, муабети, се разонодува
Англиски: entertain Турски: eğlenmek

егленџе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Разонодување или интересен муабет.
Англиски: entertainment Турски: eğlence

еден повеќе

Види и: еден (бр.)
Вид збор: Заменка
За потцртување, за истакнување на именката.
Англиски: some

едепсаз повеќе

мн. едепсази
Вид збор: Именка, машки род
бесрамник, безобразник
Англиски: impertinent Турски: edepsiz

едикојси повеќе

Вид збор: Заменка
некојси
Англиски: somebody

еј повеќе

Вид збор: Извик
За повикување и привлекување внимание.
Англиски: hey
За потсилување на исказот.
Англиски: hey

еклектизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Несамостојност и површност.
Англиски: superficiality Албански: cektësi

ексик повеќе

Вид збор: Придавка
Што е нецелосно, фалично.
Англиски: faulty Турски: eksik

екскомуницира повеќе

екскомуницираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Исклучи, исклучува некого од некоја заедница, организација, друштво и сл.
Англиски: excommunicate Албански: ekskomunikim

експлодира повеќе

експлодираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Избувне, избувнува, од мирна состојба наеднаш премине, преминува во гласно изразување на силна вознемиреност, возбуда, гнев и сл.
Англиски: explode Албански: eksplodoj

електроника повеќе

(едн.) електрониката
Вид збор: Именка, женски род
Апарати што работат со помош на некои електромагнетни процеси.
Англиски: electronic devices Албански: paisje elktronike

ем повеќе

Вид збор: Сврзник
Составен, копулативен; и, притоа.
Англиски: and Турски: hem
Разделен, повторен; и...и.
Англиски: either

ептен повеќе

Вид збор: Прилог
сосем
Англиски: totally Турски: epten

ербап повеќе

ербапи
Вид збор: Придавка
(немен. по род) способен, вешт, важен, напернат
Англиски: capable Турски: erbap

ербаплак повеќе

мн. ербаплаци
Вид збор: Именка, машки род
Особина на тој што е ербап.
Англиски: capability Турски: erbap

ербаплиски повеќе

Види и: ербап (прид.)
ербаплискиот
Вид збор: Придавка
ербап, ербаплија

еретик повеќе

мн. еретици
Вид збор: Именка, машки род
отпадник, бунтовник
Англиски: heretic Албански: eretik

есап повеќе

мн. есапи
Вид збор: Именка, машки род
сметка
Англиски: account Турски: hesap

есапи повеќе

есапат
Вид збор: Глагол, свршен
смета, пресметува
Англиски: calculate Албански: njehsoj
Оценува, искажува свое мислење, сопствена процена.
Англиски: value Албански: vlersoj
Зема предвид.
Англиски: take into account Албански: marr parasysh

еснафштина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
малограѓанштина
Англиски: petty bourgeois

еуфорија повеќе

(едн.) еуфоријата
Вид збор: Именка, женски род
Состојба на радосна возбуда, претерано воодушевување.
Англиски: euphoria Албански: eufori

ешко повеќе

мн. ешковци
Вид збор: Именка, машки род
еж
Англиски: hedgehog

ешта повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
апетит, волја
Англиски: appetite Турски: iştah
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш