Разговорно - категорија

и повеќе

Вид збор: Сврзник
Самостојно, во разговорниот јазик, со очекување да продолжи со зборувањето.
Англиски: and
На почетокот на реченица, обично во разговорниот јазик, како знак дека мислата продолжува.
Англиски: and

ивтирија повеќе

Види и: ифтирија (ж.)
мн. ивтирии
Вид збор: Именка, женски род
клевета
Англиски: slander Турски: iftira

идиот повеќе

мн. идиоти
Вид збор: Именка, машки род
глупак, будала
Англиски: idiot

идиотизам повеќе

(едн.) идиотизмот
Вид збор: Именка, машки род
глупост, бесмислица
Англиски: nonsense Албански: nonsens

идиотски повеќе

идиотскиот
Вид збор: Придавка
глупав, бесмислен
Англиски: stupid

идиотштина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Идиотско однесување, идиотски постапки, крајна глупост.
Англиски: idiocy

идолопоклонство повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Сервилен начин на изразување почит кон некого или нешто.
Англиски: idolatry Албански: idhujtari

изарчи повеќе

изарчат
Вид збор: Глагол, свршен
Потроши до крај, целосно (пари и сл.)
Англиски: spend Албански: shpenzoj

избербати повеќе

Види и: бербати (несв.)
избербатат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде валкан, нечист.
Англиски: pollute Турски: berbat Албански: berbat, njollos

избута повеќе

Види и: бута (несв.)
избутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Истурка, со туркање отстрани, измести.
Англиски: push out

избутка повеќе

Види и: бутка (несв.)
избуткаат
Вид збор: Глагол, свршен
истурка
Англиски: push Албански: shtyj
Туркање на испит, повеќемина, сите.
Албански: rrëzoj

извади повеќе

извадат
Вид збор: Глагол, свршен
Поврати материјални средства како резултат на вложување, надополни.
Англиски: return Албански: nxjerr, kthen

извеан повеќе

извеаниот
Вид збор: Придавка
Што душевно многу попуштил (обично од старост).
Англиски: senile

извиси повеќе

извисат
Вид збор: Глагол, свршен
Остане без очекуваното, најчесто за средба или добивка.
Англиски: outtrick Албански: ngel
Направи некој да остане без очекуваното, најчесто за средба или добивка.
Англиски: stand up Албански: ngrihem

изгази повеќе

Види и: гази (несв.)
изгазат
Вид збор: Глагол, свршен
Крвнички тепа некого.
Англиски: clobber Албански: përgjakë

изгор повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Многу силна љубов.
Англиски: love Албански: dashuri e flaktë

изгора повеќе

Види и: изгор (м.)
Вид збор: Именка, женски род
изгор
Англиски: love

изгори повеќе

изгорат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде уништено како последица на голема употреба, остар вкус.
Англиски: burn Албански: djeg

издига повеќе

Види и: дига (несв.)
издигаат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Земе сè што може да се земе од некаде, наеднаш, со брзање.
Англиски: steal Албански: merr
Украде, земе насила.
Англиски: steal Албански: vjedh

издува повеќе

издуваат
Вид збор: Глагол, свршен
(се издува) Изживее, надмине некој стадиум во развојот.
Албански: ripërjetoj

излапен повеќе

излапени
Вид збор: Придавка
Што станал сенилен од старост.
Англиски: senile

излесни повеќе

излеснат
Вид збор: Глагол, свршен
За родилка - се породи лесно, без тешкотии.
Албански: lehtësohem, lindi leht

измава повеќе

измаваат
Вид збор: Глагол, свршен
Истепа, претепа некого.
Англиски: beat

измајстори повеќе

Види и: измајсториса (св.)
измајсторат
Вид збор: Глагол, свршен
измајсториса

измајсториса повеќе

измајсторисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да биде добро изработено, како од мајстор.
Албански: mjeshtroj, rregulloj
На лукав, вешт начин постигне нешто.
Албански: mjeshtroj

изматка повеќе

изматкаат
Вид збор: Глагол, свршен
измами, излаже
Англиски: cheat Албански: mashtroj, gënjej
Завртка некого, одземе, потроши некому време бесполезно.
Англиски: distract Албански: çmend

измачувачка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
мака, напор, труд
Англиски: ordeal

измеси повеќе

Види и: меси (св. и несв.)
измесат
Вид збор: Глагол, свршен
Претепа некого.
Англиски: beat up Албански: rrah, ngjesh

измести повеќе

изместат
Вид збор: Глагол, свршен
(се измести) Се помести од умот, полуде.
Англиски: madden Албански: çmendem

измеќар повеќе

мн. измеќари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што заработува служејќи други луѓе.
Англиски: servant Турски: hizmetkâr Албански: shërbëtor, yzmeqar
Лице што оди против општите интереси, што тајно му служи на непријателот.
Англиски: quisling Турски: hizmetkâr Албански: shërbëtor, tradhtar

измеќари повеќе

измеќарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Служи како измеќар.
Англиски: serve Турски: hizmetkârlık yapmak

измолкне повеќе

измолкнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се измолкне) Брзо израсте, се извиши.
Англиски: grow fast Албански: zgjatem, rritem

измота повеќе

Види и: мота (несв.)
измотаат
Вид збор: Глагол, свршен
Лаже, мами некого.
Англиски: swindle Албански: gënjej, mashtroj

измотка повеќе

Види и: измота (св.)
измоткаат
Вид збор: Глагол, свршен
измота

измоча повеќе

Види и: моча (несв.)
измочаат
Вид збор: Глагол, свршен
Помогне при вршење мала нужда, мочање, обично за мало дете или животно.
Англиски: pee Албански: urinoj

измрзнувачка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Измрзнување, многу студено време.

измудри повеќе

измудрат
Вид збор: Глагол, свршен
По долго мислење, двоумење лошо смисли, лошо постапи.
Албански: gabimisht mendoj

изнабута повеќе

Види и: набута (св.)
изнабутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Напика, набута во нешто.
Англиски: push

изнагнете повеќе

Види и: нагнете (св.)
изнагнетат
Вид збор: Глагол, свршен
(се изнагнете) Се најаде лакомо, во голема мера.
Англиски: stuff Албански: rras shumë, ngopet

изнакрка повеќе

Види и: крка (несв.)
(се) изнакркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Крка, јаде многу, во голема количина.

изнамава повеќе

Види и: намава (св.)
изнамаваат
Вид збор: Глагол, свршен
Измава, натепа некого, многу.

изнапика повеќе

Види и: напика (св.)
изнапикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Смести на некое добро место, најчесто - работно место.
Албански: futem, marr vend të mirë

изрезили повеќе

изрезилат
Вид збор: Глагол, свршен
Резили некого, посрамоти пред други луѓе.
Англиски: dress down Турски: rezil Албански: turpëroj, qortoj, bëj rezil

иј повеќе

Вид збор: Извик
Ај, ама
Англиски: hey

иконом повеќе

мн. икономи
Вид збор: Именка, машки род
Лице што раководи со нечиј имот или стопанство (приватно, манастирско, воено).
Англиски: bailiff Албански: përmbarues
Човек што работи во служба за снабдување во некоја установа или претпријатие.
Англиски: economist Албански: përmbarues
Човек што се грижи пред сѐ за финансиите, штедлив, па дури и скржав.
Англиски: miser Албански: përmbarues

икономиса повеќе

икономисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Штеди, заштедува нешто.
Англиски: save Албански: kursej

икономџија повеќе

мн. икономџии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што штеди многу.

икрам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
почитување, чест
Англиски: honour Турски: ikram

иктиза повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
потреба, нужда
Англиски: need Турски: iktiza

ила повеќе

Вид збор: Прилог
иља

илегалец повеќе

мн. илегалци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што живее некаде (во стан, дом) непријавен, што не плаќа станарина и не ги исполнува предвидените обврски.
Албански: ilegal

илегалчи повеќе

илегалчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Живее или работи илегално.

илјаџија повеќе

Види и: илеџија (м.)
мн. илјаџии
Вид збор: Именка, машки род
илеџија

илје повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Измама со инаетење, т.е. непризнавање дека нешто погрешно се сторило, тврдејќи дека така е исправно.
Англиски: cheating Турски: hile

иља повеќе

Вид збор: Прилог
само
Англиски: only Турски: illa

иљач повеќе

мн. иљачи
Вид збор: Именка, машки род
лек
Англиски: medicine, remedy Турски: ilaç

има повеќе

имаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Е имашлив, богат.
Англиски: have Албански: i pasur

име повеќе

мн. имиња
Вид збор: Именка, среден род
именден
Англиски: name day Албански: ditë emri

импортира повеќе

импортираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Навлезе, навлегува од странство (на пример мода, навики, обичаи).
Англиски: import Албански: importoj

инает повеќе

инаетот
Вид збор: Именка, машки род
Упорно и намерно противставување на нечија волја.
Англиски: stubbornness Турски: inat

инаетчија повеќе

мн. инаетчии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што е склон кон инаетење; тврдоглав човек.
Англиски: pighead Турски: inatçı

инат повеќе

Види и: инает (м.)
инатот
Вид збор: Именка, машки род
инает
Англиски: stubbornness Турски: inat

инати повеќе

Види и: инаети (несв.)
(се) инатат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се противи, не попушта.
Англиски: defy Турски: inat

инка повеќе

мн. инки
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што личи на таа направа (звучник, кратер, дупка во земјата).
Англиски: funnel Албански: hinkë

интересчија повеќе

мн. интересчии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што ги гледа само сопствените интереси со цел да искористи некого или нешто.

инќар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
одрекување, оспорување
Англиски: denial Турски: inkâr

инќари повеќе

инќарат
Вид збор: Глагол, несвршен
одрекува, оспорува
Англиски: deny

исав повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
милост, милосрдие
Англиски: sympathy Турски: insaf Албански: mëshirë

исавлија повеќе

мн. исавлии
Вид збор: Придавка
Што е милосрден, што има милост.
Англиски: humanly Турски: insaflı

исе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
дел
Англиски: share Турски: hisse

искастри повеќе

Види и: кастри (несв.)
искастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнатепа некого.
Англиски: beat up Албански: rrah, sakatoj

искашка повеќе

искашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Упропасти нешто.
Англиски: mess up Албански: prish, dëmtoj

исквака повеќе

Види и: исквачи (св.)
исквакаат
Вид збор: Глагол, свршен
исквачи
Англиски: hatch

искилави повеќе

искилават
Вид збор: Глагол, свршен
(се искилави) Се премори, се сотре од голем напор.
Англиски: exhaust Албански: rraskapitem

исклепа повеќе

исклепаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто сам, нестручно, како било.
Албански: cokat, sajoj diçka vet

исклешти повеќе

Види и: клешти (несв.)
(се) исклештат
Вид збор: Глагол, свршен
Се насмее силно, гласно, покажувајќи ги забите со грда гримаса.
Англиски: deride, snarl

ископа повеќе

ископаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнајде, открие нешто скриено, зафрлено, исчезнато и сл.
Англиски: dig out Албански: gërmoj

искористен повеќе

Види и: искористи (св.)
искористени
Вид збор: Придавка
(глаг. прид.) искористи
Англиски: used

искошка повеќе

Види и: кошка (несв.)
искошкаат
Вид збор: Глагол, свршен
истера, избрка, изгони
Англиски: push out Албански: hedh jashtë

искрка повеќе

искркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со кркање изеде до крај.

ислужен повеќе

ислужениот
Вид збор: Придавка
Што го минал работниот век, некорисен, неспособен.
Англиски: worn-out

испари повеќе

испарат
Вид збор: Глагол, свршен
Исчезне одеднаш, скришно.
Англиски: disappear Албански: zhduket

испегла повеќе

испеглаат
Вид збор: Глагол, свршен
Претепа некого или искаже некому строги забелешки.
Англиски: dress down Албански: qortoj ashpër

испее повеќе

Види и: пее (несв.)
испеат
Вид збор: Глагол, свршен
прочита
Англиски: recite Албански: lexoj, këndoj

испентери повеќе

(се) испентерат
Вид збор: Глагол, свршен
Со напор се искачи некаде на високо.
Англиски: climb up

испетели повеќе

Види и: петели (несв.)
(се) испетелат
Вид збор: Глагол, свршен
Се направи важен, покаже сила.
Англиски: puff up

испие повеќе

Види и: пие (несв.)
испијат
Вид збор: Глагол, свршен
За тутун - испуши.
Англиски: smoke up Албански: pij

испика повеќе

испикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Намести некого (обично незаслужено, нерегуларно) на висока општествена положба, на работно место и сл.
Англиски: push Албански: fut në kurth

испипа повеќе

испипаат
Вид збор: Глагол, свршен
Извиди, истражи, открие, дознае нешто.
Албански: zbuloj, hetoj

испишмани повеќе

испишманат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да стане пишман, расколеба некого, одврати од некаква намера.
Англиски: regret Турски: pişman etmek Албански: bëj pishman

исполае повеќе

исполаат
Вид збор: Глагол, свршен
Зборува многу, зборува нешто што не треба.
Албански: leh, flet shumë

испомоча повеќе

испомочаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измоча нешто, облее со моч.
Англиски: pee Албански: urinoj, shurroj
(се испомоча) се измоча
Англиски: pee Албански: përshurem

испоначичка повеќе

испоначичкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Начичка, насобере многу нешта на тесен простор, во несоодветно нешто.
Англиски: stuff Албански: grumbulloj, tuboj

испопали повеќе

испопалат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испопали) Многу се разжешти, се возбуди за нешто.
Англиски: infuriate Албански: tërboj, xhindos

испосере повеќе

испосерат
Вид збор: Глагол, свршен
Посере нешто, испогани.
Англиски: shit Албански: dhij, mutos
(се испосере)
Албански: dhihem

испосник повеќе

мн. испосници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што живее по строги правила, со големи самооткажувања.
Англиски: ascetic Албански: asket, vetmitar

испоцрка повеќе

испоцркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Исцрка во голем број, сите.
Англиски: perish, die

испружи повеќе

испружат
Вид збор: Глагол, свршен
(се испружи) Плати нешто (при купување, направена услуга и сл.) или кога треба да се стави потпис.
Англиски: stretch Албански: harxhohem, shpenzoj shumë

испумпува повеќе

Види и: испумпа (св.)
испумпуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
испумпа
Англиски: pump Албански: pumpoj

истанчи повеќе

Види и: танчи (несв.)
истанчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истанчи) Стане слаб, ослаби.
Англиски: thin Албански: dobësoj

истарашка повеќе

истарашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измеша, испреврти сѐ барајќи нешто.
Англиски: rummage

истегари повеќе

Види и: истегне (св.)
(се) истегари
Вид збор: Глагол, свршен
(се) истегне
Англиски: stretch

историја повеќе

мн. истории
Вид збор: Именка, женски род
наставен предмет
Англиски: history Албански: histori
Учебник по тој предмет.
Албански: libër historie

источњак повеќе

мн. источњаци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што по потекло, по идеи и по култура му припаѓа на Исток.
Англиски: easterner

истрбуши повеќе

истрбушат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истрбуши) Се распетла, се распаше, стане неспастрен во облеката.
Албански: hapem

истрга повеќе

истргаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измери тежина на поголем број нешта, на поголемо количество.
Англиски: weigh out Албански: mati, peshoj

истребувачка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
истребување
Англиски: annihilation

истресе повеќе

Види и: тресе (несв.)
истресат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже нешто неумесно, непромислено.
Англиски: drop Албански: tha

истресок повеќе

мн. истресоци
Вид збор: Именка, машки род
Последно дете од некој брак.

истропа повеќе

истропаат
Вид збор: Глагол, свршен
Каже нешто непромислено.
Англиски: chatter Албански: bërbëlit, rras

истрча повеќе

Види и: трча (несв.)
истрчаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истрча) Се раздвижи со трчање, потроши вишок енергија.
Англиски: run Албански: vrapoj

истумба повеќе

истумбаат
Вид збор: Глагол, свршен
Преврти нешто наопаку.

истумбури повеќе

Види и: тумбури (несв.)
(се) истумбурат
Вид збор: Глагол, свршен
тумбури
Англиски: brag

истурка повеќе

истуркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Оцени слабо на испит многумина, сите.
Албански: dobët
Истера, стигне до определено време (со храна, со пари).
Англиски: make Албански: arrij

истуши повеќе

(се) истушат
Вид збор: Глагол, свршен
Остане без воздух, се испразни.
Англиски: deflate Албански: shfryj
Се ослободи од гнев, од лутина, од некаква душевна тежина.
Англиски: liberate Албански: shfryhem, lirohem

исуши повеќе

Види и: суши (несв.)
исушат
Вид збор: Глагол, свршен
Испие, испразни до капка.
Англиски: empty Албански: zbraz
Силно удри некого, нанесе силна болка.
Англиски: hit Албански: godit
(се исуши) За мускул - атрофира, ја изгуби функцијата.
Англиски: atrophy Албански: atrofi

исфрли повеќе

исфрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнесе во јавност.
Англиски: publicize Албански: publikoj

исцери повеќе

Види и: цери (несв.)
(се) исцерат
Вид збор: Глагол, свршен
Се насмее наместено и нападно.
Англиски: grin

исцимка повеќе

Види и: исцимоли (св.)
исцимкаат
Вид збор: Глагол, свршен
исцимоли

исцуцули повеќе

исцуцулат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи врв на нешто, стави нешто премногу високо.
Албански: vë në maje
Постави некого на највисоко место.
Албански: vë në pozicion të lartë
(се исцуцули) Се постави на повисоко место, се направи повисок.
Албански: del para

исчанчи повеќе

исчанчат
Вид збор: Глагол, свршен
Искриви, изврши нешто.
Албански: praptoj, prish syt

исчатали повеќе

(се) исчаталат
Вид збор: Глагол, свршен
Се направи важен.
Албански: bëhet mendjelartë

исчепати повеќе

исчепатат
Вид збор: Глагол, свршен
За уста - непристојно рашири, отвори.
Англиски: grimace Албански: hap gojën

исчипчи повеќе

Види и: чипчи (несв.)
(се) исчипчат
Вид збор: Глагол, свршен
Се извлече, се спаси, се откине од некого или од нешто.

исчита повеќе

исчитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Искаже строга забелешка, строга поука.
Англиски: reprimand Албански: vërejtje, qortim

исчука повеќе

исчукаат
Вид збор: Глагол, свршен
збудали
Англиски: madden Албански: çmend

исчукан повеќе

исчуканиот
Вид збор: Придавка
Што е збудален, ненормален.
Англиски: nutty, crazy

исчуручи повеќе

(се) исчуручат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане чурук, лош, злобен, се расипе.
Англиски: spoil

исшлапа повеќе

исшлапаат
Вид збор: Глагол, свршен
исшлака
Англиски: slap Албански: llapashit

ифтирија повеќе

Види и: ивтирија (ж.)
мн. ифтирии
Вид збор: Именка, женски род
клевета
Англиски: slander Турски: iftira

их повеќе

Вид збор: Извик
За изразување жалење.
За изразување весело расположение (при играње оро).

иха повеќе

Вид збор: Извик
За изразување голема мера.
За изразување весело расположение (при играње оро).

ихуу повеќе

Види и: иха (изв.)
Вид збор: Извик
иха!

ич повеќе

Вид збор: Прилог
ништо, никако, нималку
Англиски: not at all Турски: hiç

иш повеќе

Вид збор: Извик
За бркање кокошки, птици.
Англиски: shoo
За бркање што било друго.
Англиски: shoo

ишарет повеќе

мн. ишарети
Вид збор: Именка, машки род
знак, гест
Англиски: sign Турски: işaret
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш