Разговорно - категорија

каба повеќе

Вид збор: Придавка
(за штоф) дебел, неквалитетен
Англиски: rough Турски: kaba
(за човек) неотпорен, неиздржлив
Турски: kaba

кабадаија повеќе

мн. кабадаии
Вид збор: Именка, машки род
напернат, вообразен човек
Англиски: ruffian Турски: kabadayı Албански: njeri kryelartë

кабает повеќе

Види и: кабаат (м.)
мн. кабаети
Вид збор: Именка, машки род
вина, кривица
Англиски: fault Турски: kabahat Албански: faj
кабаетлија
Англиски: guilt Албански: fajtor

кабаетлија повеќе

мн. кабаетлии
Вид збор: Придавка
крив, виновен
Англиски: guilty Турски: kabahatli

кабардиса повеќе

кабардисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Нарасне, набабри, се надуе, го зголеми обемот (најчесто при ферментација).
Англиски: swell Турски: kabarmak

кабил повеќе

Вид збор: Придавка
Способен, што е во состојба, што е спремен нешто да направи.
Англиски: capable Турски: kabiliyet

кабул повеќе

Вид збор: Придавка
Во состав со глаголите чини, прави, стори - се согласи, даде дозвола; прифати, даде согласност за нешто.
Англиски: acceptance Турски: kabul

кабули повеќе

кабулат
Вид збор: Глагол, несвршен
Сака, прифаќа, се согласува, дава дозвола за нешто.
Англиски: accept Турски: kabul etmek

кавга повеќе

мн. кавги
Вид збор: Именка, женски род
караница, расправија
Англиски: quarrel Турски: kavga Албански: zënkë, grindje

кавгаџија повеќе

мн. кавгаџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што предизвикува кавги.
Англиски: brawler Турски: kavgacı

кавгаџилак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
расправање, карање
Англиски: quarrel Турски: kavgacılık

каврадиса повеќе

каврадисаат
Вид збор: Глагол, свршен
прицврсти, спои, заглави, свитка
Англиски: bend Турски: kıvırmak

кади повеќе

кадат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта чад.
Англиски: smoke Албански: lëshon tym

кадро повеќе

мн. кадра
Вид збор: Именка, среден род
фотографија
Англиски: photograph

кадровик повеќе

мн. кадровици
Вид збор: Именка, машки род
кадровски референт

кадроса повеќе

кадросаат
Вид збор: Глагол, свршен
фотографира
Англиски: photograph Албански: fotografoj

кажувачка повеќе

мн. кажувачки
Вид збор: Именка, женски род
кажување
Англиски: talking, tale

каздиса повеќе

каздисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Налути некого.
Англиски: anger Турски: kızmak Албански: këzdis, hidhëron

каик повеќе

мн. каици
Вид збор: Именка, машки род
чамец, чун
Англиски: boat Турски: kayık

каикчија повеќе

мн. каикчии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што вози каик, што превезува со каик.
Англиски: skipper Турски: kayıkçı

каил повеќе

Вид збор: Придавка
Согласен, склон, расположен за нешто.
Англиски: inclined Турски: kail

кајдиса повеќе

кајдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
нападне, погуби
Англиски: attack Турски: kaydırmak

какофонија повеќе

(едн.) какофонијата
Вид збор: Именка, женски род
Неусогласеност, збрканост, хаотичност (на гласови, зборови, миcли, идеи); лошо сложување на повеќе нешта.
Англиски: chaos Албански: kaos

калабалак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Мноштво народ собран на едно место.
Англиски: crowd Турски: kalabalık Албански: kallaballëk, grumbull
Многумина во семејството.
Англиски: large family Албански: kallaballëk, familje e madhe

калајлија повеќе

Вид збор: Придавка
калаен

калакурница повеќе

мн. калакурници
Вид збор: Именка, женски род
хаос, метеж
Англиски: chaos

калач повеќе

мн. калачи
Вид збор: Именка, машки род
(само едн.) Само во изразот: на калач - накосо, настрана.
Англиски: slanted Албански: shpata anohet

камбур повеќе

Вид збор: Именка, машки род
грбавец
Англиски: hunchback Турски: kambur

камбурест повеќе

камбурестиот
Вид збор: Придавка
грбав
Англиски: hunchback

камен повеќе

мн. камење
Вид збор: Именка, машки род
пари
Англиски: dough Албански: para

камењарка повеќе

Види и: каменарка (ж.)
мн. камењарки
Вид збор: Именка, женски род
улична проститутка
Англиски: prostitute Албански: prostitute

кана повеќе

мн. кани
Вид збор: Именка, женски род
намера
Англиски: intention Албански: qëllim

кандардиса повеќе

кандардисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнуди согласност, принуди, наговори некого на нешто.
Англиски: persuade Турски: kandırma

кањари повеќе

кањарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чита молитви во црква.

капаклија повеќе

мн. капаклии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) Што има капак.

капакчија повеќе

мн. капакчии
Вид збор: Именка, женски род
Тој што има одговор за cѐ.

капела повеќе

мн. капели
Вид збор: Именка, женски род
шапка, обично женска
Англиски: cap Албански: kapelë, kësulë

капира повеќе

капираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
сфати, сфаќа, разбира
Англиски: understand

капне повеќе

капнат
Вид збор: Глагол, свршен
За дожд - заврне малку.
Англиски: rain Албански: pikoj

караѓоз повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прави смешки, комичар.
Англиски: comedian Турски: karagöz Албански: komedian

караконџол повеќе

мн. караконџоли
Вид збор: Именка, машки род
Вештер, вампир, зол човек.
Англиски: sorcerer Албански: magjistar, njeri i ligë

караштиса повеќе

караштисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Измеша неколку работи, нешта.
Англиски: mix Турски: karışmak Албански: përziej
(се караштиса) Се измеша со нешто.
Англиски: mix Турски: karışmak Албански: përziej

кардаш повеќе

мн. кардаши
Вид збор: Именка, машки род
другар, пријател, брат
Англиски: brother Турски: kardeş

кармакараши повеќе

Вид збор: Прилог
растурено, измешано
Англиски: disarray Турски: karmakarışık

картаџија повеќе

мн. картаџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што често се карта.
Англиски: card player

карши повеќе

Вид збор: Прилог
Спроти, од спротивната страна.
Англиски: opposite Турски: karşı

каршија повеќе

Вид збор: Прилог
отспротива
Англиски: against

каршилак повеќе

мн. каршилаци
Вид збор: Именка, машки род
Одговор на прашање, одговарање.
Англиски: reply Турски: karşılık Албански: përgjigje
Елече изработено од домашно платно.
Турски: karşılık Албански: jelek, zdesh
раб на платно
Турски: karşılık Албански: teh i petkut

касапаана повеќе

Види и: касапница (ж.)
мн. касапаани
Вид збор: Именка, женски род
касапница
Англиски: slaughterhouse

касапница повеќе

мн. касапници
Вид збор: Именка, женски род
Продавница за месо.
Англиски: butcher's shop Албански: mishtore

каскандиса повеќе

каскандисаат
Вид збор: Глагол, свршен
завиди
Англиски: envy Турски: kıskanç

касканџија повеќе

мн. касканџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што завидува.
Турски: kıskançcı

касканџилак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
завидливоcт
Англиски: jealousy Турски: kıskanç

касмет повеќе

(едн.) касметот
Вид збор: Именка, машки род
среќа, судбина
Англиски: fate Турски: kısmet

касметлив повеќе

касметливиот
Вид збор: Придавка
Што има среќа, среќник.
Англиски: lucky dog

кастри повеќе

кастрат
Вид збор: Глагол, несвршен
Скуси, ограничи нешто.
Англиски: shorten Албански: shkurtoj
Кара, укорува некого.
Англиски: reprimand Албански: qorton

ката повеќе

Вид збор: Префикс
Како прв дел од сложенки означува дека нешто се повторува во временско растојание означено со вториот дел од сложенката; со значење секој.
Англиски: every

катаден повеќе

Вид збор: Прилог
катадневно

катадешен повеќе

катадешна
Вид збор: Придавка
секојдневен

катадневен повеќе

катадневни
Вид збор: Придавка
Што се повторува секој ден, што се случува, што се извршува секој ден.
Англиски: everyday
Што служи за секој ден.
Англиски: usual

катана повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Крупен коњ.
Албански: kal i madh
Крупна жена.
Албански: grua e madhe

катани повеќе

(се) катанат
Вид збор: Глагол, несвршен
Талка, оди без цел, скита.

катиљ повеќе

мн. катили
Вид збор: Именка, машки род
престапник, злосторник, убиец
Англиски: murderer Турски: katil Албански: katil, gjakësor
Многу лош човек.
Англиски: villain Албански: katil. njeri i lig

катмер повеќе

мн. катмери
Вид збор: Именка, машки род
слој
Англиски: layer
Примери:
Го нема ѓомлезецот твој - катмер од катмер да се изделува.

катмерлија повеќе

мн. катмерлии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) Што е во слоеви, слоевит.
За цвеќе - што има повеќе ливчиња наредени во неколку реда.

кафе повеќе

мн. кафиња
Вид збор: Именка, среден род
кафеана
Англиски: restaurant Турски: kahve Албански: restorant

качак повеќе

мн. качаци
Вид збор: Именка, машки род
Лош, суров, непреработен тутун.
Англиски: raw tobacco Албански: kaçak, duhan

кашар повеќе

Види и: каша (ж.)
мн. кашари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што многу сака каша, љубител на каша.

кашле повеќе

Види и: кашло (м.)
мн. кашлевци
Вид збор: Именка, машки род
кашло

кашло повеќе

мн. кашловци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што често кашла; тој што боледува од кашлица.

квадрат повеќе

мн. квадрати
Вид збор: Именка, машки род
Квадратен метар како единица мерка за површина.
Англиски: square meter Албански: metër katror

квакне повеќе

Види и: квака (несв.)
квакнат
Вид збор: Глагол, свршен
Седне, се заседне.
Албански: ulet, mbetet ulët
Изнемошти од старост, физички пропадне.
Албански: mbetet, i lodhur

квачи повеќе

квачат
Вид збор: Глагол, несвршен
денгуби
Англиски: waste time Албански: klloçit
Предолго работи некоја работа што објективно може да се заврши за покусо време.
Англиски: brood Албански: klloçit

квачило повеќе

мн. квачила
Вид збор: Именка, среден род
Дел од преносниот механизам со кој се активираат тркалата кај моторните возила.
Англиски: clutch

квачка повеќе

мн. квачки
Вид збор: Именка, женски род
Соѕвездието Плејада; најсјајната ѕвезда во тоа соѕвездие.
Албански: ylli më i ndritshëm në plejadë

квитанција повеќе

мн. квитанции
Вид збор: Именка, женски род
Потврда издадена и примена за внесени пари или други вредности.
Англиски: receipt Германски: Quittung Албански: kuitancë, faturë

квичи повеќе

квичат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта карактеристични звуци на квичење.
Англиски: squeak Албански: gërvin

кенка повеќе

кенкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Плаче испрекинато со слаб, болезлив глас.
Англиски: whine

кенкало повеќе

мн. кенкала
Вид збор: Именка, машки род
Лице што постојано, често кенка, плаче без причина.
Англиски: grumbler

кец повеќе

мн. кецови
Вид збор: Именка, машки род
Најјака карта во многу игри со карти, обележана со еден знак.
Англиски: ace Албански: as
Најслаба оценка во училиште, единица, недоволен.
Албански: njëshe

кибар повеќе

Вид збор: Придавка
Што е отмен, елегантен, уреден, педантен; што е достоинствен, горд.
Англиски: elegant Турски: kibar

кибарски повеќе

кибарскиот
Вид збор: Придавка
Што се однеcува на кибар.
Англиски: elegant

кибицер повеќе

мн. кибицери
Вид збор: Именка, машки род
Љубопитен набљудувач на игри со карти, шах, спортски игри и сл.
Германски: Kibitz

кибицира повеќе

кибицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Љубопитно набљудува игри со карти, шах, спортски игри и сл.
Англиски: kibitz Германски: kiebitzen Албански: bën me sy
Набљудува, гледа со интерес и уживање воопшто.
Англиски: watch Албански: vëzhgoj
(се кибицира) Се гледаат еден со друг, кокетираат.
Англиски: flirt Албански: koketoj, flirtoj

кибритчија повеќе

Види и: кибрит (м.)
мн. кибритчии
Вид збор: Именка, машки род
Измамник којшто ги наведува луѓето да играат со кибритчиња и им ги краде парите на обложувачите.
Англиски: swindler

кидне повеќе

киднат
Вид збор: Глагол, свршен
избега, исчезне
Англиски: disappear

кијамет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Лошо време, невреме.
Англиски: mess Турски: kıyamet

кикс повеќе

мн. киксови
Вид збор: Именка, машки род
грешка
Англиски: mistake Албански: kiks, gabim
Погрешен удар со топка во фудбал и други спортски игри.
Албански: kiks, gabim
Погрешно фатен тон при пеење.
Англиски: false tone Албански: ton i gabuar, kiks

киксира повеќе

киксираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави кикс.
Англиски: fail

килажа повеќе

(едн.) килажата
Вид збор: Именка, женски род
Тежина во килограми.
Англиски: weight

кило повеќе

мн. кила
Вид збор: Именка, среден род
килограм
Англиски: kilo Албански: kilogram
Мерка за течност.
Англиски: liter Албански: kilo, litër

кимка повеќе

мн. кимки
Вид збор: Именка, женски род
Желба, намера за одмазда некому; желба да се напакости.
Англиски: caprice

кине повеќе

кинат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се кине) Премногу се труди околу некого или нешто, премногу работи.
Англиски: toil Албански: këputem, rraskapitem

кинис повеќе

(едн.) кинисот
Вид збор: Именка, машки род
тргнување, поаѓање
Англиски: departure

киниса повеќе

кинисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да оди, да се движи.
Англиски: depart

кир повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Напластена нечистотија по кожата на телото или на облеката.
Англиски: dirt Турски: kir

кирлив повеќе

кирливиот
Вид збор: Придавка
Што е нечист, валкан.
Англиски: dirty

кирлиса повеќе

кирлисаат
Вид збор: Глагол, свршен
извалка, измачка
Англиски: pollute Турски: kirletmek Албански: njollos, përlyej

кисне повеќе

киснат
Вид збор: Глагол, несвршен
Престојува некаде подолго време без работа.
Англиски: waste time Албански: ngec

китаб повеќе

(едн.) китабот
Вид збор: Именка, машки род
Книга општо.
Англиски: book Турски: kitap Албански: qitap, libër

кичерај повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Постапка, производ што претставува кич.
Англиски: hokum Германски: Kitscherei Албански: kiç, art pa vlerë
Премногу кич, опкруженост со кич.
Англиски: trumpery Германски: Kitscherei Албански: art i pavlerë, kiç

кланица повеќе

мн. кланици
Вид збор: Именка, женски род
Добиток што се чува за колење.
Англиски: meat stock Албански: bagëti për therje

клапне повеќе

клапнат
Вид збор: Глагол, свршен
Падне, напласти, се задржи долго, заседне на подолго време.
Англиски: fall Албански: bie, rrëzohem
(се клапне) Се заседне, губи време без работа.
Англиски: waste time Албански: bie, shtrij

клекуш повеќе

мн. клекушовци
Вид збор: Именка, машки род
клечо
Англиски: weakling Албански: njeri i dobët moralisht dhe shpirtërisht
Неуреден, распашан човек.
Англиски: hobo Албански: njeri jo i rregulluar

кленца повеќе

кленцаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се ниша ваму-таму, се клати при одот, се гега.
Англиски: sway

клечка повеќе

мн. клечки
Вид збор: Именка, женски род
Многу слаб човек.
Англиски: stick Албански: thupër

клечо повеќе

мн. клечовци
Вид збор: Именка, машки род
Физички, духовно или морално слаб човек.
Англиски: weakling Албански: njeri i dobët moralisht dhe shpirtërisht

клешти повеќе

(се) клештат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се смее силно, гласно; прави гримаси.
Англиски: grimace

клин повеќе

мн. клинови
Вид збор: Именка, машки род
Народен назив за болки во долниот дел на стомакот кај детето.
Англиски: abdominal pain Албански: dhimbje barku

клинец повеќе

мн. клинци
Вид збор: Именка, машки род
дете
Англиски: child Албански: fëmij

клопа повеќе

клопаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лакомо јаде, лапа.
Англиски: gulp Албански: glënjkë, gëlltis

клука повеќе

клукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Постојано тера некого на сила да јаде, да пие нешто.
Англиски: feed Албански: ushqej

клун повеќе

мн. клунови
Вид збор: Именка, машки род
уста
Англиски: mouth Албански: gojë

кљакуш повеќе

мн. кљакуши
Вид збор: Именка, машки род
дрдорко
Англиски: blabber

кљанка повеќе

кљанкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува бесмислици, постојано дрдори; губи време во дрдорење.
Англиски: blab

кљанкач повеќе

мн. кљанкачи
Вид збор: Именка, машки род
дрдорко
Англиски: blabber

кмека повеќе

кмекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Испушта тенок и пискав глас.
Албански: piskëllon

кмекало повеќе

мн. кмекала
Вид збор: Именка, среден род
Тој што често кмека.

кмиши повеќе

кмишат
Вид збор: Глагол, несвршен
Престојува некаде подолго време без работа, безделничи.
Англиски: waste time

книга повеќе

мн. книги
Вид збор: Именка, женски род
писмо
Англиски: letter Албански: letër
учење, писменост, знаење
Англиски: knowledge Албански: njohuri

кобила повеќе

мн. кобили
Вид збор: Именка, женски род
Груба, несмасна или вулгарна жена.
Албански: pelë, grua brutale

кодош повеќе

мн. кодоши
Вид збор: Именка, машки род
клеветник, поткажувач
Англиски: slanderer Турски: kodoş Албански: kodosh, spiun
Посредник при женидба или мажачка.
Англиски: go between Турски: kodoş Албански: mësit, shkues

кодоши повеќе

кодошат
Вид збор: Глагол, несвршен
клевети, поткажува
Англиски: slander Албански: përgojon, spiunon
Посредува при женидба или мажачка.
Англиски: go between Албански: bën mësitni, ndërmjetëson

кокона повеќе

мн. кокони
Вид збор: Именка, женски род
Дотерана, нагиздена жена, госпоѓа.
Англиски: cocotte Албански: kokonë

кокорачко повеќе

мн. кокорачковци
Вид збор: Именка, машки род
Оџарен човек, човек со ококорени очи.
Албански: i zgurdhulluar
Надуен, дрзок човек.
Албански: njeri i vrazhdë

кокошарник повеќе

мн. кокошарници
Вид збор: Именка, машки род
мала, тесна куќа
Англиски: shed Албански: kotec, shpi e vogël

коктел повеќе

мн. коктели
Вид збор: Именка, машки род
Мешавина од многу нешта.
Англиски: mixture Албански: koktej, përzierje

кола повеќе

мн. коли
Вид збор: Именка, женски род
Моторно превозно средство cо четири тркала.
Англиски: car Албански: makinë, veturë
Назив како замена за полниот назив на освежителните пијалаци.
Англиски: coke Албански: koka kolë

колаен повеќе

колајниот
Вид збор: Придавка
Што е лесен, без тешкотии.
Англиски: easy Турски: kolay

колај повеќе

Вид збор: Придавка
(немен.) Што е лесен, што е без тешкотии.
Англиски: easy Турски: kolay

коле повеќе

колат
Вид збор: Глагол, несвршен
За бостан - сече.
Англиски: cut Албански: pres

колет повеќе

мн. колети
Вид збор: Именка, машки род
Добро спакуван пакет cо нешто што се испраќа по пошта.
Англиски: packet

колиба повеќе

мн. колиби
Вид збор: Именка, женски род
Мало бедно живеалиште.
Англиски: shack Албански: klasollë

колку повеќе

Вид збор: Сврзник
Во зависносложена реченица како дел од зависната за да cе навести целта за извршувањето или за неизвршувањето на дејството, создавајќи причинско-последичен однос меѓу дејствата во дел-речениците.
Англиски: so that

колник повеќе

Види и: коловоз (м.)
мн. колници
Вид збор: Именка, машки род
коловоз
Англиски: road

колобан повеќе

мн. колобани
Вид збор: Именка, машки род
Крупен, многу висок човек.
Албански: njeri i madh
Тој што е мрзливец.
Англиски: idler Албански: përtac

кома повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) Запирка, обично во децимални броеви.
Англиски: comma Албански: presje

комај повеќе

Вид збор: Прилог
речиси
Англиски: almost

командува повеќе

командуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Наредува, заповеда некого.
Англиски: command Албански: komandoj

комарџија повеќе

мн. комарџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се коцка.
Англиски: gambler

комарџилница повеќе

мн. комарџилници
Вид збор: Именка, женски род
Место, просторија што cе користи за коцкање.

комарџиски повеќе

Види и: комарџија (м.)
комарџискиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со комарџија.

коматар повеќе

мн. коматари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што многу јаде, изеслив човек.
Албански: njeri që han shumë
Човек што чека се на готово, друг да му ги заврши работите.
Албански: hazërxhi

комбинатор повеќе

мн. комбинатори
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е склон кон правење комбинации, сплетки, местења заради постигање некоја цел.
Англиски: manipulator Албански: manipulator

комбинаторика повеќе

мн. комбинаторики
Вид збор: Именка, женски род
Правење разни комбинации како кому одговара за да се постигне некоја цел според желбите и потребите на тој што ги прави.
Англиски: manipulation Албански: manipulim

комбинезон повеќе

мн. комбинезони
Вид збор: Именка, машки род
комбине
Албански: kombinezon

комендија повеќе

Види и: комедија (ж.)
мн. комендии
Вид збор: Именка, женски род
смешна случка, шега
Англиски: comedy

коментарисува повеќе

Види и: коментира (св. и несв.)
коментарисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
коментира
Англиски: comment

комерција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
трговија
Англиски: commerce Албански: tergëti

комерцијалец повеќе

мн. комерцијалци
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист за трговски работи.
Англиски: dealer Албански: komercialist, tergëtar

комита повеќе

мн. комити
Вид збор: Именка, машки род
бунтовен човек
Англиски: rebel Турски: komita Албански: rebel

комитаџија повеќе

Види и: комита (м.)
мн. комитаџии
Вид збор: Именка, женски род
комита
Англиски: rebel Турски: komitacı

комитаџилак повеќе

Види и: комитство (ср.)
(едн.) комитаџилакот
Вид збор: Именка, машки род
комитство

комитетлија повеќе

мн. комитетлии
Вид збор: Именка, машки род
член на комитет

комитува повеќе

комитуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дејствува како комита, е комита.

комичар повеќе

мн. комичари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што умее да ги засмева и да ги забавува другите.
Англиски: comedian Албански: komedian

компанија повеќе

мн. компании
Вид збор: Именка, женски род
Група луѓе што заедно го поминуваат времето или cе меѓусебно поврзани.
Англиски: company Албански: shoqëri

компир повеќе

мн. компири
Вид збор: Именка, машки род
Подземен орган на растение, најчесто украсно што личи на компир, што има форма на компир.
Англиски: bulb Албански: zhardhok
Прст од ногата што излегува од скинат чорап.
Англиски: toe Албански: kompir, gisht këmbe
Најслаба оценка на/за нешто.
Албански: kompir, zero

компирџија повеќе

мн. компирџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е љубител на компири.

компјутерџија повеќе

мн. компјутерџии
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист за компјутери и за работа со компјутери.
Албански: kompjuterxhi

комуњар повеќе

мн. комуњари
Вид збор: Именка, машки род
погрдно за комунист
Англиски: commie

комшија повеќе

мн. комшии
Вид збор: Именка, машки род
сосед
Англиски: neighbor Турски: komşu Албански: fqi, komshi

комшика повеќе

мн. комшики
Вид збор: Именка, женски род
сосетка
Англиски: neighbour

комшилак повеќе

мн. комшилаци
Вид збор: Именка, машки род
соседство
Англиски: neighbourhood

комшиски повеќе

комшискиот
Вид збор: Придавка
Што се однеcува на комшии.
Англиски: neighbouring

комшиство повеќе

мн. комшиства
Вид збор: Именка, среден род
соседство
Англиски: neighbourhood

кондура повеќе

мн. кондури
Вид збор: Именка, женски род
чевел
Англиски: shoe Турски: kundura

кондураџија повеќе

мн. кондураџии
Вид збор: Именка, машки род
чевлар
Англиски: shoemaker Турски: kunduracı

кондураџилак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
чевларство

конзола повеќе

мн. конзоли
Вид збор: Именка, женски род
Балкон издаден од ѕидот, без потпора.
Англиски: balcony Албански: konsol

конјунктура повеќе

мн. конјунктури
Вид збор: Именка, женски род
Стек на погодни околности, добра можност за успех.
Англиски: boom Германски: Konjunktur Албански: konjuktur

констелација повеќе

мн. констелации
Вид збор: Именка, женски род
Стек на околности, меѓусебен однос.
Англиски: constellation Албански: konstellacion, raport i ndërsjell

конте повеќе

мн. контиња
Вид збор: Именка, среден род
Лице што многу сака да cе конти, да cе гизди.
Англиски: dandy Албански: pispilluq

конти повеќе

контат
Вид збор: Глагол, несвршен
гизди, дотерува
Англиски: adorn Албански: stolis

контра повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Направа за сопирање велосипед.
Англиски: brake

контраш повеќе

мн. контраши
Вид збор: Именка, машки род
контрачетник
Албански: pjestar i kontraçetës
Лице што постојано се спротивставува на сѐ и сешто, кој е секогаш против.
Албански: kontrash

конуштиса повеќе

(се) конуштисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се запознае со некого.
Англиски: acquaint Турски: konuşmak Албански: njoh
Се состане, се виде, разговара со некого.
Англиски: talk Турски: konuşmak Албански: zakohet, shihet

конферира повеќе

конферираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Одржи, држи конференција, заседава, се советува.
Англиски: confer

коњ повеќе

мн. коњи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што работи нешто лошо, што се однесува грубо, несмасно.
Англиски: clod Албански: kalë

коњак повеќе

мн. коњаци
Вид збор: Именка, машки род
Секој таков пијалак без оглед на потеклото.
Англиски: cognac Француски: cognac Албански: konjak

коњска опашка повеќе

(едн.)
Вид збор: Сложенка
Вид фризура кај жената.

коњски повеќе

коњскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на коњска сила - практична единица за мерење моќност која не спаѓа во меѓународниот систем на мерни единици.
Англиски: horse power Албански: kalëfuqi

кооперација повеќе

мн. кооперации
Вид збор: Именка, женски род
селска продавница
Англиски: shop Албански: koperativë

копија повеќе

мн. копии
Вид збор: Именка, женски род
Сличност со некој друг.
Англиски: copy Албански: kopje

кордела повеќе

мн. кордели
Вид збор: Именка, женски род
Украсна лента.
Англиски: ribbon
Примери:
Во косата носеше кордела.

корка повеќе

коркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
стравува, се плаши
Англиски: korkmak

коркач повеќе

Види и: коркар (м.)
мн. коркачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е плашлив.
Англиски: scaredy cat Турски: korkak

короман повеќе

мн. коромани
Вид збор: Именка, машки род
Големо парче леб.
Англиски: bread

короса повеќе

коросаат
Вид збор: Глагол, свршен
Фати кора, се здрви по површината.
Англиски: encrust

коросан повеќе

коросаниот
Вид збор: Придавка
Што е тврд како корка.
Англиски: encrusted

корпа повеќе

мн. корпи
Вид збор: Именка, женски род
Одбивање на љубовна понуда.
Англиски: rejection Албански: korpë, mospranim

коска повеќе

мн. коски
Вид збор: Именка, женски род
(само мн.) Тоа што останало од некого; посмртни останки.
Англиски: remains Албански: eshtra

коскарница повеќе

мн. коскарници
Вид збор: Именка, женски род
костурница
Англиски: ossuary

костур повеќе

мн. костури
Вид збор: Именка, машки род
Многу слаб човек.
Англиски: skeleton Албански: skelet

котлоса повеќе

котлосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Одбие некого, понижи.
Англиски: reject

коцка повеќе

мн. коцки
Вид збор: Именка, женски род
квадрат
Англиски: square Албански: katror

коцкарлак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
коцкање
Англиски: gambling

кочан повеќе

мн. кочани
Вид збор: Именка, машки род
Определба за многу студено време.
Турски: koçan Албански: akull ftohtë

кочи повеќе

кочат
Вид збор: Глагол, несвршен
Забавува, подзапира, сопира движење на нешто со кочница.
Англиски: brake
Сопира развој на нешто; задржува, спречува.
Англиски: inhibit
(се кочи) Станува вкочанет; се стврднува губејќи ја подвижноста.
Англиски: stiffen

кочница повеќе

мн. кочници
Вид збор: Именка, женски род
Направа за подзапирање или за сопирање на движењето.
Англиски: brake Албански: fren
Пречка во развојот на нешто.
Англиски: obstacle Албански: pengesë

кочничар повеќе

мн. кочничари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што кочи со кочница.
Англиски: brakeman Албански: frenues
Тој што го спречува развојот на нешто.
Англиски: rummer Албански: frenues, pengues

коџа повеќе

Вид збор: Прилог
коџамити

коџамити повеќе

Вид збор: Прилог
Многу, доволно, во голема мера.
Англиски: considerable Турски: koca

кошне повеќе

кошнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се кошне) Се нафрли на некого.
Албански: vërsulem

кошта повеќе

коштаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Чини, има одредена цена.
Англиски: cost Германски: kosten

крава повеќе

мн. крави
Вид збор: Именка, женски род
Крупна, трома жена.
Англиски: cow Албански: lopë, grua e plogët

крадло повеќе

Види и: крадец (м.)
мн. крадловци
Вид збор: Именка, машки род
крадец
Англиски: thief

кракле повеќе

мн. краклиња
Вид збор: Именка, среден род
Тој што има долги нозе.

краклест повеќе

краклестиот
Вид збор: Придавка
Што е со долги нозе.

краса повеќе

мн. краси
Вид збор: Именка, женски род
Поради суеверие - име за змија.
Англиски: snake

креативец повеќе

мн. креативци
Вид збор: Именка, машки род
креативна личност
Англиски: creative person

крекалица повеќе

мн. крекалици
Вид збор: Именка, женски род
Жена што многу зборува, брборка.
Англиски: blabber Албански: grua llafazane

крекла повеќе

Види и: крекалица (ж.)
мн. крекли
Вид збор: Именка, женски род
крекалица

крекло повеќе

мн. крекловци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што многу зборува.
Англиски: blabber

кречетало повеќе

мн. кречетала
Вид збор: Именка, среден род
Тој што многу зборува.
Англиски: chatterbox Албански: fjalaman, llafazan

криминален повеќе

криминалниот
Вид збор: Придавка
Што е со криминалистичка содржина.
Англиски: crime Албански: kriminalistik

критика повеќе

мн. критики
Вид збор: Именка, женски род
Негативен став кон нешто.
Англиски: criticism Албански: kritikë

критикува повеќе

критикуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Вербално нападне, осуди, изрази негативен одноc кон некого или нешто.
Англиски: criticize Албански: kritikoj

крка повеќе

кркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Јаде неумерено, лакомо.
Англиски: stuff Албански: rras

кркало повеќе

Види и: крка (несв.)
мн. кркала
Вид збор: Именка, среден род
јадење, храна
Англиски: eating

кркач повеќе

мн. кркачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што јаде неумерено, лакомо.
Англиски: glutton Албански: hamës

кркне повеќе

кркнат
Вид збор: Глагол, свршен
Изеде или испие нешто набрзина.
Англиски: eat Албански: ha me ngutje
Каже, проговори, отвори уста.
Англиски: say Албански: flas, çel gojën

крлави повеќе

(се) крлават
Вид збор: Глагол, несвршен
заздравува, закрепнува
Англиски: strengthen

крмнак повеќе

мн. крмнаци
Вид збор: Именка, машки род
Човек со лоши, ниски, валкани склоности.
Англиски: pig Албански: njeri derr, thi

крнтија повеќе

мн. крнтии
Вид збор: Именка, женски род
Дотрајан предмет од долга употреба.
Англиски: junk Турски: kırıntı

крсти повеќе

крстат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде име, именува.
Англиски: name Албански: emëroj
Тури, тура вода во течност (вино, млеко).
Англиски: dilute Албански: holloj

кртешница повеќе

мн. кртешници
Вид збор: Именка, женски род
митралез
Англиски: machine gun Албански: mitraloz

кршка повеќе

кршкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Не е верен, изневерува.
Англиски: cheat Албански: lakoj, mashtroj

кубелија повеќе

Вид збор: Придавка
(немен. по род) Што има облик на кубе; што личи на кубе.

кувет повеќе

(едн.) куветот
Вид збор: Именка, машки род
сила, способност
Англиски: power Турски: kuvvet

куветлија повеќе

мн. куветлии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) Што е силен, јак.
Англиски: strong Турски: kuvvetli

кујна повеќе

мн. кујни
Вид збор: Именка, женски род
Подготвување, меcтење нешто во затворен круг, изведување некаква измама.
Англиски: kitchen Албански: kuzhinë

кукурек повеќе

мн. кукуреци
Вид збор: Именка, машки род
Витален здрав човек.
Албански: kukurek, njeri vital

култен повеќе

култниот
Вид збор: Придавка
Што е многу познат, широко прифатен во јавноста.
Англиски: cultic

кум повеќе

мн. кумови
Вид збор: Именка, машки род
Главен, шеф на мафијата.
Англиски: boss Албански: bos

куплерај повеќе

мн. куплераи
Вид збор: Именка, машки род
јавна куќа
Англиски: procuration Германски: Kuppelei Албански: kuoleraj, shtëpi publike
неморал, разврат
Англиски: prostitution Албански: amoral, prostitucion

курварница повеќе

мн. курварници
Вид збор: Именка, женски род
Јавна куќа, бордел.
Англиски: brothel

курдиса повеќе

курдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
намести, постави
Англиски: set up Турски: kurmak Албански: kurdis
навие, дотера
Англиски: wind up Албански: kurdis
организира, наговори
Англиски: persuade Албански: organizoj, bind
(се курдиса) се намести, се расположи
Англиски: settle Албански: kurdisem, vendosem

курназ повеќе

мн. курнази
Вид збор: Именка, машки род
дрзок, надмен, надуен, итар човек
Турски: kurnaz

курназ повеќе

Вид збор: Придавка
итар, препреден
Англиски: sly Турски: kurnaz

куртул повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Спас, избавување, ослободување.
Англиски: rescue Турски: kurtuluş

куртули повеќе

куртулат
Вид збор: Глагол, свршен
Спаси, најде спас.
Англиски: rescue Турски: kurtulmak Албански: shpëtoj, kurtalis

куртулиса повеќе

Види и: куртули (св.)
куртулисаат
Вид збор: Глагол, свршен
куртули
Англиски: save Турски: kurtulmak

куртулувачка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
куртул
Англиски: rescue Турски: kurtuluş

куршумлија повеќе

мн. куршумлии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) Покриен со олово, оловен.
Англиски: leaden
(немен. по род) куршумен

кусе повеќе

мн. кусиња
Вид збор: Именка, среден род
ждреб
Англиски: lot Албански: short

кусур повеќе

мн. кусури
Вид збор: Именка, машки род
Остаток од пари што треба да се вратат при плаќање.
Англиски: change Турски: küsur Албански: kusur
Тоа што е над определена мера.
Англиски: over Албански: kusur
мана, недостаток
Англиски: fault Турски: kusur Албански: zë për të madhe

кусурлија повеќе

мн. кусурлии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) Што има некаков недостаток, мана.
Англиски: flawed
Што лесно се навредува.
Англиски: offensive

кутинач повеќе

мн. кутиначи
Вид збор: Именка, машки род
Кај пушка, пиштол - чкрапец за пукање.
Англиски: trigger

кутканица повеќе

мн. кутканици
Вид збор: Именка, женски род
борење
Англиски: wrestling

кутон повеќе

мн. кутони
Вид збор: Именка, машки род
кондом, презерватив
Англиски: condom

кутурица повеќе

Вид збор: Прилог
отприлика, одоко, топтан
Англиски: approximately

куќа повеќе

мн. куќи
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што служи како живеалиште.
Англиски: dwelling Албански: vendbanim

куц повеќе

куциот
Вид збор: Придавка
(обично во членувана форма) Назив за ѓаволот.
Англиски: devil
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш