Разговорно - категорија

на повеќе

Вид збор: Честичка
За посочување или при подавање.

наака повеќе

наакаат
Вид збор: Глагол, свршен
Натрупа, нагнете, нафрли без ред во големо количество.
Англиски: pile up Албански: grumbulloj
(се наака) се наскита
Англиски: roam Албански: knaqem duke shetit

наала повеќе

наалаат
Вид збор: Глагол, свршен
Напипа, допре потамина, наџбара.
Англиски: palpate

набавта повеќе

набавтаат
Вид збор: Глагол, свршен
натрупа, нагнете, наака
Англиски: heap up Албански: tuboj
Наоблече многу некого.
Албански: vesh
Изнакаже што било.
Албански: ushtrimin
изнатепа
Англиски: beat up Албански: rah
(се набавта) Се наоблече многу.
Албански: vesh
(се набавта) се изнајаде, се прејаде
Англиски: overeat Албански: nopem

набавтана повеќе

Вид збор: Прилог
Без многу размислување, насреќа, потамина.

набае повеќе

набаам
Вид збор: Глагол, свршен
Накаже многу, сѐ и сешто, изналаже.
Албански: flet gjithëçka

набастиса повеќе

набастисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Пронајде, открие нешто или некого.
Англиски: discover

набашка повеќе

Вид збор: Прилог
башка

набрбори повеќе

набрборат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнакаже многу, сѐ и сешто.
Англиски: chat Албански: flet gjithëçka
(се набрбори) се изнакаже
Англиски: blab Албански: llomotis

набрка повеќе

Види и: брка (несв.)
набркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Отпушти од работа, од организација и др.
Англиски: fire Албански: lëshoj, braktis

набута повеќе

набутаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со бутање, со туркање втера, внесе.
Англиски: stuff Албански: rras, fus

набуцка повеќе

набуцкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Наговори, поттикне на нешто лошо, в. надупи.

навакса повеќе

наваксаат
Вид збор: Глагол, свршен
Успее да заврши некоја работа до определено време.
Англиски: complete Албански: kryej me kohë
надомести, надополни
Англиски: supplement Албански: plotësoj

наваса повеќе

навасаат
Вид збор: Глагол, свршен
навакса
Англиски: complete Албански: kompletoj me kohë
совлада, надвие
Англиски: overcome Албански: mposht, kapërcej

навлече повеќе

навлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Создаде лоша навика, зависност.
Англиски: lure Албански: fut

навтаса повеќе

навтасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Достигне определена возраст за нешто, неопходен развој, зрелост.
Англиски: reach Албански: arrij, bëj
Стигне, пристигне некого, нешто.
Англиски: reach Албански: arrij
(се навтаса) Сретне, стигне еден со друг.
Англиски: meet Албански: takoj, arrij

наголо повеќе

Вид збор: Прилог
Без подлога.

надвјаса повеќе

Види и: вјаса (несв.)
надвјасаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со вјасање надмине, измине некого, во вјаcање натпревари.
Англиски: overtake

надупи повеќе

надупат
Вид збор: Глагол, свршен
Наговори некого, подбуцне некого на кавга, на лоша постапка и cл.
Англиски: instigate

надурли повеќе

се
Вид збор: Глагол, свршен
Помине долго време во спиење, во лежење, се наспие, се належи.

надурми повеќе

надурмат
Вид збор: Глагол, свршен
Намршти, набере, собере чело, веѓи.
Англиски: sulk Албански: rrudh, var buzët

назадгазум повеќе

Вид збор: Прилог
сп. назадечки.

назоба повеќе

назобаат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - изеде доволно зрнест плод.
Англиски: crisp Албански: ushqim i brisht
Изеде доволно зрнест плод.
Албански: han ushqim kokrrash

најадувачка повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
најаска, најадување
Англиски: saturation Албански: ngopje

најлон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Ќесе од најлон, најлонско ќесе.
Англиски: nylon bag Албански: qese najloni

накаже повеќе

накажат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткаже, предаде, се пожали на некого.
Англиски: report Албански: tregoj

наклепа повеќе

наклепаат
Вид збор: Глагол, свршен
Наклевети, набеди некого.
Англиски: slander Албански: përgojoj, përflas

накодоши повеќе

накодошат
Вид збор: Глагол, свршен
Поткаже, предаде, наклевети некого.
Англиски: betray Турски: kodoş Албански: spiunoj

наколка повеќе

наколкаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се наколка) се испрејаде
Англиски: stuff Албански: han tejmase

накосо повеќе

Вид збор: Прилог
Со лошо расположение, строго (обично за поглед).
Англиски: severe

накот повеќе

мн. накоти
Вид збор: Именка, машки род
Со презриво значење - голем број деца во едно семејство.
Албански: pjellë, shumë fëmijë në një familje

накоти повеќе

накотат
Вид збор: Глагол, свршен
Народи многу деца во едно семејство.
Албански: lind shumë fëmijë

накрка повеќе

накркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Нахрани, најаде некого до прејадување.
Англиски: overfeed Албански: han shumë

налае повеќе

(се) налаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнакаже, изназборува лоши работи некому.
Англиски: lament Албански: leh, flet pa lidhje

налапа повеќе

(се) налапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се најаде многу, се прејаде.
Англиски: feed

налее повеќе

налеат
Вид збор: Глагол, свршен
(се налее) Се напие многу, се опие.
Англиски: get drunk Албански: dehem

налепи повеќе

Види и: лепи (несв.)
налепат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие нешто лошо, се најде во лоша положба.
Англиски: stick Албански: ngjis vehtes

налет повеќе

мн. налети
Вид збор: Именка, машки род
Клетва: проклет да е.
Англиски: damnation Турски: nalet Албански: mallkim

налока повеќе

(се) налокаат
Вид збор: Глагол, свршен
Лока доволно, до задоволување или претера во локање.
Англиски: booze

намагарчи повеќе

намагарчат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи магаре, будала од некого.
Англиски: outsmart

наманикира повеќе

наманикираат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави лак на ноктите.

намачка повеќе

Види и: мачка (несв.)
намачкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Избега од некаде - во составот: (си) ја намачка.
Англиски: slip Албански: mbath, ikë

намерачи повеќе

се
Вид збор: Глагол, свршен
Покаже желба да добие нешто, има мерак за нешто, фрли мерак.

намерда повеќе

намердаат
Вид збор: Глагол, свршен
Натепа некого.
Англиски: clobber

намести повеќе

наместат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи сплетка, подлост некому.
Англиски: set up Албански: koklavitje

намниса повеќе

намнисаат
Вид збор: Глагол, свршен
спомене, подрече
Англиски: mention Албански: përkujtoj
Потсети некого на нешто.
Англиски: remind Албански: rikujtoj, përkujtoj

намќор повеќе

мн. намќори
Вид збор: Именка, машки род
Нечовечен, лош, поган човек.
Англиски: misanthrope Турски: nankör

намќорест повеќе

намќорестиот
Вид збор: Придавка
Што има особини на намќор, што е намќор.

намќоречки повеќе

Вид збор: Прилог
Како намќор, на намќорски начин.

намќорски повеќе

намќорскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на намќор, што има својство на намќор.
Англиски: malicious

нанесакана повеќе

Вид збор: Прилог
Не сакајќи, без да сака.
Англиски: unintentionally

наоглави повеќе

наоглават
Вид збор: Глагол, свршен
Ограничи слобода некому, оптовари некого со обврска што не му е по волја.
Албански: obligoj

напакува повеќе

напакуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Припише некому работи, постапки што не ги извршил за да биде обвинет, доведен во тешка положба.

напердаши повеќе

напердашат
Вид збор: Глагол, свршен
Натепа, измава некого; сп. пердаши.

наперка повеќе

наперкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагнете, напика во нешто.
Англиски: stuff Албански: fus, trus, rras
(се наперка) Се натрупа, се насобра множество луѓе.
Англиски: crowd Албански: tuboj, mbledh
(се наперка) Се испрејаде, се нагнете од јадење.
Англиски: stuff Албански: ngopem, rrasem

напика повеќе

напикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стави, намести некого на добро работно место, во функција преку врска, со протежирање.
Англиски: push Албански:
(се напика) Влезе некаде од интерес, се пробие, се вовлече.
Англиски: push Албански: futem

наплуска повеќе

(се) наплускаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се налока, се препне, се опие.
Англиски: get drunk Албански: pij shumë, dehem

напука повеќе

напукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Налути, насекира, вознемири некого.
Англиски: anger Албански: hidhëroj, zemëroj
(се напука) Се налути, се насекира, се вознемири.
Англиски: anger Албански: hidhëroj, zemëroj

на'рга повеќе

(се) на'ргаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се наработи тешка, неблагодарна работа.
Англиски: toil

народија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Маса народ, множество луѓе.
Англиски: crowd

насади повеќе

насадат
Вид збор: Глагол, свршен
(се насади) Седне на непогодно место.
Англиски: plant Албански: mbjell

насаска повеќе

Види и: саска (несв.)
насаскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Подбуцне да нападне некого.
Англиски: instigate Албански: ndërsej

наседне повеќе

наседнат
Вид збор: Глагол, свршен
Поверува во некоја лага, стане жртва на измама.
Англиски: set up Албански: grackë

насладувачка повеќе

Види и: наслади (св.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
насладување, уживање
Англиски: pleasure

насоли повеќе

насолат
Вид збор: Глагол, свршен
Измами, изигра некого.
Англиски: cheat Албански: mashtroj

насумне повеќе

насумнат
Вид збор: Глагол, свршен
спомене, наспомене, насмене
Англиски: mention

натаври повеќе

натаврат
Вид збор: Глагол, свршен
Дотера, накити, убаво облече некого.
Англиски: dress up Албански: vesh mirë, rregulloj

наталка повеќе

(се) наталкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине доволно време во талкање, со талкање се задоволи.
Англиски: loaf

натегне повеќе

натегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене (шише и сл.) да се напие.
Англиски: drink Албански: ngren

натреска повеќе

(се) натрескаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се напие до опивање, се налока алкохолен пијалак, се опие.
Англиски: get drunk Албански: dehem, bëhem tapë

натронта повеќе

натронтаат
Вид збор: Глагол, свршен
Наоблече премногу некого.
Англиски: put on Албански: vesh tepër

натропа повеќе

Види и: тропа (несв.)
натропаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изнакаже премногу неважни работи, сѐ и сешто.
Англиски: gabble Албански: rrapëllij, murmurit
(се натропа) Со тропање се задоволи.
Англиски: drum Албански: trokas
(се натропа) Се изназборува неважни работи, сѐ и сешто.
Англиски: gabble Албански: rrapëllij, mumrmurit

натруфеност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Обележје на тоа што е натруфено; сп. натруфи се.

натруфи повеќе

(се) натруфат
Вид збор: Глагол, свршен
Се накити, се нагизди премногу, без вкус.
Англиски: overdress

натупа повеќе

(се) натупаат
Вид збор: Глагол, свршен
Премногу изеде, се прејаде, се нагнете.
Англиски: stuff

нафатира повеќе

нафатираат
Вид збор: Глагол, свршен
наполни, преполни
Англиски: pad

нафиле повеќе

Вид збор: Прилог
. Залудно, бесполезно.

нафташ повеќе

мн. нафташи
Вид збор: Именка, машки род
Моторно возило што користи како гориво нафта.
Англиски: diesel vehicle

нафука повеќе

нафукаат
Вид збор: Глагол, свршен
Премногу најаде, испрејаде некого.
Англиски: stuff Албански: haj tepër, ndërtem

нацврца повеќе

(се) нацврцаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се доведе во пијана состојба, се опие.
Англиски: get drunk

нацрта повеќе

нацртаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се нацрта) Дојде, се покаже некаде.
Англиски: show up Албански: paraqitem, vizatohem

начука повеќе

начукаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се начука) Се опие.
Англиски: get drunk Албански: dehem, bëhem qyk

нашиба повеќе

нашибаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со шибање, удирање претепа некого.
Албански: rrah me shkop
Нагнете нешто (торба, вреќа) премногу, сосила.
Англиски: stuff Албански: shtyp, ngjesh shumë

нашлака повеќе

Види и: шлака (несв.)
нашлакаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се нашлака) Си нанесе шминка во голема количина, лошо, неубаво.
Албански: grim në sasi të madhe

наштави повеќе

наштават
Вид збор: Глагол, свршен
изнатепа, претепа
Англиски: beat up Албански: rrah

наштелува повеќе

Види и: штелува (св. и несв.)
наштелуваат
Вид збор: Глагол, свршен
амести, натокми, дотера
Англиски: adjust Германски: einstellen

наштрапа повеќе

наштрапаат
Вид збор: Глагол, свршен
Насече со ножици нешто во поголемо количество или набрзина, грубо.
Англиски: cut Албански: prej me gërshërë shumë

неарен повеќе

неарни
Вид збор: Придавка
Што не е арен, што не е добар.
Англиски: bad
Болникав, слаб со здравјето.
Англиски: unwell

невтасаник повеќе

мн. невтасаници
Вид збор: Именка, машки род
Брлив, будалест.

неделкан повеќе

неделканиот
Вид збор: Придавка
За човек - груб, неразбран, невоспитан.
Англиски: rude Албански: i paedukuar

недоапица повеќе

Вид збор: Прилог
Во составот: од недоапица.
Англиски: sudden

недоделкан повеќе

недоделканиот
Вид збор: Придавка
За човек - груб, суров, што не умее убаво да се однесува.
Англиски: rude

недоквакан повеќе

недоквакани
Вид збор: Придавка
Што не е изграден, оформен како личност.
Англиски: immature
Недоволно обмислен.
Англиски: unfinished

недокрстен повеќе

недокрстениот
Вид збор: Придавка
Неразумен, неразбран, лош по карактер.

недоразберија повеќе

Види и: недоразбирање (ср.)
мн. недоразберии
Вид збор: Именка, женски род
недоразбирање
Англиски: misunderstanding

неизделкан повеќе

неизделканиот
Вид збор: Придавка
За човек - груб, суров, со лошо однесување.
Англиски: rude

нејсе повеќе

Вид збор: Честичка
За изразување согласност, помирување со нешто; така нека е, било што било.
Англиски: whatever Турски: neyse

некасмет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
несреќа
Англиски: misfortune Турски: kısmet

некасметлија повеќе

некасметлии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) несреќен
Англиски: unfortunate

некојси повеќе

Вид збор: Заменка
непознат, анонимен
Англиски: somebody

немиенко повеќе

мн. немиенковци
Вид збор: Именка, машки род
Тој што не е миен; немиено, нечисто машко лице.

немтур повеќе

мн. немтури
Вид збор: Именка, машки род
Неразговорлив, намуртен човек, маж.
Англиски: misanthrope

неоти повеќе

Вид збор: Честичка
За изразување сомнеж во ублажена мера и неверување; којзнае, да не веруваш, не ми се верува.
Англиски: not that

непара повеќе

Вид збор: Прилог
Не толку многу, недоволно, слабо.
Англиски: insufficiently

неподмачкан повеќе

неподмачканиот
Вид збор: Придавка
Неподмитен, што не добил мито.
Англиски: unbribed

непрокопсан повеќе

непрокопсани
Вид збор: Придавка
Што е лошо воспитан, морално нестабилен, порочен.
Англиски: ill-bred

непрокопсаник повеќе

мн. непрокопсаници
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е непрокопсан.

неранимајко повеќе

мн. неранимајковци
Вид збор: Именка, машки род
Лош, нечесен, расипан човек.
Англиски: nogoodnik Албански: njeri i lig, i keq
Човек што неразумно троши, растура.
Англиски: nogoodnik Албански: ai që shpenzon marrëzishëm

нераскршен повеќе

нераскршениот
Вид збор: Придавка
Што уште не е способен за живот или за некоја работа.
Англиски: inexperienced

нервен повеќе

нервни
Вид збор: Придавка
Лекар за нервни болести.
Англиски: nervous

неспогодија повеќе

Види и: неспогодба (ж.)
мн. неспогодии
Вид збор: Именка, женски род
неспогодба

нетокму повеќе

Вид збор: Прилог
За човек што во однесувањето не е во ред, не е како што треба.
Англиски: abnormal

нивното повеќе

Види и: нивен (прид.)
мн. нивните
Вид збор: Именка, среден род
Што го доживеале или што го доживуваат тие за кои станува збор.
Англиски: his Албански: e tyre
Примери:
Нам ни беше тешко, ама и нивното не беше полесно.

ниет повеќе

Вид збор: Именка, машки род
намера, решеност
Англиски: intention Турски: niyet

ниетлија повеќе

мн. ниетлии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) Што има намера, што е со намера.
Англиски: intentional Турски: niyetli

никаков повеќе

Види и: никаков (прид.)
мн. никакви
Вид збор: Именка, машки род
никаквец
Англиски: bastard Албански: bastard

нишанлија повеќе

мн. нишанлии
Вид збор: Именка, машки род
(немен. по род) Што има некаков нишан, белег на себе.
Турски: nişanlı

новајлија повеќе

мн. новајлии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е новодојден, што е неискусен и не ги знае работите.
Англиски: newcomer

нововерец повеќе

мн. нововерци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на црква, верска секта различна од општоприфатената.
Англиски: convert Албански: pjestar i kishës

нуклеарка повеќе

мн. нуклеарки
Вид збор: Именка, женски род
Нуклеарна централа.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш