Разговорно - категорија

раат повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
мир, спокојство, безгрижност, удобност
Англиски: relaxation Турски: rahat Албански: lehtësim, rehat

раатисува повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
(се раатисува) се раатиса
Англиски: relax Турски: rahatlamak
Примери:
Само дома се раатисувам.

раатисување повеќе

Види и: раатисува (несв.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
ослободување, мирен живот
Англиски: relaxation
Примери:
Нема раатисување.

раатлаиса повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
раатиса
Англиски: relax

раатлак повеќе

раатлакот
Вид збор: Именка, машки род
мирен живот, спокојство безгрижност, удобност
Англиски: comfort Турски: rahatlık
Примери:
Си го гледа раатлакот.

работи повеќе

работат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се работи) Насочи, дејствува кон.
Англиски: subject

радо повеќе

Вид збор: Прилог
На драго срце, со драга волја, со задоволство.
Англиски: gladly

разбандори повеќе

(се) разбандорат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дрдори, се расприкаже.
Англиски: chatter
Примери:
Се разбандориле и не им текнува да престанат.

разбере повеќе

разберат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие информации за некого, узнае каде е и како е некој.
Англиски: understand Албански: kuptoj, mësoj
сети, узнае
Англиски: understand Албански: kuptoj
(се разбере) се разуми
Англиски: reason Албански: mendoj, gjykoj

разбира повеќе

Види и: разбере (св.)
разбираат
Вид збор: Глагол, несвршен
(со предлогот од) Има познавање од нешто.
Англиски: know Албански: di
Признае вредност на некого или на нешто.
Англиски: understand Албански: kuptoj
(се разбира) се разбере
Англиски: understand Албански: kuptoj

разбирачка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
разбирање, договор
Англиски: understanding
Примери:
Со нив нема разбирачка.

разбоздиса повеќе

(се) разбоздисаат
Вид збор: Глагол, свршен
скрши, расипе, расклопи
Англиски: break Турски: bozmak Албански: thej
(се разбоздиса) се скрши, се расипе, се расклопи
Англиски: break Турски: bozmak Албански: thehet

разбоздисува повеќе

Види и: разбоздиса (св.)
(се) разбоздисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разбоздиса
Англиски: break Турски: bozmak

разболи повеќе

разболат
Вид збор: Глагол, свршен
заболи
Англиски: hurt Албански: dhemb
Примери:
Срце ја разболе

разбор повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Обично со предлогот без - избор.
Примери:
Без разбор.

разведеница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Разведена жена.
Англиски: divorcée

разгеле повеќе

Вид збор: Прилог
Токму на време или на место.
Англиски: accidentally Турски: rastgele
Примери:
Разгеле, можете да ги грабнете парите.

разговор повеќе

мн. разговори
Вид збор: Именка, машки род
утеха, надеж, забава
Англиски: consolation Албански: ngushëllim
Примери:
Го загубив мојот единствен разговор.

разговорен повеќе

разговорна
Вид збор: Придавка
Кој сака многу да зборува.
Англиски: talkative
Примери:
Разговорен човек.

раздели повеќе

Види и: дели (св. и несв.)
разделат
Вид збор: Глагол, свршен
Распредели, даде секому по дел, обично од наследство.
Англиски: share Албански: ndaj

разделит повеќе

разделита
Вид збор: Придавка
Обично во составот билка разделита (билка која разделува оженети, омажени, заљубени).

раздојде повеќе

раздојдат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде од сите страни.
Англиски: arrive
Примери:
Сите пилиња ќе раздојдат.

раздрмоли повеќе

Види и: дрмоли (несв.)
раздрмолат
Вид збор: Глагол, свршен
растрепери
Англиски: tremble Албански: fërgëlloj, dridhem

раздрнка повеќе

раздрнкаат
Вид збор: Глагол, свршен
расипе, растрои
Албански: prish

раздроби повеќе

Види и: дроби (несв.)
раздробат
Вид збор: Глагол, свршен
раздели, расчлени
Англиски: split Албански: ndaj

разија повеќе

Вид збор: Придавка
согласен, со намера за, со волја за
Англиски: agree Турски: razı
Примери:
Не сум разија да видиш зло од мене.

разјаде повеќе

разјадат
Вид збор: Глагол, свршен
Погубно подејствува врз нешто, постепено уништи.
Англиски: destroy Албански: shkatëroj

разлее повеќе

разлеат
Вид збор: Глагол, свршен
(се разлее) Потече во разни правци, се разнесе.
Англиски: spread Албански: përhap

разлигави повеќе

Види и: лигави (несв.)
(се) разлигават
Вид збор: Глагол, свршен
Почне многу да плаче.
Англиски: whine Албански: qan shumë
Примери:
Пак се разлигави за ништо.

разложи повеќе

разложат
Вид збор: Глагол, свршен
Разруши опорите на нешто.
Англиски: destroy Албански: prish

разлути повеќе

разлутат
Вид збор: Глагол, свршен
разгневи, расрди
Англиски: anger Албански: zemëroj

размајтапен повеќе

размајтапениот
Вид збор: Придавка
Што сака да прави мајтап, да се мајтапи повеќе или уште повеќе.

размеѓи повеќе

размеѓат
Вид збор: Глагол, свршен
Определи граници на нечија дејност, компетенции.
Англиски: mark off Албански: ndaj, shënoj kufi
(се размеѓи) Разграничи меѓу себе компетенции.
Англиски: mark off Албански: ndaj

размекне повеќе

размекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Воздејствува врз некого да стане душевно мек, попустлив.
Англиски: soften
Стане душевно мек, попустлив.
Англиски: soften

размена повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Разменување на едно нешто за друго.
Англиски: exchange Албански: shkëmbim
Примери:
Размена со обострана согласност.

размени повеќе

разменат
Вид збор: Глагол, свршен
сподели, каже
Англиски: exchange Албански: shpërndaj

размине повеќе

разминат
Вид збор: Глагол, свршен
(само во 3. л.) помине, исчезне
Англиски: disappear Албански: kalon

размрда повеќе

размрдаат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера некого да почне да работи, да биде активен.
Англиски: shake Албански: trazoj, lëvizë
(се размрда) Почне да работи, да биде активен.
Англиски: shake Албански: lëvizë

размрси повеќе

размрсат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто да стане јасно; разбирливо, поимливо.
Англиски: clear up Албански: zgjidh, qartësoj
Стане јасно, поимливо, разбирливо.
Англиски: clear up Албански: sqarohet

размуабети повеќе

размуабетат
Вид збор: Глагол, свршен
Занесе во разговор, замуабети, навлече во муабет.
Англиски: chat
(се размуабети) Се зазборува, се занесе во разговор, во муабет.
Англиски: chat

разнесе повеќе

разнесат
Вид збор: Глагол, свршен
распространи, рашири
Англиски: spread Албански: përhap
соопшти, разгласи
Англиски: disseminate Албански: përhap

раја повеќе

(едн.) рајата
Вид збор: Именка, женски род
Обичните луѓе од народот.
Англиски: crowd Албански: rajë

рајсфершлус повеќе

мн. рајсфершлуси
Вид збор: Именка, машки род
Спојка за текстилни рабови.
Англиски: zipper Германски: Reißverschluss

раки-сапун повеќе

Види и: сапун (м.)
Вид збор: Именка, машки род
Тоалетен сапун внесуван порано од некои земји на Исток.
Примери:
Се измила со раки-сапун.

расипе повеќе

расипат
Вид збор: Глагол, свршен
За време - направи да стане лошо.
Англиски: worsen Албански: keqësohet

расипикуќа повеќе

мн. расипикуќи
Вид збор: Именка, машки род
Лош домаќин што не може да ги доварди домот, семејството, имотот.

раскади повеќе

раскадат
Вид збор: Глагол, свршен
Зачади некаде.
Почне да испушта чад насекаде.

раскажник повеќе

мн. раскажници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што сака да раскажува.
Англиски: storyteller

раскажница повеќе

Види и: раскажник (м.)
мн. раскажници
Вид збор: Именка, женски род
За жена раскажник.

раскалашен повеќе

раскалашени
Вид збор: Придавка
разгален, распуштен, неодговорен
Англиски: spoilt

раскачи повеќе

раскачат
Вид збор: Глагол, свршен
Откопча копче.
Англиски: unbutton
Откачи, отплетка нешто закачено, замрсено.
Англиски: disentangle

раскинувачка повеќе

Види и: раскинување (ср.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
раскинување

раскисели повеќе

раскиселат
Вид збор: Глагол, свршен
Онерасположи, расипе расположение некому.
Албански: thartoj, indisponoj
(се раскисели) Се онерасположи, стане нерасположен.
Албански: indisponoj

раскринка повеќе

раскринкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Открие, разоткрие, изнесе пред јавност нечија незаконска или неморална дејност.
Англиски: unmask
(се раскринка) Себеси се открие јавно, открие некоја своја дејност.
Англиски: unmask

раскуми повеќе

раскумат
Вид збор: Глагол, свршен
Се откаже од кум или од кума.
Албански: prish kumbarin
Примери:
Го раскумил кумот.

распакува повеќе

Види и: пакува (несв.)
распакуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се распакува) Распакува свои предмети.
Англиски: unpack Албански: shpaketoj
Примери:
Еве, дури сега се распакувавме.

распаќе повеќе

(едн.) распаќето
Вид збор: Именка, среден род
раскрсница
Англиски: crossroad
Примери:
Се чекале на распаќето.

распекмези повеќе

распекмезат
Вид збор: Глагол, свршен
разгали, распушти

распердаши повеќе

распердашат
Вид збор: Глагол, свршен
удри, лупне
Англиски: hit Албански: godas, mshoj
Примери:
Кога го распердаши, ги виде ѕвездите.
(се распердаши) Почне да удира.
Англиски: hit Албански: fillon të godas

распише повеќе

распишат
Вид збор: Глагол, свршен
За перо, молив - направи добро да пишува.
Албански: shkruaj mirë

распиштоли повеќе

(се) распиштолат
Вид збор: Глагол, свршен
се распојаси, се распаше
Примери:
Си се распиштолил како да си сам.

расплапоти повеќе

(се) расплапотат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) раздрдори
Англиски: blab Албански: llomotis
(се) разбаботи
Англиски: blab Албански: llomotis

распљампа повеќе

(се) распљампаат
Вид збор: Глагол, свршен
раздрдори, се раздрнда
Англиски: chat
Примери:
Само таа да не се распљампа.

распљампува повеќе

Види и: распљампа (св.)
(се) распљампуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) распљампа
Англиски: chat

располага повеќе

располагаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Живее богато.
Англиски: possess Албански: posedoj, zotëroj

располагање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
располага
Англиски: disposal Албански: disponim
Примери:
(разг.) Има на располагање, при рака.

расправачка повеќе

мн. расправачки
Вид збор: Именка, женски род
караница, кавга, расправија
Англиски: brawl

распрден повеќе

распрдени
Вид збор: Придавка
разгален
Примери:
распрдени деца

распрдено повеќе

Вид збор: Прилог
разгалено

распрденост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
разгаленост

распрди повеќе

Види и: прди (несв.)
распрдат
Вид збор: Глагол, свршен
разгали
Англиски: spoil Албански: lazdëroj, përdhos
Примери:
Многу сте го распрдиле.
(се распрди) се разгали
Англиски: spoil Албански: prdhos, lazdëroj

распрдување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) распрдува

расталка повеќе

(се) расталкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да талка, шета, мине многу време во талкање.

растапани повеќе

(се) растапанат
Вид збор: Глагол, свршен
За срце - почне силно да чука.
Англиски: drum

растараши повеќе

(се) растарашат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бара, претура, преместува.
Англиски: scour Турски: taraşlamak
Примери:
Што си се растарашил, куќата ја преврте наопаку.

растарашува повеќе

(се) растарашуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) растараши

расторбеши повеќе

расторбешат
Вид збор: Глагол, свршен
Несмасно - разврзе, распетла.
Албански: zgjidh
Примери:
Го расторбеши детето.
(се расторбеши) Несмасно - се разврзе, се распетла.
Албански: zgjidhet
Примери:
Се тој ќе се расторбеши.

растропан повеќе

Вид збор: Придавка
со весел дух
Примери:
Славе разбра дека овој растропан селанец не иде кај него.

растурен повеќе

растурениот
Вид збор: Придавка
неморален
Англиски: immoral

расцветан повеќе

расцветаниот
Вид збор: Придавка
скинат, распукан
Англиски: bursted

расчепинозе повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
неморална жена
Англиски: slut

расчепиуста повеќе

Вид збор: Именка, женски род
дрдорко, дрндало
Англиски: blabber

рачка повеќе

мн. рачки
Вид збор: Именка, женски род
Дел од предмет што се држи со раката.
Англиски: handle Албански: dorezë

рашири повеќе

рашират
Вид збор: Глагол, свршен
(се рашири) Се смести во пошироко живеалиште.
Англиски: accommodate Албански: akomoduar

ргнување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
удар
Англиски: hit

реанимација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Возобновување или ново претставување во некаква современа варијанта.
Англиски: reanimation Албански: reanimim
Примери:
Реанимација на стар филм.

реве повеќе

реват
Вид збор: Глагол, несвршен
Плаче многу силно, лелека.
Англиски: weep Албански: qaj

револверист повеќе

мн. револверисти
Вид збор: Именка, машки род
Добар, вешт стрелец со револвер.
Англиски: gunslinger

регуло повеќе

Вид збор: Именка, среден род
ред, правило
Англиски: order
Примери:
Го кажувам по регуло.

редеж повеќе

мн. редежи
Вид збор: Именка, машки род
Ред, редица на дрвја или на камења.
Англиски: row

реди повеќе

редат
Вид збор: Глагол, несвршен
поучува, наредува, заповеда
Англиски: command Албански: urdhëroj

реже повеќе

режат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува отворено, без заобиколки.
Албански: haptas

режимлија повеќе

мн. режимлии
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на режимот; обично: политички вртикапа.
Англиски: turncoat

резигниран повеќе

Види и: резигнира (св. и несв.)
разигнирани
Вид збор: Придавка
разочаран
Англиски: resigned

резил повеќе

Вид збор: Придавка
посрамотен
Англиски: ashamed Турски: rezil
Примери:
Направи (стори) резил.

резил повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
срамота
Англиски: shame Турски: rezil
Примери:
Стане за резил - се осрамоти.

резилак повеќе

мн. резилаци
Вид збор: Именка, машки род
резил, срамота
Англиски: shame Турски: rezillik

резилење повеќе

резилењето
Вид збор: Именка, среден род
(се) резили
Англиски: shame
Примери:
Какво е тоа резилење.

резили повеќе

резилат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави некого за резил, срамоти.
Англиски: shame Албански: reziloj, turpëroj
Примери:
Немој да го резилиш, зашто ќе те истепа.
(се резили) Се прави за резил, се срамоти.
Албански: rezilohem, turpërohem
Примери:
До кога ќе се резили тој човек.

рејс повеќе

Види и: автобус (м.)
рејсот
Вид збор: Именка, машки род
Автобус за редовен сообраќај помеѓу две места.
Англиски: bus

рекорд повеќе

мн. рекорди
Вид збор: Именка, машки род
Повисок степен на нешто.
Англиски: record Албански: rekord, jap maksimumin
Примери:
Рекорд на невработеност.

рекордер повеќе

мн. рекордери
Вид збор: Именка, машки род
Човек што постигнал најдобри резултати во некоја област.
Англиски: champion Албански: rekorder
Примери:
Рекордер во доброволно давање крв.

ремен повеќе

мн. ремени
Вид збор: Именка, машки род
Цврста лента од кожа или од некој друг материјал со различни намени, обично служи за пристегнување на облеката кон телото; каиш.
Англиски: belt Германски: Riemen

ренк повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
боја, нијанса, прелив
Англиски: colour Турски: renk

рента повеќе

рентаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Издава под наем недвижен имот за да се здобие со приход.
Англиски: rent

репете повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Повторување, обично: повторно добивање јадење.
Англиски: second helping Албански: përsëritje, repete haje

репне повеќе

репнат
Вид збор: Глагол, свршен
удри, лепне, залепи, шлакне
Англиски: hit
Примери:
Ама ме репна!

репнува повеќе

репнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
репне
Англиски: hit

реч повеќе

(едн.) речта
Вид збор: Именка, женски род
збор
Англиски: word Албански: fjalë

реча повеќе

Види и: реч (ж.)
Вид збор: Именка, женски род
реч

рече повеќе

речат
Вид збор: Глагол, свршен
реши, се накани
Англиски: decide Албански: vendos
Изведе некое движење; изврши нешто.
Англиски: do Албански: bëj

речение повеќе

мн. реченија
Вид збор: Именка, среден род
Тоа што е кажано да биде, што е судбински определено.
Англиски: destiny

реченија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
судбина
Англиски: destiny
Примери:
(посл.) Без реченија ништо не бидува.

речено повеќе

реченото
Вид збор: Именка, среден род
судбина
Англиски: destiny
Примери:
Од реченото не се бега (посл.)

речникар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Оној што составува речници; оној што издава речници.
Англиски: lexicographer

речникарски повеќе

речникарска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на речникар, лексикографски.
Англиски: lexicographic
Примери:
речникарска работа

речникарство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Дејност на речникар, лексикографија.
Англиски: lexicography

рибарлак повеќе

Види и: рибарство (ср.)
рибарлакот
Вид збор: Именка, машки род
рибарство
Англиски: fishing

рика повеќе

рикаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Плаче многу гласно, лелека.
Англиски: wail Албански: qaj

рикверц повеќе

Вид збор: Прилог
(движење на возило) наназад
Англиски: backwards Германски: rückwärts

рикне повеќе

Види и: рика (несв.)
рикнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се расипа, отиде по ѓаволите.
Англиски: break down Албански: prishet
Примери:
Компујетерот ми рикна.

рицино повеќе

Вид збор: Именка, среден род
рицинус
Англиски: castor oil

рицинов повеќе

Вид збор: Придавка
рицинусов

роб повеќе

мн. робови
Вид збор: Именка, машки род
заробеник, пленик
Англиски: prisoner Албански: i burgosur

ровари повеќе

роварат
Вид збор: Глагол, несвршен
Скришно, тајно работи против некого или против нешто, предизвикувајќи раздор, кавга, немир, неслога.
Англиски: sabotage

ровја повеќе

ровјата
Вид збор: Именка, женски род
гром
Англиски: lightning
Примери:
Ровјата падна на вашата куќа.

рог повеќе

мн. рогови
Вид збор: Именка, машки род
Подуено место од удар, змучка.
Англиски: bump Албански: gung

рогоносец повеќе

мн. рогоносци
Вид збор: Именка, машки род
Човек кому жената му е неверна.
Англиски: cuckolded husband

роди повеќе

(се) родат
Вид збор: Глагол, свршен
Донесува дете или младо на свет.
Англиски: bear
Примери:
Блазе и на мајка ти што те родила!

ром повеќе

Види и: рум (м.)
Вид збор: Именка, машки род
Обично во изразот ром-ракија.
Англиски: rum

роспија повеќе

Види и: ороспија (ж.)
мн. роспии
Вид збор: Именка, женски род
Блудна жена.
Англиски: prostitute

росписки повеќе

росписка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на роспија.
Примери:
Росписко држење.

рпало повеќе

мн. рпала
Вид збор: Именка, среден род
Заби, тоа со што се 'рпа.
Англиски: cruncher

рувет повеќе

Види и: руфет (м.)
Вид збор: Именка, машки род
руфет

руфет повеќе

руфетот
Вид збор: Именка, машки род
облека
Англиски: clothing Албански: veshje
мода
Англиски: fashion Албански: modë

рушвет повеќе

мн. рушвети
Вид збор: Именка, машки род
бакшиш, поткуп, мито
Англиски: bribe Турски: rüşvet

рушветчија повеќе

мн. рушветчии
Вид збор: Именка, машки род
Оној што прима рушвет.
Англиски: corrupt Турски: rüşvetçi

рушветчилак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Давање и земање рушвет.
Англиски: bribery Турски: rüşvetçilik

рчка повеќе

рчкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
задева
Англиски: annoy Албански: nguc, ngacmon
(се рчка) се задева
Англиски: annoy Албански: ngacmohen, ngucen

рчкање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) рчка

рчпал повеќе

мн. рчпали
Вид збор: Именка, машки род
гранка, стап
Албански: degë, shkop

ршум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
викање, лутина, разбеснетост
Англиски: fury
неред, безредие, лом
Англиски: mess
голем пораз
Англиски: defeat
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш