Разговорно - категорија

саат повеќе

мн. саати
Вид збор: Именка, машки род
Единица за време рамна на дваесет и четврти дел од деноноќието.
Англиски: hour Турски: saat Албански: orë
часовник
Англиски: watch Албански: orë
момент
Англиски: moment Албански: moment
Мера за пат.
Англиски: hour Албански: orë

саатчија повеќе

мн. саатчии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што поправа или продава саати.
Англиски: watchmaker Турски: saatçi

саатчиски повеќе

саатчиска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на саатчија.
Примери:
саатчиски дуќан

сабајле повеќе

мн. сабајлиња
Вид збор: Именка, среден род
утро
Англиски: morning Турски: sabah

сабајлешен повеќе

сабајлешниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на сабајле.
Англиски: mornings

сабајлина повеќе

Вид збор: Именка, женски род
сабајле
Англиски: morning Турски: sabah

сабота повеќе

мн. саботи
Вид збор: Именка, женски род
Ден после петок и пред недела.
Англиски: Saturday Албански: e shtunë

сават повеќе

Вид збор: Именка, машки род
глеѓ
Англиски: glaze Турски: savat Албански: zmalt, horosan

саватлеиса повеќе

саватлеисаат
Вид збор: Глагол, свршен
глеѓоса
Англиски: glaze

саватлеисува повеќе

Види и: саватлеиса (св.)
саватлеисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
глеѓосува
Англиски: glaze

саватлеисување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
глеѓосување
Англиски: glazing

саватлија повеќе

Вид збор: Придавка
глеѓосан
Англиски: glazed Турски: savatlı

сагија повеќе

Види и: саја (ж.)
мн. сагии
Вид збор: Именка, женски род
саја
Албански: sajë, veshje femrash pa mëngë

саглам повеќе

Вид збор: Придавка
здрав, добар, сигурен, чесен
Англиски: sound Турски: sağlam

садака повеќе

(едн.) садаката
Вид збор: Именка, женски род
милостина
Англиски: alms Турски: sadaka
Примери:
(посл.) Садаката - богу заем.

саде повеќе

Вид збор: Прилог
само
Англиски: only Турски: sade
Примери:
Саде со вода живее.

саздрма повеќе

мн. саздрми
Вид збор: Именка, женски род
вид кавурма
Англиски: goulash Турски: sızdırma Албански: gulash

сајбија повеќе

мн. сајбии
Вид збор: Именка, машки род
господар, сопственик
Англиски: owner Турски: sahip Албански: sajbi, pronar
домаќин
Англиски: landlord Албански: pronar, nikoqir

сајгилак повеќе

(едн.) сајгилакот
Вид збор: Именка, машки род
почитување, уважување.
Англиски: respect Турски: saygı
Примери:
Ви благодарам за сајгилакот.

сајдиса повеќе

сајдисаа
Вид збор: Глагол, свршен
Уважи, прими на знаење, одобри, укаже почит.
Англиски: respect, regard Турски: saymak

сајдисува повеќе

Види и: сајдиса (св.)
сајдисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
сајдиса
Англиски: respect, regard

сајдисување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сајдисува

сајте повеќе

Вид збор: Прилог
саде, само
Англиски: only

сакалдиса повеќе

сакалдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика некому немир, тегоба, изнервира.
Англиски: disturb Турски: sıkılmak Албански: sakëlldis, shqetësoj
Примери:
Ако го сакалдисаш мајсторот, тешко тебе.
(се сакалдиса) – се вознемири, се изнервира
Англиски: worry Албански: sakëlldisem, nervozohem
Примери:
Многу си се сакалдисал нешто.

сакалдисува повеќе

(се) сакалдисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) сакалдиса

сакалдисување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) сакалдисува
Англиски: worrying

сакалма повеќе

Вид збор: Именка, женски род
саклет
Англиски: worry Турски: sıkılma

сакан повеќе

Вид збор: Извик
никако, во никој случај
Англиски: under no circumstances

сакаска повеќе

мн. сакаски
Вид збор: Именка, женски род
Тиква со долгнавеста форма.
Англиски: pumpkin Албански: lloj kungulli

саклет повеќе

мн. саклети
Вид збор: Именка, машки род
мака, тегоба, душевен немир
Англиски: worry Турски: sıklet

саклетиса повеќе

Види и: сакалдиса (св.)
(се) саклетисаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) сакалдиса
Англиски: worry

саклетисува повеќе

Види и: сакалдисува (несв.)
(се) саклетисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) сакалдисува

саклетисување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сакалдисување
Англиски: worrying

сакуле повеќе

Види и: сако (ср.)
мн. сакулиња
Вид збор: Именка, среден род
сако
Англиски: jacket

сал повеќе

Вид збор: Прилог
саде
Англиски: only

салам повеќе

Вид збор: Придавка
саглам
Англиски: sound Турски: sağlam

салатичка повеќе

Види и: салата (ж.)
мн. салатички
Вид збор: Именка, женски род
салата
Англиски: salat

салде повеќе

Вид збор: Прилог
саде, само
Англиски: only

салдиса повеќе

салдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
испрати, прати, однесе
Англиски: send Турски: salmak
Примери:
Ги салдиса децата и сега е спокоен.

салдисува повеќе

Види и: салдиса (св.)
салдисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
салдиса
Англиски: send

салдисување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
салдисува
Англиски: sending

салтанат повеќе

мн. салтанати
Вид збор: Именка, машки род
сјај, раскош, луксуз
Англиски: luxury Турски: saltanat
Примери:
Го пречека со големи салтанати.

салтанатлија повеќе

Вид збор: Придавка
Оној кој сака сјај, раскош, луксуз.
Англиски: snobbish Турски: saltanatlı

салте повеќе

Вид збор: Прилог
саде, само.
Англиски: only Турски: salt

самари повеќе

самарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави некого будала.
Англиски: fool Албански: bëj dikë budalla
Примери:
До кога тебе ќе те самарат?

самоти повеќе

Вид збор: Честичка
На почеток на реченица за да се искаже неодобрување на нечија постапка, со значење „сѐ туку“.

самоштина повеќе

Види и: самотија (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
самотија
Англиски: loneliness
Примери:
беќарштина - самоштина

самсар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
трговски посредник
Англиски: intermediary Албански: ndërmjetës

самсарлак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Водење на самсарска работа.
Англиски: brokerage Албански: brokeri
Она што му се плаќа на самсарот за посредувањето.
Англиски: brokerage Албански: brokeri

самсарски повеќе

самсарска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на самсар.

сандаклија повеќе

Вид збор: Придавка
Кој има облик на сандак.
Примери:
Кондури сандаклии.

сандалија повеќе

мн. сандалии
Вид збор: Именка, женски род
стол
Англиски: chair Турски: sandalye Албански: sandali, karrigë

санки повеќе

Вид збор: Прилог
санким
Англиски: as if Турски: sanki

санким повеќе

Вид збор: Прилог
божем, како да, небаре
Англиски: as if Турски: sanki

санкир повеќе

Вид збор: Прилог
санким
Англиски: as if Турски: sanki

сантим повеќе

мн. сантими
Вид збор: Именка, машки род
сантиметар
Англиски: centimeter Албански: santim, centimetër

сапунџија повеќе

мн. сапунџии
Вид збор: Именка, машки род
сапунар
Англиски: soap maker Турски: sabuncu

сапунџилница повеќе

мн. сапунџилници
Вид збор: Именка, женски род
сапунарница

сапунџиски повеќе

сапунџиска
Вид збор: Придавка
сапунарски

сарандар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Молитва за умрениот која се чита до 40 дена по смртта.

сараф повеќе

мн. сарафи
Вид збор: Именка, машки род
Менувач на пари, банкар.
Англиски: moneychanger Турски: sarraf
Примери:
(разг.) Татко ми сараф не бил.

сараџа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
жива рана
Англиски: open wound Турски: sıraca

сардиса повеќе

сардисаат
Вид збор: Глагол, свршен
опколи
Англиски: encircle Турски: sarmak

сардисува повеќе

Види и: сардиса (св.)
сардисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
опколува
Англиски: encircle

сардисување повеќе

Види и: сардисува (несв.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
опколување
Англиски: encirclement

сарош повеќе

мн сароши
Вид збор: Именка, машки род
пијаница, бекрија, боем
Англиски: drunkard Турски: sarhoş

саска повеќе

саскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
дразни, задева, гиба, нервира некого
Англиски: incite Албански: nxitë, iritoj
Подбуцнува, наведува некого на непријателство со друг.
Англиски: incite Албански: nxitë

сафа повеќе

мн. сафи
Вид збор: Именка, женски род
лонец
Англиски: pot Турски: safa
Примери:
Сафа за вода.

сафи повеќе

Вид збор: Придавка
чист, прав (вистински), отворен
Англиски: pure Турски: safi
Примери:
Сафи злато (чисто злато).

сафра повеќе

мн. сафри
Вид збор: Именка, женски род
мака, тегоба, несвестица
Англиски: malaise Турски: safra

саџак повеќе

мн. саџаци
Вид збор: Именка, машки род
Триножник на огниште, тиган на три нозе.
Турски: saçak

саштиса повеќе

саштисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Збуни, изненади некого.
Англиски: stun Турски: şaşmak Албански: shashtis
Примери:
Го саштисав учителот со одговорот.
(се саштиса) Се збуни, се изненади од нешто.
Англиски: daze Албански: shashtis, habis, çudis
Примери:
Кога го виде, се саштиса.

саштисува повеќе

Види и: саштиса (св.)
(се) саштисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) саштиса
Англиски: stun

саштисување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) саштисува

свадба повеќе

мн. свадби
Вид збор: Именка, женски род
Прослава по повод склучување брак.
Англиски: wedding Албански: dasëm
Примери:
Ги поканиле сите на свадба.

свалкоса повеќе

Види и: свалка (св.)
свалкосаат
Вид збор: Глагол, свршен
свалка

свари повеќе

сварат
Вид збор: Глагол, свршен
(се свари) Од жештина, горештина.
Албански: nxeh

свети повеќе

светат
Вид збор: Глагол, несвршен
Стои покрај некого без да учествува во работата.
Албански: qëndron si qiri

светија повеќе

Види и: светец (м.)
мн. светии
Вид збор: Именка, машки род
светец
Англиски: saint

светилак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
светост

свински повеќе

свинска
Вид збор: Придавка
Таков како на свиња.
Англиски: swine
низок, долен, неморален
Англиски: swine

свинштина повеќе

мн. свинштини
Вид збор: Именка, женски род
крајна нечистотија
Англиски: filth Албански: ndyrësi
ниска, долна, подла постапка
Англиски: shame Албански: turp, flliqësi

свиња повеќе

мн. свињи
Вид збор: Именка, женски род
нечист, извалкан човек, некултурен човек
Англиски: swine Албански: derr
низок, морално пропаднат човек
Англиски: swine Албански: derr

свињштина повеќе

Види и: свинштина (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
свинштина

свирипиле повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Јадење од леб и пипер размешано со вода.

свита повеќе

(едн.) свитата
Вид збор: Именка, женски род
Лица што придружуваат важна, високопоставена личност; лица што постојано одат по некого.
Англиски: entourage Француски: entourage Албански: suitë, rrethim
Примери:
Царот со својата свита.

сврдел повеќе

мн. сврдли
Вид збор: Именка, машки род
продорен човек
Албански: turjelë

свршувачка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
крај
Англиски: end Албански: fund

себаплија повеќе

Вид збор: Придавка
Кој прави добри дела.
Англиски: philanthropic

себапчија повеќе

мн. себапчии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прави себап, доброчинец
Англиски: philanthropist

себеп повеќе

Види и: себап (м.)
Вид збор: Именка, машки род
себап
Англиски: cause

севап повеќе

Види и: себап (м.)
Вид збор: Именка, машки род
себап

севаплија повеќе

Вид збор: Придавка
себаплија

севапчија повеќе

Види и: себапчија (м.)
мн. севапчии
Вид збор: Именка, машки род
себапчија
Англиски: philanthropist

севда повеќе

севдата
Вид збор: Именка, женски род
љубов
Англиски: love Турски: sevda Албански: dashuri, sevda
Примери:
Имаше голема севда.
либе, изгора, љубовница
Англиски: lover Албански: dashnore, sevda
Примери:
Ја нема мојата севда.

севдалија повеќе

Вид збор: Придавка
заљубен, љубовен
Англиски: amorous Турски: sevdalı

севдалински повеќе

Види и: севдалиски (прид.)
севдалинскиот
Вид збор: Придавка
Што има карактер на севда.
Примери:
севдалиски пеења

севдалиски повеќе

севдалиска
Вид збор: Придавка
Што има карактер на севда.

севдоса повеќе

(се) севдосаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) вљуби
Англиски: fall in love Турски: sevmek

севдосува повеќе

Види и: севдоса (св.)
(се) севдосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) севдоса
Англиски: sevmek

севдосување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) севдосува
Англиски: falling in love

седи повеќе

седат
Вид збор: Глагол, несвршен
престојува, живее
Англиски: reside

сезонец повеќе

мн. сезонци
Вид збор: Именка, машки род
сезонски работник
Англиски: seasonal worker

сеир повеќе

мн. сеири
Вид збор: Именка, машки род
гледање, посматрање
Англиски: watching Турски: seyir
Забавна глетка, нешто што заслужува да се види.
Англиски: enjoyment Турски: seyir

секира повеќе

мн. секири
Вид збор: Именка, женски род
Алатка за сечење дрва со метална острица и дрвена рачка.
Англиски: ax

секирација повеќе

мн. секирации
Вид збор: Именка, женски род
Неспокојство, вознемиреност, јадосување, загриженост.
Англиски: worry

секој повеќе

секои
Вид збор: Заменка
За човек, луѓе - се однесува поединечно за сите.
Англиски: every Албански: çdokush

селам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
поздрав, мир
Англиски: salam Турски: selam

селамет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
помош, поддршка, спас, успех
Англиски: help Турски: selamet

селанец повеќе

мн. селани
Вид збор: Именка, машки род
Прост човек, простак.
Англиски: peasant Албански: fshatar, katundar
Примери:
Зборува како селанец.

сем повеќе

Вид збор: Честичка
освен
Англиски: except

сем повеќе

Вид збор: Сврзник
освен
Англиски: except

сенкар повеќе

мн. сенкари
Вид збор: Именка, машки род
безработник, мрзливец, денгуба
Англиски: idler
Примери:
Потребни ни се работници, а не сенкари.

сенс повеќе

Вид збор: Именка, машки род
чувство, смисла
Англиски: sense

сербез повеќе

Вид збор: Придавка
(немен. по род) слободен, смел, безгрижен, самостоен
Англиски: free Турски: serbest

сербезлак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Слободно држење, смелост, безгрижност.
Англиски: carelessness Турски: serbestlik

серва повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вид игра со топка за двајца или за четворица играчи.
Англиски: serve

сергија повеќе

мн. сергии
Вид збор: Именка, женски род
Привремена продавница на отворено.
Англиски: booth Турски: sergi Албански: sergji

серијал повеќе

мн. серијали
Вид збор: Именка, машки род
Серија од повеќе филмови на една тема или филм што се покажува во повеќе продолженија.
Англиски: serial
Примери:
Шпански серијал.

сермија повеќе

мн. сермии
Вид збор: Именка, женски род
Вложени пари во некоја работа, капитал, имот.
Англиски: capital Турски: sermaye Албански: sermi
Примери:
Му остана сета сермија.

серт повеќе

Вид збор: Придавка
лут, остар, жесток, строг
Англиски: sharp Турски: sert
Примери:
Серт жена.

сестра повеќе

мн. сестри
Вид збор: Именка, женски род
Пријателско обраќање кон жена.

сетен повеќе

Вид збор: Придавка
итер, вешт, бистар, интелигентен, промуќурен
Англиски: crafty

сетики повеќе

Вид збор: Прилог
веројатно, секако
Англиски: certainly

сетре повеќе

мн. сетриња
Вид збор: Именка, среден род
палто
Англиски: jacket Турски: setre

сеќава повеќе

Види и: сети (св.)
(се) сеќаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се сети) (се) досети.
Англиски: remember Албански: më kujtohet

сеќавало повеќе

Вид збор: Именка, среден род
чувство, осет
Примери:
човек без сеќавало

сефа повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Весело расположение, задоволство.
Англиски: pleasure Турски: sefa
Примери:
Од мака, а не од сефа.

сефте повеќе

сефтето
Вид збор: Именка, среден род
Првата покупка или продажба изутрина или воопшто.
Англиски: beginning Турски: siftah

сефте повеќе

Вид збор: Прилог
првпат
Англиски: first-time Турски: siftah

сефтоса повеќе

сефтосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи, проба нешто прв.

сефтосува повеќе

Види и: сефтоса (св.)
сефтосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави, проба по прв пат.

сефтосување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сефтосува

сече повеќе

сечат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зборува остро, отворено.

сигур повеќе

Вид збор: Прилог
сигурно
Англиски: sure
Примери:
Утре сигур ќе ти донесам.

сиктер повеќе

Вид збор: Извик
марш, надвор, бегај
Англиски: get off! Турски: siktır

сиктердиса повеќе

Види и: сиктериса (св.)
сиктердисаат
Вид збор: Глагол, свршен
избрка

сиктердисува повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
сиктерисува, брка

сиктердисување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сиктерисување

сиктериса повеќе

сиктерисаат
Вид збор: Глагол, свршен
исфрли, избрка, истера надвор
Англиски: chase away
Примери:
Го сиктерисал од дуќанот.

сиктерисува повеќе

Види и: сиктериса (св.)
сиктерисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
сиктериса

сиктерисување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
сиктерисува

сиктерманџа повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Обично за кафе кое му се дава на гостинот како знак дека може веќе да си оди.

сила повеќе

Види и: сила (ж.)
Вид збор: Придавка
одличен, сјаен
Англиски: super

силеџија повеќе

мн. силеџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прави насилија.
Англиски: bully

сименталка повеќе

мн. сименталки
Вид збор: Именка, женски род
Kрава од сименталска раса.

син повеќе

мн. синови
Вид збор: Именка, машки род
Нежно обраќање на постар човек кон дете или кон млад човек.
Англиски: child Албански: bir

синдикалец повеќе

мн. синдикалци
Вид збор: Именка, машки род
член на синдикат
Англиски: labor unionist

синдрак повеќе

мн. синдраци
Вид збор: Именка, машки род
Мајчин, мајкин син.
Англиски: son
Примери:
Ќе дојде и тој синдрак.

синџирлија повеќе

Вид збор: Придавка
Што има облик на синџир.
Англиски: chain form Турски: zincirli

сито повеќе

мн. сита
Вид збор: Именка, среден род
Пречка што се надвива тешко.
Англиски: obstacle Албански: pengesë, kleçkë
Примери:
Тој испит е големо сито.

сиџим повеќе

Вид збор: Именка, машки род
врвка, јаже
Англиски: rope Турски: sicim
Примери:
Го врза со сиџим.

скандалозен повеќе

скандалозни
Вид збор: Придавка
Кој прави постојано скандали.
Англиски: scandalous

скапчија повеќе

мн. скапчии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што продава или услужува многу скапо.
Албански: shtenjtaxhi

скапчика повеќе

Види и: скапчија (м.)
мн. скапчики
Вид збор: Именка, женски род
За жена скапчија.
Албански: shtrenjtaxhike

скине повеќе

скинат
Вид збор: Глагол, свршен
(се скине) се пресече, се откине, отпадне
Англиски: tear Албански: ndërpres

скисне повеќе

(се) скиснат
Вид збор: Глагол, свршен
се онерасположи, се намршти
Албански: thartoj

склероза повеќе

(едн.) склерозата
Вид збор: Именка, женски род
заборавност, сенилност
Англиски: sclerosis

скокле повеќе

мн. скоклевци
Вид збор: Именка, машки род
Човек или животно што скока многу.
Англиски: jumper

скоклест повеќе

скоклести
Вид збор: Придавка
Кој е висок и има долги нозе.
Англиски: tall
Примери:
Скоклесто момче.

скокне повеќе

скокнат
Вид збор: Глагол, свршен
Намине на кратко време кај некого, појде по нешто.
Англиски: visit

сколободија повеќе

мн. сколободии
Вид збор: Именка, женски род
хаос, неред
Англиски: chaos

скомраз повеќе

Вид збор: Именка, машки род
одвратност, грозотија
Англиски: disgust
Примери:
Скомраз му е.

скороевец повеќе

мн. скороевци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што скоро се пробил во вишиот слој на општеството или брзо достигнал висока положба.
Англиски: nouveau riche

скорпија повеќе

мн. скорпии
Вид збор: Именка, женски род
лоша жена
Англиски: shrew Албански: grua e keqe

скотство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
грубост, некултура, ниска ностапка
Англиски: meanness

скраја повеќе

Вид збор: Прилог
далеку
Англиски: remote

скрцка повеќе

Види и: крцка (несв.)
скрцкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрцка со заби.
Англиски: grate Албански: kërclloj
Примери:
Спиеше мирно, само одвреме-навреме ќе скрцкаше со забите.

скрши повеќе

скршат
Вид збор: Глагол, свршен
скршне
Англиски: turn Албански: thej

скубач повеќе

мн. скубачи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што скубе некого.
Англиски: scalper

скубисвекрва повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Снаа која лошо постапува со свекрвата.

скубне повеќе

скубнат
Вид збор: Глагол, свршен
избега
Англиски: escape Албански: ik
Примери:
Му скубна од рацете

слава повеќе

мн. слави
Вид збор: Именка, женски род
Восклик на признание, пофалба, почесто на умрени.
Англиски: glory Албански: krenohem

слага повеќе

(се) слагаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Смета, има важност.
Англиски: regard Албански: konsideroj

сладолетчија повеќе

мн. сладолетчии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прави или продава сладолед.
Англиски: iceman Албански: shitës akulloresh

сланлив повеќе

сланливи
Вид збор: Придавка
Кој е покриен со слана.
Англиски: frosty
Примери:
сланлива среда

слегува повеќе

Види и: слезе (св.)
слегуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
слезе
Англиски: descend

слеп повеќе

слепи
Вид збор: Придавка
неписмен, неучен
Англиски: illiterate

слепило повеќе

слепилото
Вид збор: Именка, среден род
слепота
Англиски: blindness
Примери:
Шаховско слепило.

слива повеќе

мн. сливи
Вид збор: Именка, женски род
сливка, сливова (ракија), сливовица
Англиски: plum brandy Албански: raki kumbulle

сливар повеќе

мн. сливари
Вид збор: Именка, машки род
Оној што сака многу сливи.
Албански: kumbullaxhi

сливка повеќе

мн. сливки
Вид збор: Именка, женски род
сливова ракија
Албански: raki kumbulle
Примери:
Пиеше само сливка.

сликар повеќе

мн. сликари
Вид збор: Именка, машки род
фотограф
Англиски: photographer Албански: fotograf

слободица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
слобода
Англиски: freedom
Примери:
(разг.) Своја куќичка, своја слободица.

слугува повеќе

Види и: служи (несв.)
слугуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
служи
Англиски: serve

слугувач повеќе

Види и: слугува (несв.)
мн. слугувачи
Вид збор: Именка, машки род
слуга
Англиски: servant
Примери:
Слугувачите ги наместиле трпезите.

служба повеќе

мн. служби
Вид збор: Именка, женски род
службен долг
Англиски: duty Албански: detyrë

слуша повеќе

слушаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само заповедно) Обрат во почетокот на разговорот за привлекување на вниманието на собеседникот.
Англиски: listen Албански: dëgjo
слугува
Англиски: serve Албански: shërbej
Прима совети еден од друг.
Албански: dëgjoj

смадри повеќе

смадрат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи да стане мадро.
Англиски: calm
Примери:
Смадри ги веќе децана.

смандори повеќе

смандорат
Вид збор: Глагол, свршен
Излаже некого на брзина.
Албански: mashtroj, gënjej
Примери:
Ќе го смандори директорот.
Направи нешто брзо и неквалитетно.
Англиски: bungle Албански: djallos, bëj shkel e shko
Примери:
Го смандори некако извештајот.

смандорува повеќе

Види и: смандори (св.)
смандоруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
смандори

смандорување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
смандорува

смачкан повеќе

Види и: смачка (св.)
смачканиот
Вид збор: Придавка
За човек - кој нема добар изглед, неугледен.
Англиски: unattractive

смеачка повеќе

смеачката
Вид збор: Именка, женски род
смеа, смеење
Англиски: laughter
Примери:
(нар. поез.) Јас ќе одам на пијачка, / на пијачка, на смеачка.

смеаџија повеќе

мн. смеаџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што сака да предизвика смеа, шегаџија.
Англиски: joker

сменка повеќе

мн. сменки
Вид збор: Именка, женски род
Сменување, чистка.
Англиски: replacement

сметанка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Учебник по сметање.

сметка повеќе

мн. сметки
Вид збор: Именка, женски род
намера
Англиски: intention Албански: qëllim
корист
Англиски: benefit Албански: dobi

сметкаџија повеќе

мн. сметкаџии
Вид збор: Именка, машки род
Човек што не прави ништо без сметка, без да има лична полза.

сметкорасписка повеќе

мн. сметкорасписки
Вид збор: Именка, женски род
Расписка за платена сметка.
Англиски: receipt Албански: faturë

смеќа повеќе

мн. смеќи
Вид збор: Именка, женски род
пречка
Англиски: obstacle

смеќава повеќе

смеќаваат
Вид збор: Глагол, несвршен
пречи
Англиски: hamper

смеќавање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
пречење
Англиски: hamper

смеурија повеќе

мн. смеурии
Вид збор: Именка, женски род
Весела приказна; смешна работа.
Англиски: laughter

смеша повеќе

смешаат
Вид збор: Глагол, свршен
Воведе во некој круг.
Англиски: introduce Албански: fut
(се смеша) Влезе сред луѓе.
Англиски: mix Албански: fut

смисла повеќе

(едн.) смислата
Вид збор: Именка, женски род
значење, корист
Англиски: use Албански: kuptim

смолкне повеќе

смолкнат
Вид збор: Глагол, свршен
Симне облека некому, соблече.
Англиски: undress Албански: zhvesh
(се смолкне) За облека - се свлече, падне.
Албански: tërheq

смрт повеќе

(едн.) смртта
Вид збор: Именка, женски род
смртна казна
Англиски: death penalty Албански: dënim me vdekje

снајперка повеќе

Види и: снајпер (м.)
мн. снајперки
Вид збор: Именка, женски род
снајпер
Англиски: sniper

снесе повеќе

снесат
Вид збор: Глагол, свршен
стори, заврши
Албански: bëj, përfundoj
Примери:
Ова што вие таму го снесовте е голема работа.

сними повеќе

снимат
Вид збор: Глагол, свршен
Будно следи нешто; тајно, премногу внимава што се случува, зборува и сл.

со повеќе

Вид збор: Предлог
За изразување однос кон нешто што обично се повторува.
Англиски: with

собере повеќе

соберат
Вид збор: Глагол, свршен
(се собере) Се сретне, се здружи со некого; заживее заедно со некого.
Албански: bashkoj, mbledh

соблече повеќе

соблечат
Вид збор: Глагол, свршен
ограби, огули
Англиски: strip Албански: xhvesh

собрат повеќе

мн. собраќа
Вид збор: Именка, машки род
Некој или нешто во редот на слични суштества или предмети.
Албански: bashkvëlla

совршено повеќе

Вид збор: Прилог
сосем, наполно
Англиски: completely
Примери:
Совршено незаинтересиран за работата.

согласи повеќе

согласат
Вид збор: Глагол, свршен
(се согласи) признае, потврди
Англиски: admit Албански: pranoj

содаџија повеќе

мн. содаџии
Вид збор: Именка, машки род
Производител или продавач на сода-вода.
Примери:
Содаџија и бозаџија.

содаџика повеќе

Види и: содаџија (м.)
мн. содаџики
Вид збор: Именка, женски род
За жена содаџија.

содаџиски повеќе

содаџиска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на содаџија.
Албански: sode
Примери:
Содаџиски дуќан.

сој повеќе

мн. соеви
Вид збор: Именка, машки род
род, потекло, вид
Англиски: sort Турски: soy
Примери:
Тие се од ист сој.

сојлија повеќе

Вид збор: Придавка
Кој е од добар сој.
Англиски: racy
Примери:
Сојлија жена.

сокапе повеќе

Види и: скапе (св.)
сокапат
Вид збор: Глагол, свршен
скапе
Примери:
Море, го сокапаа!

сокачарка повеќе

мн. сокачарки
Вид збор: Именка, женски род
Жена што е постојано по сокаци и ја запоставува куќата; улична жена.
Англиски: tramp

сокачарски повеќе

сокачарско
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сокачарка.
Примери:
Сокачарско држење.

солар повеќе

мн. солари
Вид збор: Именка, машки род
Уред за користење соларна енергија.
Англиски: solar equipment

солдатеска повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Солдати, недисциплинирана војска.

солдатлак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Војничка служба.
Англиски: military service

солен повеќе

солени
Вид збор: Придавка
Кој излегува скапо.
Англиски: expensive Албански: i shtrenjtë, çmim i kripur

соленик повеќе

Види и: соларник (м.)
мн. соленици
Вид збор: Именка, машки род
соларник
Примери:
На врв бука соленик.

солзен повеќе

солзна
Вид збор: Придавка
Кој предизвикува солзи, со солзи.
Англиски: tearful
Примери:
Солзни молби.

солиден повеќе

солидна
Вид збор: Придавка
Значителен по големина.
Англиски: considerable

солист повеќе

мн. солисти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се впушта во индивидуални акции, што ја запоставува потребата од заеднички настап.
Англиски: loner
Примери:
Фудбалер солист.

солитер повеќе

мн. солитери
Вид збор: Именка, машки род
висок човек
Англиски: tall man Албански: njeri i lartë

солук повеќе

Вид збор: Именка, машки род
здив
Англиски: breath Турски: soluk

сомеле повеќе

сомелат
Вид збор: Глагол, свршен
сфати, разбере, усвои
Англиски: understand Албански: kuptoj, bluaj

сомун повеќе

мн. сомуни
Вид збор: Именка, машки род
Цел леб, обично купечки и со тркалеста форма.
Англиски: loaf Турски: somun Албански: somun, bukë
Примери:
Топол сомун.

сомуниште повеќе

Види и: сомун (м.)
мн. сомуништа
Вид збор: Именка, среден род
сомун
Англиски: loaf Албански: somune, bukë

сомунче повеќе

Види и: сомун (м.)
мн. сомунчиња
Вид збор: Именка, среден род
сомун
Англиски: loaf Албански: somune, bukëz
Примери:
сомунче и неколку маслинки.

сомунџија повеќе

мн. сомунџии
Вид збор: Именка, машки род
Пекар и продавач на сомун.
Англиски: baker Албански: somunxhi, furrtar

сон повеќе

мн. соништа
Вид збор: Именка, машки род
талон во карти.
Англиски: last in stack Турски: son Албански: tufë, grumbull

сообраќајка повеќе

мн. сообраќајки
Вид збор: Именка, женски род
сообраќајна незгода или сообраќајна несреќа
Англиски: traffic accident

сорта повеќе

мн. сорти
Вид збор: Именка, женски род
Разновидност на некое културно растение.
Англиски: sort Албански: shumëllojshmëri
Примери:
Неколку сорти тутун.
Категорија, разред, класа на нешто по квалитет.
Англиски: quality Албански: kategori, lloj
Примери:
Стоки од секоја сорта.
Вид, род на нешто.
Албански: lloj, soj
Примери:
Од која сорта е детево?

сортачи повеќе

сортачат
Вид збор: Глагол, свршен
Фати ортак.
Англиски: join Албански: bëj ortak
Примери:
Ги сортачи сиромаштијата.
(се сортачи) Стане ортак со некого.
Англиски: join Албански: bëj ortak
Примери:
Се сортачија и работата тргна.

соседство повеќе

соседството
Вид збор: Именка, среден род
соседи
Англиски: neighborhood Албански: fqinjë
Примери:
Тоа му беше познато на целото соседство.

сосипија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Уништување, пропаст, упропастување.
Англиски: destruction
Примери:
Со нови даноци ја довршувале нивната сосипија.

сотирачка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
сотирање
Англиски: destruction

софра повеќе

мн. софри
Вид збор: Именка, женски род
Ниска тркалезна маса за хранење.
Англиски: table Турски: sofra Албански: sofër

софралак повеќе

мн. софралаци
Вид збор: Именка, машки род
Платно кое се става под трпезата (софрата) за да не се валкаат килимите, простирките.
Турски: sofralık

социјала повеќе

(едн.) социјалата
Вид збор: Именка, женски род
социјална помош
Англиски: welfare Албански: ndihmë sociale

спакува повеќе

Види и: пакува (несв.)
спакуваат
Вид збор: Глагол, свршен
За карти - подреди една врз друга.
Англиски: pack Албански: paketoj

спари повеќе

спарат
Вид збор: Глагол, свршен
(се спари) Отпочне интимна врска.
Албански: filloj

спаруши повеќе

Види и: спури (св.)
(се) спарушат
Вид збор: Глагол, свршен
спури

спастира повеќе

Види и: спастри (св.)
(се) спастираат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) прибира, (се) средува

спастирање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
прибирање, средување

спастра повеќе

Вид збор: Именка, женски род
уредност
Англиски: orderliness Албански: rregullim, rregull
Примери:
Лоша спастра.
подлошка
Англиски: basis Албански: bazë, themel

спастри повеќе

спастрат
Вид збор: Глагол, свршен
Доведе в ред.
Англиски: tidy Албански: bie në vend, rregulloj
Примери:
Спастри ја првин куќата и оди си.
(се спастри) Се доведе в ред.
Англиски: tidy Албански: bie në vend, rregullohet
Примери:
Да се спастрам и ќе дојдам.

спашка повеќе

спашкаат
Вид збор: Глагол, свршен
Збрка, набрка некого.
Англиски: chase away
Примери:
Ги спашка сите по ред.

спектакл повеќе

мн. спектакли
Вид збор: Именка, машки род
Интересна глетка.
Англиски: scenery Албански: pamje, spektakël
Примери:
Красен спектакл.

спекулација повеќе

мн. спекулации
Вид збор: Именка, женски род
умување, досетување
Англиски: speculation Албански: spekulim

спец повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Скратено од специјалист - мајстор, голем познавач на некоја работа.
Примери:
Тој е спец за фудбал.

специјалист повеќе

мн. специјалисти
Вид збор: Именка, машки род
Мајстор, голем познавач на некоја работа.
Англиски: master Албански: specialist, mjeshtër

спие повеќе

спијат
Вид збор: Глагол, несвршен
Има полова врска со некого.
Англиски: intercourse Албански: marrëdhënije

спика повеќе

Види и: пика (несв.)
спикаат
Вид збор: Глагол, свршен
втера
Англиски: stow Албански: detyroj

спипиле повеќе

Вид збор: Именка, среден род
спанко
Англиски: sleeper

спири повеќе

(се) спират
Вид збор: Глагол, свршен
запнал, заинатил
Примери:
Се спирил да ја земе.

спирува повеќе

Види и: спири (св.)
(се) спируваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) спири
Англиски: insist

спирување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) спирува

списка повеќе

Види и: писка (несв.)
спискаат
Вид збор: Глагол, свршен
Одеднаш потроши многу, без мера.
Англиски: squander Албански: harxhoj
Примери:
Ја спискал платата во градското казино.

спитоми повеќе

спитомат
Вид збор: Глагол, свршен
култивира
Англиски: cultivate Албански: kultivon
(се спитоми) се култивира
Англиски: cultivate Албански: kultivon

сплуе повеќе

(се) сплујат
Вид збор: Глагол, свршен
се распадне, се раскапе, изгние
Англиски: rot
Примери:
Оди и сплуј се!

спојме повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
(се) накани, намери
Англиски: intend
Примери:
Мајка му спојмела да го жени.

спорење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
доволност
Англиски: sufficency Албански: mjaftueshmëri

спори повеќе

спорат
Вид збор: Глагол, несвршен
задоволува, стигне
Англиски: suffice Албански: mjaftoj, kënaq
Примери:
Лебов ќе ни спори два дена.

спрашти повеќе

спраштат
Вид збор: Глагол, свршен
Брзо избега, обично со заменската форма ја.
Англиски: run away
Примери:
Ја спраштил една ноќ

спраштува повеќе

Види и: спрашти (св.)
спраштуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
спрашти
Англиски: run away

спрегне повеќе

спрегнат
Вид збор: Глагол, свршен
Нагрби, натовари со тешка работа.
Англиски: overload Албански: mbingarkoj
Примери:
Требаше да го спрегнат и него, да види како се работи.
(се спрегне) Се натовари со тешка работа.
Албански: mbingarkoj
Примери:
Се спрегна да работи.

спрема повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
подготовка
Англиски: preparation Албански: përgatitje
опрема, прибор
Англиски: equipment Албански: paisje

спрепне повеќе

спрепнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се спрепне) Сретне пречки во нешто.
Англиски: stumble Албански: pengoj

спроведе повеќе

спроведат
Вид збор: Глагол, свршен
Изведе низ определено место, преведе.
Англиски: lead Албански: shpie

спровира повеќе

спровираат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се спровира), се провлекува, се провира
Англиски: squeeze through Албански: depërtoj
Примери:
(разг.) Ти кај што шиеш, јас се спровирам.

спротина повеќе

спротинаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се спротина) се провлече
Англиски: sqeeze through Албански: depërtoj
Примери:
(разг.) Ти кај што шиеш, јас се спротинам.

срамен повеќе

срамни
Вид збор: Придавка
Интимен, што припаѓа во сферата на интимноста.
Англиски: private Албански: privat, intim

срами повеќе

Види и: срам (м.)
срамат
Вид збор: Глагол, несвршен
бесчести, скверни
Англиски: shame Албански: turp

срамотија повеќе

Види и: срамота (ж.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
срамота
Англиски: shame Албански: turp, mbarre
Примери:
(разг.) Самотија - срамотија.
Срамни делови од тело
Англиски: private parts Албански: vende të turpshme, pjesë intime
Примери:
Покриј си ја срамотијата.

срамотилак повеќе

мн. срамотилаци
Вид збор: Именка, машки род
срамота
Англиски: shame
Примери:
(разг.) Простотилак - срамотилак.

срдешница повеќе

Вид збор: Именка, женски род
дизентерија, пролив
Англиски: dysentery

среден повеќе

средни
Вид збор: Придавка
Ни добар, ни лош.
Англиски: mediocre Албански: mesatar

среже повеќе

срежат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрати, намали размерите на нешто.
Англиски: cut Албански: pres

среќа повеќе

(едн.) среќата
Вид збор: Именка, женски род
судбина
Англиски: fate Албански: fat

среќлија повеќе

Вид збор: Придавка
среќен
Англиски: lucky
Примери:
Среќлија жена.

срмајлија повеќе

Вид збор: Придавка
срмен
Англиски: silvery Турски: sırmalı
Примери:
(нар. поез.) Да донесе клешта бурмајлија, / да извади запче срмајлија.

срози повеќе

срозат
Вид збор: Глагол, свршен
декласира, уништи, сосипе, сотре
Англиски: devastate Српски: срозити

срце повеќе

мн. срца
Вид збор: Именка, среден род
стомак
Англиски: stomach Албански: me bark të zbrazur

срча повеќе

мн. срчи
Вид збор: Именка, женски род
стакло
Англиски: glass Турски: sırça Албански: qelq
скокалче
Англиски: marble Албански: gazozë, xhamli

срчен повеќе

срчениот
Вид збор: Придавка
стаклен
Англиски: glassy
Што е како срча, што личи на срча.
Англиски: glassy

срченица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
дизентерија, срдешница
Англиски: dysentery

срчест повеќе

Види и: срчен (прид.)
срчести
Вид збор: Придавка
срчен
Англиски: glassy
Примери:
Со срчест, изгубен поглед.

срчка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
дизентерија, срдешница
Англиски: dysentery

срчовен повеќе

срчовна
Вид збор: Придавка
храбар, смел, пргав, енергичен
Англиски: courageous

ставелка повеќе

мн. ставелки
Вид збор: Именка, женски род
Обесен грозд за чување.
Примери:
(разг.) Се исушил како ставелка.

стави повеќе

Види и: става (несв.)
стават
Вид збор: Глагол, свршен
Сипе јадење; прибави едно нешто кон друго.
Албански: shton
легне
Албански: gënjen
(се стави) се состане
Англиски: meet Албански: takohet

ставјало повеќе

Вид збор: Именка, среден род
прибежиште
Англиски: shelter Албански: strehim
Примери:
нигде ставјало да немаш!

ставува повеќе

Види и: стави (св.)
ставуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
стави
Англиски: put Албански: vë, shtie
(се ставува) се стави, се става
Албански: takoj, afroj
Примери:
Се ставуваат секој ден.

ставување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
ставува
Албански: afrim

стадо повеќе

мн. стада
Вид збор: Именка, среден род
поголема група луѓе
Англиски: crowd Албански: tufë, grumbull

стаклоса повеќе

(се) стаклосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се застакли, засвети како стакло.

стан повеќе

мн. станови
Вид збор: Именка, машки род
сместување
Англиски: accommodation

стандарден повеќе

стандардна
Вид збор: Придавка
Шаблонски, лишен од оригиналност.
Англиски: standard
Примери:
Стандардни одговори.

стане повеќе

станат
Вид збор: Глагол, свршен
Достигне до некаков размер.
Англиски: become
се уреди
Англиски: resolve

станува повеќе

Види и: стане (св.)
стануваат
Вид збор: Глагол, несвршен
станува, взори
Англиски: get up Албански: zgjohet
Примери:
(разг.) Ни умира, ни станува.

стапче повеќе

Види и: стап (м.)
мн. стапчиња
Вид збор: Именка, среден род
стап
Англиски: stick
Примери:
Го удри со стапчето.

стар повеќе

стари
Вид збор: Придавка
Кој не одговара за нешто поради својата возраст, кој е недоволно млад за нешто.
Англиски: old Албански: i moshuar

старата повеќе

Види и: стар (прид.)
мн. старите
Вид збор: Именка, женски род
мајка
Англиски: mother Албански: nënë
сопруга
Англиски: spouse Албански: bashkëshorte

старило повеќе

мн. старила
Вид збор: Именка, среден род
стар човек
Англиски: old man
Примери:
(разг.) Не прашај старило, прашај патило.

стариот повеќе

Види и: стар (прид.)
мн. старите
Вид збор: Именка, машки род
(мн. родители) татко
Англиски: father Албански: pleq
дедо
Англиски: grandpa Албански: gjyshi
сопруг
Англиски: spouse Албански: bashkëshort

старите повеќе

Вид збор: Именка, множина
родители
Англиски: parents Албански: prindërit

старски повеќе

старски
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на старост, стари луѓе.
Англиски: old
Примери:
Старски дом.

стаса повеќе

Види и: втаса (св.)
стасаат
Вид збор: Глагол, свршен
втаса
Англиски: arrive Албански: mbrrij, arrij

стасан повеќе

Види и: втасан (прид.)
сатсани
Вид збор: Придавка
втасан

стасува повеќе

Види и: стаса (св.)
стасуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
втасува
Англиски: arrive Албански: mbrrij, arrij
Примери:
Господа и дами во вечерни тоалети стасувале пред театарот за премиера исклучиво со пајтон.

стасување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
втасување

ствар повеќе

мн. ствари
Вид збор: Именка, женски род
неопределен предмет
Англиски: thing
предмет
Англиски: case, object

стварно повеќе

Вид збор: Прилог
навистина
Англиски: really

стегнат повеќе

стегнати
Вид збор: Придавка
скржав
Англиски: stingy

стемни повеќе

(се) стемнило
Вид збор: Глагол, свршен
(се стемни) Падне мрак.
Англиски: darken Албански: erret, ngrys
Примери:
(разг.) Ми се стемни пред очи.

стемнувачка повеќе

Види и: стемнување (ср.)
мн. стемнувачки
Вид збор: Именка, женски род
стемнување
Англиски: dusk

стесни повеќе

стеснат
Вид збор: Глагол, свршен
Ограничи слобода, права и сл.
Англиски: restrict Албански: kufizoj

стипса повеќе

мн. стипси
Вид збор: Именка, женски род
скржавец
Англиски: miser Албански: koprrac
Примери:
Тој беше голема стипса.

сто повеќе

Вид збор: Број
За означување на неопределено големо количество: многу, мошне многу.
Англиски: many
Примери:
На сто начини тоа може да се постигне.

стоенката повеќе

Вид збор: Прилог
Стоејќи на нозе.
Англиски: standing

стол повеќе

мн. столови
Вид збор: Именка, машки род
Седиште за едно лице.
Англиски: chair Албански: karrigë

столнина повеќе

мн. столнини
Вид збор: Именка, женски род
Главен град, седиште.
Англиски: capital city Албански: kryeqytet
Примери:
Немал постојана столнина.
трон
Англиски: throne Албански: fron
Примери:
(разг.) Седнал на столнината.

стонасто повеќе

Вид збор: Прилог
сигурно, целосно, сосема
Англиски: sure, certain

стопан повеќе

мн. стопани
Вид збор: Именка, машки род
Сопственик на нешто, лице што поседува некаков вид имот.
Англиски: owner Албански: pronar
сопруг, маж
Англиски: husband Албански: burr

стопаре повеќе

Вид збор: Именка, среден род
половина денар

стопира повеќе

стопираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Патува со аутостоп.
Англиски: hitchhike Албански: stopoj

стори повеќе

сторат
Вид збор: Глагол, свршен
направи, учини
Англиски: commit Албански: bëj
(се стори) живее
Англиски: live Албански: ekzistoj

стража повеќе

мн. стражи
Вид збор: Именка, женски род
Поставивме стража пред зградата.
Англиски: guard
Примери:
(разг.) Под стража.

страна повеќе

мн. страни
Вид збор: Именка, женски род
мера: 1/2 товар
Албански: masë

страотен повеќе

Види и: стравотен (прид.)
страотни
Вид збор: Придавка
стравотен
Англиски: terrible

страшно повеќе

Вид збор: Прилог
Извонредно многу; многу силно.
Англиски: extremely
Примери:
Страшно ме боли глава.

стрела повеќе

мн. стрели
Вид збор: Именка, женски род
Дрвена или метална прачка со шилест врв што служи за стрелање со лак.
Англиски: arrow

стрефи повеќе

стрефат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри точно во нешто; најде нешто или некого случајно.
Англиски: hit Албански: qëlloj
Примери:
Фрли и го стрефи
(се стрефи) Се најде некаде случајно, се случи.
Англиски: happen Албански: ndodh, qëllon, ngjan
Примери:
Не се стрефив дома кога дошле да ме бараат.

стрефува повеќе

Види и: стрефи (св.)
(се) стрефуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) потрефува, (се) погодува
Англиски: happen

строи повеќе

стројат
Вид збор: Глагол, несвршен
критикува
Англиски: criticize Албански: kritikon

строј повеќе

мн. строеви
Вид збор: Именка, машки род
ред
Англиски: order Албански: rresht, kolonë

стругне повеќе

стругнат
Вид збор: Глагол, свршен
избега, побегне
Англиски: escape Албански: ikë
избричи
Англиски: shave Албански: rruhem
(се стругне) се избричи
Англиски: shave Албански: rruhem

струк повеќе

мн. струкови
Вид збор: Именка, машки род
Најтесен дел од трупот меѓу градите и колковите.
Англиски: waist

сувотилак повеќе

мн. сувотилаци
Вид збор: Именка, машки род
сувотија
Англиски: dryness

сувчо повеќе

мн. сувчовци
Вид збор: Именка, машки род
Човек што е сув, слаб.

суд повеќе

мн. судови
Вид збор: Именка, машки род
Зградата во која се суди, судилиште.
Англиски: court room Албански: gjykat

суден повеќе

судниот
Вид збор: Придавка
предодреден од судбината
Англиски: fateful

суди повеќе

судат
Вид збор: Глагол, несвршен
Кори, кара некого за нешто.
Англиски: reproach Албански: qortoj

сунетиса повеќе

сунетисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши сунет.
Турски: sünnet etmek

сунетлија повеќе

мн. сунетлии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што врши сунет.
Турски: sünnetçi

супер повеќе

Вид збор: Придавка
Многу добар, одличен, прекрасен.
Англиски: super

супер повеќе

Вид збор: Извик
За изразување на огромно задоволство.
Англиски: super

суперлуксузен повеќе

суперлуксузни
Вид збор: Придавка
Што е премногу луксузен.
Англиски: super-luxurious
Примери:
суперлуксузен хотел

супермен повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Човек што со својата исклучителна храброст и други добри особини ги надминува обичните луѓе.
Англиски: superman

супстанција повеќе

мн. супстанции
Вид збор: Именка, женски род
материја, маса
Англиски: substance

сурат повеќе

мн. сурати
Вид збор: Именка, машки род
Човечко лице, образ, изглед на лицето (црти).
Англиски: face Турски: surat

сурдиса повеќе

сурдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
зароби, протера
Англиски: capture Турски: sürdürmek Албански: robëroj, dëboj
Примери:
Турците го сурдисаа во Фезан.
прочисти (желудник, црева и сл.)
Англиски: clean Албански: pastroj
Примери:
Го сурдиса детето.
(се сурдиса) се прочисти
Англиски: clean Албански: pastroj
Примери:
Се сурдиса и сега му е добро.

сурдисува повеќе

Види и: сурдиса (св.)
(се) сурдисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) сурдиса

сурдисување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
(се) сурдисува
Англиски: capture

сурдосува повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
враносува

сурија повеќе

мн. сурии
Вид збор: Именка, женски род
големо стадо
Англиски: large herd Турски: sürü Албански: kope
Примери:
Цела сурија волови.
мноштво, голем број
Англиски: plenitude Албански: sasi e madhe
Примери:
По него трчаа цела сурија деца.

сурмоса повеќе

сурмосаат
Вид збор: Глагол, свршен
(за коса, веѓи) Враноса, бојоса црно.
Турски: sürmek

сурмосување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
враносување
Англиски: make-up

суртук повеќе

мн. суртуци
Вид збор: Именка, машки род
скитник
Англиски: tramp Турски: sürtük Албански: syrtyk, endacak
Неизделкан, груб, суров, неугладен човек.
Англиски: ruffian Албански: kopuk

суруш повеќе

мн. суруши
Вид збор: Именка, машки род
влечко, неранимајко, неизделкан човек
Англиски: ruffian

сус повеќе

Вид збор: Извик
За упатување груб прекор, закана, строг повик за покорност, послушност.
Англиски: silence Турски: sus

сценарио повеќе

мн. сценарија
Вид збор: Именка, среден род
Претходно обмислен план за развивање и дејствување во некој настан.
Англиски: scenario
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш