Разговорно - категорија

угул повеќе

Вид збор: Прилог
сосем, целосно, ептен
Англиски: totally

угурсуз повеќе

мн. угурсузи
Вид збор: Именка, машки род
Неранимајко, расипан, лош човек.
Англиски: good-for-nothing Турски: uğursuz

угурсузлак повеќе

мн. угурсузлаци
Вид збор: Именка, машки род
нечесност
Англиски: scam Турски: uğursuzluk

угурсуски повеќе

Вид збор: Придавка
Што се однесува на угурсуз, како што би направил угурсуз.

удави повеќе

удават
Вид збор: Глагол, свршен
(за предмет) потопи
Англиски: sink Албански: zhyt
(се удави) потоне
Англиски: sink Албански: mbyt

удобри повеќе

Види и: одобри (св.)
удобрат
Вид збор: Глагол, свршен
одобри
Англиски: grant

удобрува повеќе

удобруваат
Вид збор: Глагол, несвршен
одобрува
Англиски: approve

удобрување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
одобрување
Англиски: approval

удрен повеќе

удрени
Вид збор: Придавка
чукнат, луд
Англиски: crazy
Примери:
Тој е малку удрен.

удри повеќе

удрат
Вид збор: Глагол, свршен
скуси, одземе, смали
Англиски: take Албански: merr
земе, дигне
Англиски: take Албански: merr

уѓе повеќе

Вид збор: Прилог
полошо
Англиски: worse
Примери:
Нека му е уѓе! (така ти треба, тоа си го заслужил)!

уживанција повеќе

Види и: уживање (ср.)
мн. уживанции
Вид збор: Именка, женски род
уживање

узда повеќе

мн. узди
Вид збор: Именка, женски род
Ремен за водење на коњ и др.
Англиски: bridle

ујдиса повеќе

ујдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
(преод.) договори
Англиски: arrange Турски: uydurmak Албански: rregulloj
(преод.) дотерува
Англиски: adjust Албански: rregullohem
(непреод.) дотера
Англиски: adjust Албански: rregullohem
(се ујдиса) пасува, одговара
Англиски: fit Албански: pajis
Се здружи, како пар.
Англиски: join Албански: shoqërohet

ујдисува повеќе

Види и: ујдиса (св.)
ујдисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(преод.) дотерува, нагодува
Англиски: adjust Турски: uydurmak Албански: përshtat
(непреод.) Пасува, одговара, погоден е за нешто.
Англиски: fit Албански: përshtat
(се ујдисува) се договори
Англиски: agree Албански: pranoj
(се ујдисува) се најде
Англиски: join Албански: bashkoj

ујдисување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
подесување, средување, договарање
Англиски: adjustment Албански: rregullim
пасување
Англиски: fitting Албански: rregullim

ујдурма повеќе

мн. ујдурми
Вид збор: Именка, женски род
трик, лукавство, измама
Англиски: scam Турски: uydurma

украдува повеќе

Види и: украде (св.)
украдуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
украде
Англиски: steal
Примери:
(разг.) Дете од мајка украдува.

улав повеќе

улави
Вид збор: Придавка
луд, побудален
Англиски: crazy
Примери:
Како улав прави нешто.

улка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
луда жена.

умирање повеќе

Види и: умира (несв.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
смрт, умирачка
Англиски: death Албански: vdekje
Примери:
На умирање е.

умирачка повеќе

мн. умирачки
Вид збор: Именка, женски род
Време кога настапува смртта, смртен час.
Англиски: dying Албански: vdekje

уста повеќе

мн. усти
Вид збор: Именка, женски род
Како способност да се говори, јазик, или како орган на говорот.
Англиски: tongue Албански: gojë, gjuhë

усул повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Начин (лесен, фин), леснотија, умешност, мајсторија. Со усул (оди често и во компаратив; со поусул) на лесен (фин) начин, лесно, неосетно, вешто.
Англиски: method Турски: usul

утелиса повеќе

Види и: утлеиса (св.)
утелисат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) утлеиса

утелисува повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
(се) утлеисува

утелисување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
утлеисување

утија повеќе

мн. утии
Вид збор: Именка, женски род
пегла
Англиски: iron Турски: ütü

утка повеќе

мн. утки
Вид збор: Именка, женски род
промашување
Англиски: dud Албански: dështim

утлеиса повеќе

(се) утлеисат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) испегла
Англиски: iron Турски: ütüleme

утлеисува повеќе

Види и: утлеиса (св.)
утлеисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) пегла
Англиски: iron

утлеисување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
пеглање
Англиски: ironing

утман повеќе

мн. утмани
Вид збор: Именка, машки род
Тапоглавец, неспособен човек.
Англиски: jerk

утмански повеќе

Види и: утман (м.)
Вид збор: Придавка
Што се однесува на тапоглавец.
Англиски: stupid

утрошен повеќе

утрошна
Вид збор: Придавка
Сабајлешен, што е од денешното утро.
Примери:
Утрошен леб.

училна повеќе

мн. училни
Вид збор: Именка, женски род
училница
Англиски: classroom
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш