Разговорно - категорија

фазла повеќе

Вид збор: Прилог
повеќе, отповеќе, вишок
Англиски: more Турски: fazla

фајде повеќе

Вид збор: Именка, среден род
корист, добивка
Англиски: use Турски: fayda Албански: fajde, dobi
Примери:
Какво фајде виде од тоа?
интерес, камата
Англиски: profit Албански: fajde, interes
Примери:
Чорбаџијата дава пари на фајде.

фајдеџија повеќе

мн. фајдеџии
Вид збор: Именка, машки род
лихвар
Англиски: money lender Турски: faydacı Албански: huadhënës, fajdexhi

фајронт повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Прекин на работата, одмор, пауза.
Германски: Feierabend

факултетлија повеќе

мн. факултетлии
Вид збор: Именка, машки род
Факултетски образовен човек.
Англиски: graduated person

фалба повеќе

мн. фалби
Вид збор: Именка, женски род
Убави зборови за некого, нешто, за некоја постапка.
Англиски: praise Албански: lavd
Примери:
Само фалби можеш да чуеш за него.

фали повеќе

фалам
Вид збор: Глагол, несвршен
Се изразува позитивно, со убави зборови за некого или нешто.
Англиски: praise Албански: lëvdoj
недостасува
Англиски: miss Германски: fehlen Албански: mungon

фалимент повеќе

мн. фалименти
Вид збор: Именка, машки род
Пропаѓање на дуќан, претпријатие.
Англиски: bankruptcy Албански: faliment, dështim

фанела повеќе

мн. фанели
Вид збор: Именка, женски род
Поткошула од волна или памук.
Англиски: undershirt Албански: fanellatë
џемпер, пуловер
Англиски: sweater Албански: fanellë, xhemper

фара повеќе

Вид збор: Именка, женски род
потекло, род, семејство
Англиски: family
Примери:
Праша од која фара е.

фасонка повеќе

мн. фасонки
Вид збор: Именка, женски род
Направа во која се поставува грлото на електрична сијалица.
Англиски: socket Германски: Fassung

фати повеќе

фатат
Вид збор: Глагол, свршен
Успее да се качи навреме на превозно средство.
Англиски: catch Албански: hyp
(само во 3 л. едн.) Опие лесно.
Англиски: get drunk Албански: i dehur
За радио или телевизиски приемник - прими емисија.
Англиски: receive Албански: pranoj
Наеме, пазари работници, превозно средство и сл.
Англиски: hire Албански: qira
Се наполни со паразити.
Англиски: catch Албански: mbush
Задржи за долг, пресмета.
Англиски: calculate Албански: llogari
(се фати) За облека, обувки - е по мерка, таман.
Англиски: fit Албански: përshtat

фаќа повеќе

фаќаат
Вид збор: Глагол, несвршен
фати
Англиски: catch Албански: kap, zë
(се фаќа) Се држи, се поткрепува.
Англиски: hold Албански: mbahem, kapem

фахман повеќе

мн. фахмани
Вид збор: Именка, машки род
стручњак, специјалист, мајстор
Англиски: expert Германски: Fachmann

фаца повеќе

мн. фаци
Вид збор: Именка, женски род
Лице со специфичен изглед.
Англиски: face
важна личност
Англиски: personality

фаша повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Широко парче кожа
Албански: fashë
Примери:
Парче кожа, обично за опинци.
Парче плетиво за крпење чорапи.
Албански: fashë, copë

федер повеќе

мн. федери
Вид збор: Именка, машки род
пружина
Англиски: spring Германски: Feder
Примери:
Федерот на часовникот.

ферма повеќе

фермаат
Вид збор: Глагол, несвршен
почитува, цени
Англиски: care

фермање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
почитување, ценење
Англиски: respect

фидан повеќе

мн. фидани
Вид збор: Именка, машки род
стебленце, ластар
Англиски: young shoot Турски: fidan Албански: fidan

фиданбојлија повеќе

мн. фиданбојлии
Вид збор: Придавка
Кој е со виток стас.
Англиски: slender Турски: fidan boylu

фиданлија повеќе

Види и: фидан (м.)
Вид збор: Придавка
Што е како фидан.
Англиски: slender

филан повеќе

Вид збор: Заменка
фиљан
Англиски: certain Турски: filan, falan

филмаџија повеќе

мн. филмаџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што работи на филм, филмски работник.
Англиски: movie maker

филмски повеќе

филмска
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што е својствено за филм.
Англиски: movie like
Примери:
Филмска лента; филмски артист.

филозофија повеќе

мн. филозофии
Вид збор: Именка, женски род
Сфаќањето на нешто, убедување, концепција.
Англиски: philosophy Албански: filozofi
(мн. филозофии) Излишни умствувања.
Англиски: philosophization Албански: filozofijat

филозофски повеќе

филозофскиот
Вид збор: Придавка
разумен, мудар
Англиски: reasonable

филџан повеќе

мн. филџани
Вид збор: Именка, машки род
Шолја, обично за црно кафе или млеко.
Англиски: cup Турски: fincan

фиљан повеќе

Вид збор: Заменка
Некој (одреден), тој и тој.
Англиски: certain Турски: filan, falan

фин повеќе

фини
Вид збор: Придавка
За храна - што е вкусен.
Англиски: tasty

финансии повеќе

финансиите
Вид збор: Именка, множина
Парични средства, пари.
Англиски: money Албански: të holla
Примери:
Нема финансии за тоа.

фирма повеќе

мн. фирми
Вид збор: Именка, женски род
Надворешен вид, превез.
Англиски: veil Албански: vel

фироса повеќе

фиросаат
Вид збор: Глагол, свршен
упропасти, уништи
Англиски: ruin

фис повеќе

Вид збор: Именка, машки род
племе, братство
Англиски: brotherhood

фит повеќе

Вид збор: Прилог
изедначено, рамно, квит
Англиски: quitt

фитиљ повеќе

Види и: фитил (м.)
мн. фитили
Вид збор: Именка, машки род
Специјална импрегнирана лента за палење мини.
Англиски: fuse Турски: fitil Албански: fitil
Примери:
(разг.) Му пушта фитили.

фишек повеќе

мн. фишеци
Вид збор: Именка, машки род
Наредени еднакви монети завиткани во хартија.
Англиски: roll Албански: koçan, fishek

флаша повеќе

мн. флаши
Вид збор: Именка, женски род
шише
Англиски: bottle Германски: Flasche

флинта повеќе

Вид збор: Именка, женски род
блудница, курва, ороспија
Англиски: slut

фодул повеќе

Вид збор: Придавка
горд, горделив
Англиски: proud Турски: fodul
надуен, надмен
Англиски: arrogant

фодули повеќе

(се) фодулат
Вид збор: Глагол, несвршен
се гордее
Англиски: show off Албански: krenohem
Се држи надмено, надуено.
Англиски: puff up Албански: bëhem fodull, fryhem

фодулштина повеќе

(едн.) фодулштината
Вид збор: Именка, женски род
гордост
Англиски: pride Албански: krenari, fodullëk
надуеност, надменост
Англиски: vanity Албански: kotësi, kreni

фол повеќе

фолот
Вид збор: Именка, машки род
лага, измама
Англиски: scam
Примери:
Фолот не му успеа.

фолира повеќе

фолираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
лаже, мами, измислува
Англиски: fool

фолклор повеќе

(едн.) фолклорот
Вид збор: Именка, машки род
фолклористика
Англиски: folklore Албански: folkloristika
Примери:
Институт за фолклор.

фон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Шум на околината при восприемањето на некакви звуци.
Англиски: phon Албански: fon, fërshfëllim

форсиран повеќе

форсирани
Вид збор: Придавка
Забрзан, засилен; со форсирано темпо.
Англиски: forced
Примери:
(разг.) форсиран марш

форца повеќе

Вид збор: Именка, женски род
сила
Англиски: force
Примери:
Дај му форца, забрзај го.

фотка повеќе

мн. фотки
Вид збор: Именка, женски род
фотографија

фраер повеќе

мн. фраери
Вид збор: Именка, машки род
Момче кое е популарно во друштвото.
Англиски: cool guy Германски: Freier

фраерски повеќе

фраерска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на фраер.
Примери:
Фраерска постапка.

франџула повеќе

мн. франџули
Вид збор: Именка, женски род
Купечки долгнавест леб.
Англиски: french bread Албански: lloj buke, bukë frenge

френгија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
сифилис
Англиски: syphilis Турски: frengi

френгуз повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Венерично заболување.
Англиски: syphilis

френгузлија повеќе

Вид збор: Придавка
сифилистичен
Англиски: syphilitic

френк повеќе

Вид збор: Именка, машки род
брава, клучалка
Англиски: lock

френклеиса повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
Затвори со брава.
Англиски: lock

фрик повеќе

мн. фрици
Вид збор: Именка, машки род
нонконформист
Англиски: freak Албански: fanatik, tekë

фрли повеќе

фрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Исфрли како ненужно, исфрли надвор; не стави на место; се ослободи од нешто за носење.
Англиски: get rid Албански: shkarkoj, hedh
пукне
Англиски: shoot Албански: gjuaj, kërsas
Даде, донесе плод, принос, приход.
Англиски: bring profit Албански: fitoj

фронтовец повеќе

мн. фронтовци
Вид збор: Именка, машки род
Член на Народниот фронт.

фронтовка повеќе

Вид збор: Именка, женски род
За жена фронтовец.

фрча повеќе

мн. фрчи
Вид збор: Именка, женски род
четка
Англиски: brush Турски: fırça

фрчиче повеќе

Види и: фрча (ж.)
мн. фрчичиња
Вид збор: Именка, среден род
фрча
Англиски: brush

фрчоса повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
исчетка, исчисти
Англиски: brush Турски: fırçalamak
Примери:
Фрчосај ми ги чевлите

фрчосува повеќе

Види и: фрчоса (св.)
фрчосуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
четка, чисти
Англиски: brush
Примери:
Сам си ги фрчосува чевлите.

фрчосување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
четкање
Англиски: brushing

фудул повеќе

Вид збор: Придавка
фодул
Англиски: proud

фукара повеќе

мн. фукари
Вид збор: Именка, женски род
За маж или за жена - сиромав.
Англиски: prole Турски: fukara Албански: fukara, varfënjak
Примери:
Што бараш од тој фукара.
Во презирна смисла - пропаднат човек.
Англиски: good-for-nothing Албански: i mjerë, varfanjak

фукаралак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
мизерија, беда, сиромаштија
Англиски: misery Турски: fukaralık

фукне повеќе

фукнат
Вид збор: Глагол, свршен
удри, мавна, бутна
Англиски: hit Албански: godit
Лакомо изеде, солапа.
Англиски: gulp Албански: gëlltit
(се фукне) Се удри, се мавна.
Англиски: hit Албански: godet
(се фукне) Се бутна, се уфрли, се втурна, влета.
Англиски: dash Албански: hidhem

фурда повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ситни отпадоци од нешто.
Англиски: crumb Турски: furda Српски: мрвица Албански: thërrime Бугарски: троха
Стока со лош квалитет.
Англиски: refuse

фурнаџија повеќе

мн. фурнаџии
Вид збор: Именка, машки род
Пекар, лебар, лице што пече леб, пецива, што работи во фурна.
Англиски: baker Турски: fırıncı

фурнаџика повеќе

Види и: фурнаџија (м.)
мн. фурнаџики
Вид збор: Именка, женски род
За жена фурнаџија.
Англиски: baker

фурнаџиски повеќе

фурнаџиска
Вид збор: Придавка
пекарски, лебарски

фуста повеќе

мн. фусти
Вид збор: Именка, женски род
Долен дел од женски фустан.

фустанлак повеќе

Види и: фустан (м.)
мн. фустанлаци
Вид збор: Именка, машки род
Материјал за женски фустан.
Турски: fistanlık

фуфка повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
(ми, ти, му, им фуфка) Нема храброст, се плаши.
Англиски: afraid

фучииче повеќе

мн. фучичиња
Вид збор: Именка, среден род
фучија
Англиски: keg

фучија повеќе

мн. фучии
Вид збор: Именка, женски род
буре, бочва, каца
Англиски: barrel Турски: fıçı

фушер повеќе

мн. фушери
Вид збор: Именка, машки род
Човек што работи површно и неквалитетно.
Англиски: bungler Германски: Pfuscher

фушерски повеќе

Види и: фушер (м.)
фушерскиот
Вид збор: Придавка
неквалитетен

фушкија повеќе

мн. фушкии
Вид збор: Именка, женски род
коњско ѓубре
Англиски: horse droppings
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш