Разговорно - категорија

цапа повеќе

цапаат
Вид збор: Глагол, несвршен
загазува, прави глупости, греши
Англиски: mess Албански: shkel

цапне повеќе

цапнат
Вид збор: Глагол, свршен
згреши
Англиски: err Албански: gaboj

царски повеќе

царска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на политичкиот режим на царство.
Албански: mbretëror

царштина повеќе

мн. царштини
Вид збор: Именка, женски род
царство
Англиски: tsardom Албански: perandori

цацко повеќе

мн. цацковци
Вид збор: Именка, машки род
ѓавол, враг, сатана
Англиски: devil

цвеќе повеќе

мн. цвеќиња
Вид збор: Именка, среден род
(само едн.) Нешто споредбено убаво.
Англиски: beauty Албански: si lule
женска месечница
Англиски: menstruation Албански: menstruacion
сипаници
Англиски: measles Албански: fruth

цврцка повеќе

цврцкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пие малку помалку.
Англиски: drink
Примери:
Секој ден си цврцкаше.

цврцнат повеќе

Вид збор: Придавка
Кој е малу пијан, поднапиен.
Англиски: slightly drunk

цврцне повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
пивне малку
Примери:
цврцни една ракија

централа повеќе

мн. централи
Вид збор: Именка, женски род
електрична централа
Англиски: power plant Албански: central elektrik

цепеница повеќе

мн. цепеници
Вид збор: Именка, женски род
Глупаво, неизделкано суштество.
Англиски: oaf Албански: i shëmtuar
високо, несмасно суштество
Албански: i lartë

цер повеќе

мн. церови
Вид збор: Именка, машки род
средство за лекување
Англиски: remedy Албански: mjet shërimi

цех повеќе

мн. цехови
Вид збор: Именка, машки род
Сметка на трошокот во кафеана, ресторан.
Англиски: check Германски: Zech Албански: llogarin

цеца повеќе

цецаат
Вид збор: Глагол, несвршен
матка, матосува

цецање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
маткање, матосување

циганчи повеќе

(се) циганчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пројавува скржавост.
Примери:
Се циганчи за една банка.

циганштија повеќе

Види и: циганштилак (м.)
циганштијата
Вид збор: Именка, женски род
Недолично однесување.
Англиски: gipsy business

циганштилак повеќе

мн. циганштилаци
Вид збор: Именка, машки род
Ситничава работа, скржавост, циганчење.
Англиски: gipsy business

цигаре повеќе

Види и: цигара (ж.)
мн. цигариња
Вид збор: Именка, среден род
цигара
Англиски: cigarette

цименто повеќе

Вид збор: Именка, среден род
цемент
Англиски: cement Турски: çimento

цимерколега повеќе

мн. цимерколеги
Вид збор: Именка, машки род
Лице што живее заедно со други во иста просторија.
Англиски: roommate Германски: Zimmerkollege

цинкари повеќе

цинкарат
Вид збор: Глагол, несвршен
поткажува некого
Англиски: squeal

цинкуван повеќе

цинкувани
Вид збор: Придавка
лажиран, маркиран
Примери:
Цинкувани карти.

цифон повеќе

Види и: сифон (м.)
Вид збор: Именка, машки род
сифон

цифра повеќе

мн. цифри
Вид збор: Именка, женски род
износ, сума, збир
Англиски: amount Албански: vlerë
Примери:
Со таа цифра можам да се согласам.

циција повеќе

мн. циции
Вид збор: Именка, машки род
скржав, скржавец
Англиски: miser
Примери:
Голем циција е тој, има змија во џебот!

цицијаши повеќе

цицијашат
Вид збор: Глагол, несвршен
скржави

цицка повеќе

мн. цицки
Вид збор: Именка, женски род
женска града
Англиски: breast Германски: Zitze Албански: sisë, gji
града на маж
Англиски: breast Албански: gjoks
болест дизентерија, срчка, срдешница
Англиски: dysentery Албански: dizenteri

цркавица повеќе

мн. цркавици
Вид збор: Именка, женски род
Бедна плата, бедни примања, доволни колку да не се цркне.

цркне повеќе

цркнат
Вид збор: Глагол, свршен
прсне, пукне
Англиски: burst Албански: pëlcet
пукне, умре
Англиски: die Албански: mbytet

цупка повеќе

цупкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
потскокнува, подрипнува
Англиски: hop

цурик повеќе

Вид збор: Прилог
назад, назадечки
Англиски: back Германски: zurück
Примери:
„Цурик!“, пајтонџијата ги повлече дизгините.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш