Разговорно - категорија

џабе повеќе

Вид збор: Прилог
бадијала, бесплатно, подарено
Англиски: for nothing Турски: caba
залудно, напразно
Англиски: in vain

џаде повеќе

џадето
Вид збор: Именка, среден род
пат, друм
Англиски: road Турски: cadde

џадија повеќе

мн. џадии
Вид збор: Именка, женски род
Злобна, лоша жена.
Англиски: witch Турски: cadı

џака повеќе

џакаат
Вид збор: Глагол, несвршен
вреви, вика
Англиски: noise

џакање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
вревење, викање

џамбоџет повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Извонредна, многу посакувана девојка.
Англиски: hot girl Албански: vajzë e bukur, xhambo xhet

џамлак повеќе

мн. џамлаци
Вид збор: Именка, машки род
витрина, излог
Англиски: showcase Турски: camlık Албански: xhamllëk, vitrinë
Стаклена врата или преграда.
Англиски: glass door Турски: camlık Албански: xhamllëk
Стаклени посатки во домот.
Англиски: glassware Турски: camlık Албански: xhamllëk

џамлија повеќе

(немен.)
Вид збор: Придавка
Стаклен, од џам.
Англиски: made of glass Турски: camlı

џамџија повеќе

мн. џамџии
Вид збор: Именка, машки род
Занаетчија кој работи со рамно стакло.
Англиски: glazier Турски: camcı

џандар повеќе

мн. џандари
Вид збор: Именка, машки род
жандарм
Англиски: policeman Турски: jandarma Албански: xhandar, polic

џандарски повеќе

Вид збор: Придавка
жандармски

џанкер повеќе

мн. џанкери
Вид збор: Именка, машки род
наркоман
Англиски: junkie

џан-џин повеќе

Вид збор: Прилог
жива душа
Англиски: soul Турски: cin
Примери:
Нема џан-џин (нема жива душа).

џбура повеќе

џбураат
Вид збор: Глагол, несвршен
бара, претура
Англиски: search Албански: kërkon
става, затура, заметнува
Англиски: mislay Албански: vendos
(се џбура) Влезе во вода, се брцне во вода.
Англиски: dip Албански: zhyt

џбурка повеќе

Види и: џбура (несв.)
(се) џбуркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) џбура

џбурне повеќе

Види и: џбура (несв.)
џбурнат
Вид збор: Глагол, свршен
Вовлече, брцне рака во нешто.
Албански: tërhek
Примери:
Џбурна во торбата и извади една главица лук.
стави, заметне, затури, зафрли
Англиски: mislay Албански: vendos
Примери:
Многу сол си му џбурнала во јадењето.
(се џбурна) Влезе (скокне), се брцне во вода.
Англиски: dip Албански: hyni
Примери:
Се џбурна во вода (се брцна во вода).

џврка повеќе

џвркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
дрска
Албански: shiringë

џвркање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
дрскање
Албански: shiringë

џвркло повеќе

мн. џвркловци
Вид збор: Именка, машки род
серко
Англиски: bugger

џвркне повеќе

џвркнат
Вид збор: Глагол, свршен
дрсне
Албански: shiringë

џгура повеќе

џгураат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди без пат, не гледајќи каде и како, скита, се влече.
Англиски: stroll
Примери:
Џгура по темницата.

џева повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
врева
Англиски: noise

џевап повеќе

Вид збор: Именка, машки род
одвет, одговор
Англиски: response Турски: cevap
Примери:
Даде џевап.

џембоса повеќе

(се) џембосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Се изгуби, отиде поврага, по ѓаволите.

џепане повеќе

Вид збор: Именка, среден род
муниција
Англиски: ammunition Турски: cephane

џепчија повеќе

мн. џепчии
Вид збор: Именка, машки род
Крадец што краде од џебови.
Англиски: pickpocket Турски: cepçi

џиљве повеќе

Вид збор: Именка, среден род
кокетерија, претргнување, перчење
Англиски: coquetry Турски: cilve

џиљвелија повеќе

(немен.)
Вид збор: Придавка
кокетен, кокетлив
Англиски: coquettish Турски: cilveli

џимрија повеќе

џимрии
Вид збор: Придавка
Оној што е пребирлив.
Англиски: choosy Турски: cimri

џинс повеќе

мн. џинсови
Вид збор: Именка, машки род
род, сој, колено, вид
Англиски: kind Турски: cins

џитне повеќе

џитнат
Вид збор: Глагол, свршен
фрла
Англиски: throw Албански: hudh
Примери:
(нар. поез.) Кога џитна ж'лта боздогана.
(се џитне) потрча, се пушти по некого, се фрли на некого, се встреми
Англиски: jump Албански: hudhet, kërcen
Примери:
Кучето се џитна по него.

џиџимиџарница повеќе

мн. џиџимиџарници
Вид збор: Именка, женски род
продавница за дреболии

џиџи-миџи повеќе

Вид збор: Именка, множина
Ситни предмети, дреболии, евтин накит и сл.
Англиски: trifle

џиш повеќе

Вид збор: Придавка
За боја - што е многу интензивна, јака.
Англиски: glaring

џишне повеќе

џишнат
Вид збор: Глагол, свршен
изгори, подгори
Англиски: burn
запече
Англиски: burn

џока повеќе

џокаат
Вид збор: Глагол, несвршен
пие, лока
Англиски: gulp

џокање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
пиење, локање

џотка повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
става, вовлекува
Албански: shtie, tërheq
(се џотка) се вовлекува
Англиски: creep Албански: shtie, depërton

џотне повеќе

џотнат
Вид збор: Глагол, свршен
става, метна, вовлекува, упикува
Англиски: creep Албански: vë, shtie, fut
(се џотне) се вовлекува, се упикува, се шупка
Англиски: creep Албански: shtie, vë, depërton

џуван повеќе

Види и: џевап (м.)
Вид збор: Именка, машки род
џевап
Англиски: answer Турски: cevap

џумбуш повеќе

џумбушот
Вид збор: Именка, машки род
веселба
Англиски: celebration Турски: cümbüş Албански: xhymbysh, aheng
мешаница, бркотија
Англиски: disarray Албански: xhymbysh, tollovi
Примери:
Прави џумбуш.

џумле повеќе

Вид збор: Придавка
сите заедно
Англиски: together Турски: cümle
Примери:
И си отидоа сите џумле.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш