Информатика - категорија

калкулатор повеќе

мн. калкулатори
Вид збор: Именка, машки род
дигитрон
Англиски: calculator Албански: kallkulatriçe

картичка повеќе

мн. картички
Вид збор: Именка, женски род
Дел од веб-страницата со нови информации.
Англиски: tab

кибернетика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука за општите принципи и законитости на процесот на управувањето, преносот, обработката и чувањето на информации во машините, живите организми и во економските системи.
Англиски: cybernetics Албански: kibernetika

кибернетичар повеќе

мн. кибернетичари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се занимава со кибернетика.

киборг повеќе

мн. киборзи
Вид збор: Именка, машки род
Суштество со органски и вештачи делови.
Англиски: cyborg Албански: kiborg

кластер повеќе

мн. кластери
Вид збор: Именка, машки род
Група од повеќе компјутери што работат заеднички на иста задача.
Англиски: cluster

клик повеќе

мн. кликови
Вид збор: Именка, машки род
Притискање на тастер на глувчето или на компјутерската тастатура.
Англиски: click Албански: klikim

кликне повеќе

Види и: клика (несв.)
кликнат
Вид збор: Глагол, свршен
Притисне со компјутерско глувче.
Англиски: click Албански: klikoj

клуч повеќе

мн. клучеви
Вид збор: Именка, машки род
Систем на утврдени знаци за означување букви, бројки со помош на кои се читаат, одгатнуваат шифрирани текстови, шифри.
Англиски: key Албански: çelës
(криптографија) Дел од информација кој ја контролира операцијата на алгоритам за енкрипција
Англиски: cypher

код повеќе

мн. кодови
Вид збор: Именка, машки род
Пренеcување на информации преку систем од договорени знаци, симболи.
Англиски: code Албански: kod
Множество од знаци во вид на броеви и комбинации, што се користат во електронски машини.
Англиски: code Албански: kod

колаче повеќе

Види и: колач (м.)
мн. колачиња
Вид збор: Именка, среден род
Информација поставена од страна на серверот кај прегледувачот на посетителот при посетата на сајтот.
Англиски: cookie

компатибилен повеќе

компатибилни
Вид збор: Придавка
Што може да се спои, да се сложи, да се усогласи со нешто.
Англиски: compatible Албански: kompatibil

компилатор повеќе

мн. компилатори
Вид збор: Именка, машки род
Програм што преведува од еден програмски јазик во јазик разбирлив за компјутер.
Англиски: compiler Албански: kompilues, përpilues

компјутер повеќе

мн. компјутери
Вид збор: Именка, машки род
Електронски уред способен да обработува податоци и да извршува различни задачи многу точно; електронски сметач.
Англиски: computer Албански: kompjuter

компјутеризација повеќе

(едн.) компјутеризацијата
Вид збор: Именка, женски род
Воведување компјутерска обработка на податоците во разни дејности.
Англиски: computerization Албански: kompjuterizim
Опремување фирми, установи, школи со компјутерска техника.
Англиски: computerization Албански: kompjuterizim

компјутеризира повеќе

компјутеризираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Воведува компјутери во една организација, автоматизира работни процеси со помош на компјутер.
Англиски: computerize

компјутерски повеќе

компјутерскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на компјутер, што се прави со компјутер.
Албански: kompjuteri, kompjuterike

компјутерџија повеќе

мн. компјутерџии
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист за компјутери и за работа со компјутери.
Албански: kompjuterxhi

конвертор повеќе

мн. конвертори
Вид збор: Именка, машки род
Софтвер или хардвер што конвертира информации од еден формат во друг.
Англиски: converter Албански: konvertor, shëndrrues

конектира повеќе

конектираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
поврзе, поврзува
Англиски: connect

конектор повеќе

мн. конектори
Вид збор: Именка, машки род
Направа со која се поврзува нешто, еден апарат со друг, апарат со систем за напојување и сл.
Англиски: connector Албански: konektor, lidhës

конекција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
врска, поврзување
Англиски: connection

конјугатор повеќе

мн. конјугатори
Вид збор: Именка, машки род
Софтвер што автоматски ги конјугира глаголите.
Англиски: conjugator

конфигурација повеќе

мн. конфигурации
Вид збор: Именка, женски род
Начин на поврзување на елементите во еден компјутерски систем.
Англиски: configuration Албански: konfigurim

конфигурира повеќе

конфигурираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Прави конфигурација.
Англиски: configure

копија повеќе

мн. копии
Вид збор: Именка, женски род
Фотокопија направена на фотокопир.
Англиски: copy Албански: kopje

копир-апарат повеќе

мн. копир-апарати
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за правење копии.
Англиски: copier

криптографија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Тајно писмо.
Англиски: cryptography Албански: kriptografi

криптолог повеќе

мн. криптолози
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се занимава со криптологија.
Англиски: cryptologist Албански: kriptolog

криптологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги проучува тајните писма.
Англиски: cryptology Албански: kriptologji
Дел од информатиката што се занимава со развој и проценка на методи за шифрирање на податоци во рамките на законите за заштита на приватната сфера.
Англиски: cryptology Албански: kriptologji

курсор повеќе

курсорот
Вид збор: Именка, машки род
Подвижен индикатор на екран со кој се посочува објектот што треба да се активира по следното притискање на тастерот на глувчето.
Англиски: cursor Албански: kursor

куќиште повеќе

мн. куќишта
Вид збор: Именка, среден род
Кутија во која се сместени хардверските компоненти на компјутерот.
Англиски: casing
а - б - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш