црв

мн. црви
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4474
1. Животно безрбетник со долгникаво тело; ларви од ова животно.
Англиски: worm Српски: црв Албански: krimb Бугарски: червей
Употреба: Зоологија
Примери:
Бараше црвје и ловеше со нив риби.
Дрвото беше полно со црвје.
2. Ништожен, понизен човек; слабо суштество, дете.
Англиски: weakling Албански: ngordhalaq
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој не беше човек, а обичен црв.
Зар моиве црви ќе станат некогаш луѓе?
Се витка (вие) како црв (во дрво).
3. Во состав со некои зборови што означуваат некое чувство, состојба.
Англиски: doubt Албански: dyshim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Црв на сомневањето почна да го гризе.
Црвот на каењето.
4. Микроскопски ситни претставници од класата Арахнида, со валчести тела што виреат насекаде и се хранат од растителни и животински отпадоци.
Латински: Acarina Англиски: mite
Употреба: Зоологија
Примери:
прашина полна со црви
Изрази
(разг.) Го јаде црв - го мачи.