мрава

мн. мрави
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7912
Ситен инсект од родот опнокрилци, кој живее во големи заедници.
Латински: Formica Англиски: ant
Употреба: Зоологија
Примери:
жолти мрави
Мравите се качуваа по чардаците.
Мравата го надви мастодонтот.
Го оставија на мравите да го јадат.
Изрази
Мрави ме лазат - трпки ми идат.
Ни на мрава не гази -на никого ништо не згрешил, никаква неправда не направил, многу кроток човек.
Изведенки
мравичка ж.
мн. мравички
дем и хип.