актуелен прид.

актуелен (прид.)

Чанга насекаде имаше големи, невозможни врски, дури и во некои земји од Исток каде што беше актуелно козјото прашање.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само такви можеа толку да се зближат и да го одржат толку отворено и актуелно козјото прашање, да ги зближат толку силно овие различни луѓе на Балканот, во што не успеваа верите и идеологиите на сите изминати империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Прво, актуелното негирање на фактот дека уметничката креативност во Британија (посебно во Лондон) беше процес на реципроцитет и борба помеѓу уметниците од многу националности.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
ПСИХОТЕРАПИЈА, некои други проблеми Steve de Shazer КРЕАТИВНО НЕДОРАЗБИРАЊЕ: НЕМА БЕГАЊЕ ОД ЈАЗИКОТ Кога започнав да спроведувам терапија со брачни двојки и семејства (пред околу 20 години), актуелен збор беше „комуникација“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Актуелноста на овој исклучителен уметник последните години и месеци е проследена и со неколку книги и неколку значајни изложби кои го прикажуваат Гринавеј во уште покомплексна светлина. 34 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
47 Дискусија Актуелните психолошки третмани за соматските симптоми се засноваат на јазикот кој го објективизира телото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што легализацијата навистина би значела? На поедини поборници на актуелната политика им е многу полесно да го критикуваат отсуството на планот за легализација отколку да ја бранат забраната за уживање на дроги, како отсуството на потполн консензус помеѓу приврзаниците за легализација да ги оправдува лошите последици од војната против дрогата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но прашањето на содржина и стил е секогаш актуелно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
За да може во еден ваков текст да се зборува за актуелната ликовна сцена во Македонија, нужно се потребни некои веќе претходни теориски дистинкции на спротивставените тенденции и поетики кон кои во еден ваков текст би можело да се преземе став, било да се критикува или да се потврдува.
„Маргина бр. 36“ (1997)
Екологијата е секогаш и секаде актуелна тема, составен дел на животот, маратонска трка...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Але Пале во актуелниот скопски жаргон е прекарот за „Александар Палас“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не сакајќи да навлезам во толкувањето на вашиот сон кој се случува во Македонија и е можна сенка на актуелни настани, би сакал да ви го изнесам моето често сонување кое најчесто се случува преку границата во мојот роден град Поградец, на брегот на Охридското Езеро.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ми беше доволно да ги отворам овие книги на која било страница, за да го почувствувам зрачењето на едно блескотно присуство кое се наложуваше како егзактна антитеза на сѐ што некаква постојана актуелност без прекин ни ги бодеше очите: омраза, свирепост, лудост и над сѐ глупост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Нејзини главни ориентири во актуелните настани беа информациите кои ги добиваше од централните европски медиуми, проникнувањето во тогашната политика на Европската унија и САД на Балканот, во тоа време, посебно во Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
„Како?” - прашува снисходливо актуелниот претседател на еврејската заедница кој стои пред Координациониот управен одбор за социјалните работи, зајакнат со Д-р Цви Корец кој е сѐ уште повратник од Виена и личност без функција и уште дванаесет видни личности на солунската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Раскажуваа за своите мисии во поединости, а беа повикани да сведочат за одредени прецизни работи за земјата во која требаше да замине некој од нас, за врвни луѓе од политичкиот живот дамна исчезнати, за настани кои ја беиле изгубиле нивната актуелност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И ние, амбасадорите на неврзаните земји (Индија, Индонезија, Египет, Алжир и Југославија), се состанувавме еднаш во неделата, во различна амбасада за да ги разгледуваме актуелните политички и меѓународни прашања од областа на движењето на неврзаните, чија криза стануваше сѐ поочигледна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овој мит покажува очебијна идентичност со еден претходен мит, актуелен во бившиот систем, митот за преодниот период.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
4 Овој закон, за време на дванаесетгодишниот период на неговото важење, имаше дури единаесет интервенции, 5 за во 2005 година да биде заменет со новиот, и сѐ уште актуелен, Закон за работните односи. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Одредби за медијација содржи и нашиот актуелен ЗПП.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК