акционер м.

акционер (м.)

Поинаку речено, така објаснуваат овде, својата економска самостојност не ја претопувај со својата безличност во некој голем концерн, труст или акционерска компанија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се определив за банкарство и отворив акционерска банка во Куманово.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Лојери, акционери, пропаднати музичари, несфатени сликари...
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Државата, до ден денес, остана да биде втор најголем акционер – со 46% од акциите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во акционерското друштво „Алумина“ – Скопје, кадешто имаше околу 600 вработени2 – според систематизацијата на работните места – Анчевски работеше како ВКВ столар, во столарскиот погон на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Друштвото може да има еден или повеќе акционери (чл. 272, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Многу му должеа на Речникот на Флобер. Најмногу се смееја на одделни толкувања на излитените идеи како: Акционери: Сите крадци!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи