алеја ж.

алеја (ж.)

Поштарот не верува дека сум мртов а мене ми е здодевно да го одведам до гробиштата, парцела икс, алеја три, и да му ја покажам белата плоча со име и година - Никола Боткин, 1948.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По алеите расцветани разнобојни хризантеми.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Погребан е во Алејата на заслужните граѓани на градските гробшита во главниот град на нашата република.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Софијанци ги сакаат своите паркови, своето зеленило, цвеќињата, цветните алеи, знаат да ги ценат и љубоморно ги чуваат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Скржавото пролетно сонце уште не го распеало софиското зеленило, уште дрвјата не личат на мајски, цветовите пупат, преплашени од налудничавите априлски каприци на времето, цветните алеи по булеварите и парковите сега почнуваат да се шаренеат...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ПАРИЗ најимпозантно се претставува на „Трокадеро“, на она место кај што се издига палатата „Шајо“ и од каде што се отвора величествена панорама - Ајфеловата кула, а понатаму убав парк полн со зеленило и цветни алеи во чие дно се наѕира Военото училиште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сепак, пределот наоколу е изменет – од мајчината лева страна е правилна редица тополи, како дел од педантно уредена алеја, од десната татковата страна, се расфрлани дрвја и грмушки меѓу густата, висока трева, а во неа, полегнати без ред, испокршени фигури, обезглавени актови без екстремитети, како по битка на гладијатори.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Навистина, бункерите имаа и друго што да бранат: нашиот прастар и автохтон идентитет, нашиот древен јазик, нашиот фолклор, нашето полифоно пеење, нашата изорана земја во цветни алеи и терасести градини, нашите фабрики во кои се произведува од игла до трактор, нашиот целосно описменет народ, ослободен од верското ропство, нашите задруги...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имаше неколку таткови сонародници и од иста вера, истакнати партијци комунисти, со некои од нив животот повеќепати му се вкрстувал, а овде беа погребани во Алејата на великаните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Може да се рече дека тие беа по исклучок погребани во рисјанските гробишта, макар што некои тврдеа дека Алејата на великаните е излезена од верската линија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тогаш посакував град со широки булевари, дрвореди, паркови, тревници, цветни алеи...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Знаеше одеднаш да се затрча накај мене и да ме спобрка меѓу алеите со домати.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Врвевме по алејата на великаните. Се наслушнуваа лелекања на тажачките кои никако не успеваа да пронајдат доволно ветки за да ги спрострат своите црни платна на болката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа ѝ реков, онака, неодредено, дека овде на Алејава на великаните треба да бидеме сериозни, дури и внимателни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Чуму тој безвреден арч кога по алеите пупките расцутуваат?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Црни испукани раце боцкаа свеќа во прекрасна алеја.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи