алтернатива ж.

алтернатива (ж.)

Ставот за јазикот изведен од когнитивната наука како и херменеутичките филозофи нуди алтернатива на традиционалниот дуализам ум- тело, за создавање на психотераписки приоди кон овие проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Па какви алтернативи имаше?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Останува само една алтернатива. Го „држиш“ својот сопствен курс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кон ова се надоврзувала и информацијата од Главниот штаб на сојузничките сили до Штабот на воздухопловството од 1 декември 1944 година во која се потенцирала изјавата на бугарскиот министер без портфолио Петров дека “втора цел во програмата на Отечествениот фронт е унија на Бугарија и Југославија или како алтернатива балканска федерација вклучувајќи ја и Македонија како рамноправен партнер...“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Можеби зборовите на олеснувачите (уште еден патетичен збор во оваа патетична ситуација!) дека нема алтернатива на политичкиот договор се единствената вистина среде овој лавиринт од лаги...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но Елен Лејбовиц, соочена со медиумските црно-бели слики кои ги изнесуваа последиците од задоцнетиот европски дипломатски балет во регионот и раскажаните епизоди од мојата балканска сага, бараше начини, како мојата раскажувачка вистина да се наметне како веродостојна алтернатива.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Развеаните страници на ракописот беа како знамиња на еден постојан отпор да му се наметне спасоносна алтернатива на балканскиот егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во серијата на билборди, плакати и банери поставени во јавни простори во внатрешноста на низа градови во Европа и Јужна Америка кои го сочинуваат проектот „Алтернативна економија, алтернативни општества“, Реслер ги користи средствата за надворешно рекламирање за претставување на алтернативи на постоечкиот општествен и економски систем.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во голем и видлив фонт, Реслеровите билборди повикуваат на преиспитување на постојните односи на моќ и нудат алтернативи кои би биле „помалку хиерархиски, засновани врз идеите на директна демократија и би вклучувале што е можно повеќе луѓе во процесот на донесување одлуки“ 139.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Мнозинството на населението од сите возрасти и општествени слоеви го прифатија Стојан како власт, а рамнодушноста како начин на живот кој нема посериозна алтернатива.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во суштина, во земја во која што најголемиот дел од работните места ги обезбедуваше државата, немаше воопшто алтернативи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Државата водеше сметка за тоа кој вработува во своите државни служби, а Александар во тој поглед немаше некои посериозни алтернативи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК