амка несв.

амка (несв.)

- Донеси го сега јајцето, вели Григор Бакалот, и донеси ја урката со јајцето. Сега ќе амкаме, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гледам еден од нив префрли нога преку нога, си се загледа во чевелот и задоволно ја амка ногата онака-вака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еден друг стана од својот стол, му пријде на овега што си ја амка ногата и се спушти на колено пред него.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога најпосле се реши да ја фати рачката од брчалото, брзо откри дека таа без напор лесно се амка, како на едната, така и на другата страна.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи