апе (несв.)

Ако му докаже на човекот дека Белчо е мирен и не апе, дека си игра со деца, тој ќе го пушти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ако му се пожалиш на четничкиот војвода, тој веднаш за ножот - За тебе се бориме, твоја ракиичка пиеме - Ако појдеш до комесарот на другите, тој ја развлекува волчата челуст, сака да апе - Од пет ока јаболки не ќе се сотреш. Има манастирот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гладни заби усти апат. Гладни усти заби јадат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Бојан немоќно си ги апеше усните.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако појдеш до комесарот на другите, тој ја развлекува волчјата челуст, сака да апе - Од пет ока јаболка не ќе се сотреш. Има манастирот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од тој простуден ден до крајот на двете третини на патот, близу до Благовештение и на неколку недели пред Курбан Бајрам, искушенијата непрекинато стеснувале околу нив обрачи, и меѓусебно понекогаш да се апат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
До кога ќе си тераш по своето. Сега малку зборуваш, ама длабоко апеш...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас го правев тоа со страст што ме опијануваше, шмукајќи ја првин едната, а потоа другата брадавица, апејќи ги цицките чие менување на облините го чувствував на површината на усните и јазикот, кој застануваше на места за потоа одеднаш да направи свиок со врвот, да притисне, да потсети дека јас сум тука и дека таа игра не е надвор од мене, дека таа е дел од моето рацио, дека знам што правам и дека знам зошто го правам тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи