аплицира св. и несв.

аплицира (св. и несв.)

Врз таквата основа Џарман аплицира разни предмети: пронајдени предмети, предмети од неговите претходни филмови, предмети од неговата околина и секојдневие, цели или скршени парчиња стакло, насликано стакло...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше човек на околу шеесет и пет години, облечен во ново, со син костум на себе и вратоврска со еднододруго аплицирани јаворови лисја во силни бои и паларија со боја која наклонуваше кон кафеаво.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На почетокот од есента почна да полага тестови и да аплицира на повеќе факултети во САД.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Го посоветува да аплицира за стипендија за да учи трета година средно училиште во САД.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи