априлски прид.

априлски (прид.)

Со векови твојте борови шумат те капе златест априлски сјај со векови плиска пенлива Струма низ тебе роден Пирински крај!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Тогаш неочекувано, како априлска виулица прашање: „Што стана со Марија?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Иако гледа во неа, не може да види ништо и не знае дека чашите се волшебни кристални кугли само ноќе кога во нив, како од скинати парчиња, составува априлски жолти цветови, осамени планински колиби, две Марии. Сѐ што и да посакаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Прв стаса капетанот. напуштен од војниците и стиснат в оклоп на нејасна тага, влезе во колибата заедно со априлската месечина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пролет е. Априлското сонце мило и топло грее и ги милува луѓето по лицата...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Секогаш априлските воздишки остануваат напреброени.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Ќе му го реча в очи и ќе си замина, — си донесе Толе решение и го зеде Трајка со него, та еден убав пролетен априлски ден, по канал, пак преку Врпско, прејде во Гудјаково, а оттаму преку Никулица отиде во Вепрчани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ВО ОВИЕ априлски студеникави дни Варна малку личи на оној распеан, расцутен град, завиен во зеленилото и полеан од жешкото сонце во летните дни, во сезоната на туризмот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Скржавото пролетно сонце уште не го распеало софиското зеленило, уште дрвјата не личат на мајски, цветовите пупат, преплашени од налудничавите априлски каприци на времето, цветните алеи по булеварите и парковите сега почнуваат да се шаренеат...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Учествувале и во бугарското Априлско востание, во Руско-турската војна од 1887-та, кога и биле одликувани од бугарското кнежество за покажаното геројство, во македонското Кресненско востание 1878-та, кога по задушувањето на востанието, одново се вратиле во Бугарија за да ги изгубат животите во 1885 година во односната Српско-бугарска војна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Што друго да се очекува од суперсоничната постава на српските писатели, предводена од, божествениот новинар и писател; литературен деец и теоретичар; директор и уредник; сануовец и пеновец; добитник на Априлската награда на Сараево и Октомвриската награда на Белград, со еден збор, растерувач на мракот и пријател на мирот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сонцето можеби тагуваше по априлските мигови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Вистинска зимска ноќ, а во неговиот поглед тоа прилегаше на една топло расплавена цветна априлска или мајска утринска ледина во која цветовите, испреплеткани со рамката на една заедничка слика, те повикуваат со добрината на играта која, до колку не ја прифатиш, цел живот ќе тагуваш, ќе се каеш, ќе болуваш.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Безнадежна љубов беше тоа. Ѝ помина како априлски ден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Безнадежна љубов беше тоа! И помина како априлски ден!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, кога излезе таа вечер од Министерството, миризливиот априлски воздух го предизвика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше април. Топли априлски денови.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во моментов сум добро расположена и, знам, ако почнам да се сеќавам како беше, што сѐ преживуваме брат ми и јас тие априлски денови пред две години, сосема ќе ми се расипе расположението.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ама и априлскиот сончев ден во општо задоволство ги соедини и учесниците и организаторите.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дека сигурно знаеле оти војникот што ја донел на коњ во деновите на априлската војна бил отсутен од куќата од под Сина Скала повеќе од година и половина а можеби и нешто повеќе кога почнало да се шепоти оти осаменичката, горе, во планината, не е повеќе сама, туку е носечка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК