апси несв.
апсида ж.

апси (несв.)

- Слушај, народе, неразбран. Чии сте вие сведоци и зошто ме апсите?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Апсењето на стариот крпач Адам го заборавија, бракот на писарот и бабицата тромаво и еднолично течеше - без разделба и без деца, агентот не претставуваше веќе никаква новост; се заситија луѓето од него како деца од дрвена играчка, скршена и деформирана, на која ѝ се излижала бојата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Не знам дали дека ме апсат или за мир и демократија во светот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Укинувањето на кривичното гонење би ја зачувало законската забрана за уживање на дрога со што веројатно донекаде би се обесхрабрила побарувачката, додека луѓето што се загрозуваат само себеси не би се апселе. Со тоа би се намалило оптоварувањето на полицијата и би се снижиле трошоците за издржување на затворот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Само со легализација на марихуаната би преполовил денешниот број на апсења поради поседување дрога (повеќе од еден милион годишно), што би обезбедило намалување на бројот на полициските акции и концентрација на продажбата на појаки дроги. Ова секако би го пресекло важниот извор на заработувачка на криминалците.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Укинување на забраната секако не би преставувало идеално решение, но би овозможило намалување на трошокот на кривично гонење, би се окончал сѐ поголемиот број апсења и затвори, би се намалила смртноста меѓу наркоманите, искушението во кое се доведуваат малолетниците, и би се намалила големата стапка на криминалот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Шпионажата, предавствата, апсењата, измачувањата, егзекуциите, исчезнувањата никогаш нема да престанат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше невозможно, и покрај бескрајните апсења и признанија и погубувања, да се биде сигурен дека Братството не е само легенда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Првата љубовна врска ја имала на шеснаесетгодишна возраст, со еден член на Партијата од шеесет години, кој подоцна извршил самоубиство за да го одбегне апсењето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во својата радиограма Едмондс ќе истакне дека британските воени мисии биле постојано набљудувани од членовите на ЕАМ-ЕЛАС и на КПГ бидејќи “луѓето кои ќе се видат дека разговараат со членовите на сојузничките воени мисии или ги посетуваат нив се задржуваат и испрашуваат за причината на нивната посета или за што тие разговарале и повремено се апсат или некои протестираат и се затвораат на една или две недели“.329
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа, во Скопје била примена наредбата за апсење и, штом стигнал, Шатев бил притворен.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Апсењето на Марко било прогласено за вонредно значаен настан.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Почнаа апсењата, бележењата со жолти ленти, исфрлањето од сите служби, затворањата, одведувања на принудни работи, убивањето пленици...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А кога неговите идеолошки противници, поради навредите на Де Гол, ќе побараат од него големиот филозоф да биде уапсен, прекалениот водач и војсководител ќе истакне дека вистината, не може да се апси, колку и да биде таа горка И започнав, на само една бела страница, да ја пишувам својата вистина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сѐ построго станва, има страшна пропаганда против употреба на македонскио јазик со закани, апсења, протерувања.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи