арома (ж.)

По улиците на градот се мешаат ароми на италијански, кинески, мексикански, јапонски, грчки, руски, арапски, ирански, бугарски, босански, француски, шпански, виетнамски, корејски, етиопски, ерменски, аргентински, салвадорски, тајвански, тајландски, индиски, кубански, бразилски и на нив слични ресторани.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Раскошните дрвја, бујните градини и шарените цветови со илјадници бои шират магични ароми, коишто во твоето срце не внесуваат спокој.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во тие маала во кои и јас сум израснала, се меша мирисот на времињата и на просторите, јадењата што мајките на нашите прабаби ги понеле од Иберија со аромите и рецептите донесени од Турција, од Стамбол и од Солун и од богатите мисирски пазаришта на бахари и на друго зајре што доаѓа од различни места на Блискиот Исток.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Иако зборовите всушност не мирисаа, освен зборот "кадифе" кој имаше сосема дистинктивна арома, неспоредлива со останатите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Аромата на тутунот го неутрализираше карактеристичниот бајат мирис на кокошарникот, што се граничеше со неговата работилница и ја имаше истата шталска црвена боја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Уморна од работа, се опуштам во топлата арома на напитокот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Малкумина од книжевните теоретичари му дозволуваа во проектите начинети од реч и цвеќе (антологиите) да оди рамо до рамо со крупните српски раскажувачи и романопишувачи и да ја шири аромата на остроумната мисла.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ручекот не е оној истиот од пред малку затоа што сега е задушен, додадена му е аромата на запалена цигара, на тутунот што споро гори, ама силно чади и бргу убива.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се шири арома на набрекнати дојки и машки пазуви со парфимиран модалитет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе чекориш врз насипи од гардении и рози. Ќе мириса на лаванда и цитрусни ароми.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од вратата го заплисна мирисот на помфрит, арома која што дополнително му го креваше ентузијазмот за јадење.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Од таква причина мачнина имам, таквата арома е на предавство зачин.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК