артикл м.

артикл (м.)

Ова исто така намерно е сложено, за да звучи како реклама: Меѓу нашите артикли од лиено железо, ја препорачуваме славината која сама се затвора кога никој не ја слуша.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Меѓу нашите артикли на убава метална стока, ја препорачуваме славината која престанува да тече кога не ја слушаме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Штотуку комплетираните резултати за производство на сите видови артикли за широка потрошувачка покажуваат дека животниот стандард пораснал за не помалку од 20 отсто во текот на изминатава година.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во секој момент постоеше по некој неопходен артикл што продавниците на Партијата не беа во состојба да го обезбедат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се купуваа артикли и од домаќинствата на Маказар, за чудо, секогаш по повисока цена отколку на пазарите во Монастир или во Ресна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дуќанот бил снабден со неопходниот инвентар и артикли и личел на вистинска бакалница.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дојде дома од работа, ја тресна вратата и продолжи со гласното туширање, потоа ги намести сите потребни артикли за готвење на масата, и сиот свеж, радосен, агресивно намирисан и оптимистички настроен, тргна кон соседната врата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Југословенското оружје беше на висока цена, рентабилен експортен артикл.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лево – голема, прекрасна бензинска пумпа со плац на кој можат да се паркираат неколку десетици коли и камиони, ресторан, кафеана, продавница со секакви делови за автомобили и самопослуга со прехранбени артикли.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бидејќи само тој во селото имаше дуќан со разни артикли!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој ќе ги издвои следните најраспространети заемки: ќересте, градежен материјал (од персиски kereste); зајре, се употребува за означување градежен материјал, но и за храна, јадење, прехранбени артикли (од арапски zahire); тула, тугла, печена, фабричка цигла (преку грчки, односно латински tula); ќерпич, непечена, туку сушена цигла.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од персиско потекло се и голем број називи на разни јадења, зачини, прехранбени артикли и пијалаци: боза, бурек, дарчин, кајгана, мезе, нишесте, ноут, ошаф, пекмез, пелте, пилав, пиран, реванија, речел, таран, чорба, шарлаган, шеќер, шеќерпаре, шира, ширдан, шкембе и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)