атмосфера ж.

атмосфера (ж.)

Навлегувам во високите атмосфери на сончевите атоми. Ме пречекува поларна светлост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Атмосферата на свеченост, разгорениот оган, стопленото сопче, пријатната миризба на пржената сланина, му го зголемија расположението на момчето, па за првпат откако беше дојден во колибата, откако беше затрупан од снегот, се почувствува безгрижен, спокоен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ТУРИСТИЧКАТА атмосфера веќе почна да преовладува во бугарскиот главен град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
18. Дали навистина постоела онаа самовилска атмосфера на играта, со прекрасните андрогени играчи, потполно предадени на мигот, додека волшебниот прав се истура врз главите на збунетите дворјани, аматери, воајери што ѕиркаат од страните, залудени од фантазмите на магијата и метаморфозата?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кога се создаде пријатна весела атмосфера, Кметот фрли поглед кон учителот, го задржа на него, потоа ја зеде чашата, им наздрави на полковниците, се чукна и започна разговорот да го врти на проблемот со селото; им рече дека луѓето живеат во немир, во неспокојство, дека нестрпливо чекаат да видат што ќе биде со селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но кога почна пиењето и кога атмосферата стана попријатна, послободна, поразговорна: започна меѓу нив и наздравување и чукнување со чашите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Прилично замелушен, ѝ дозволи да ми го слече палтото, а таа веќе вади црн креон од чантата: - Вака ќе изгледаш позагадочно – ми ги продолжува веѓите, избелува образите, ми ја чешла косата зад уши: - До-бро! Сега, создавај атмосфера.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Двособниот стан се преобразува во терми, заситени од тешка пареа, и од таа надразнувачка атмосфера, изнуркува јадрото, испотено тело на госпа Елвира, со сочни, податливи дојки што ни најшироката дланка не може да ги опфати и со моќни колкови, под кои пукаат и најсолидните гаќички.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не знам зошто но таа свеќа ме лути иако често и самиот сум палел свеќи заради прочистување на воздухот а и заради атмосфера.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Замисли си поткровје. Токму неговата атмосфера и Времето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како што атмосферата стануваше сѐ повесела, газдата Вајс ја креваше чашата и му наздравуваше на персоналот, но поради слепилото, раката му одеше малку понастрана од масата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го переше, го пеглаше и Богдан се чувствуваше среќен во ваква домашна атмосфера која со години ја немаше почувствувано и за која мечтаеше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Трите академски идеи кои навистина ме интересираат се: она што мојот учител (говорејќи за Сезан и кубизмот) го нарекуваше „ротирачко гледиште“; сугестијата на Марсел Дишан да се досегне Неможноста на доволно визуелна меморија за меморираниот впечаток да се пренесе од еден на друг сличен предмет; и Леонардовата идеја...дека границата на телото не е ниту дел од зафатеното тело ниту дел од околината на атмосферата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Децата создаваат напната атмосфера во текот на малата утринска забава”.
„Маргина бр. 21“ (1995)
Новата свежина, трепетот на еден нов сензибилитет во контекстот на урбаната атмосфера, обично се врзува за младата генерација раскажувачи, што од друга страна пак, не значи дека расказот Самураи на Славко Јаневски, на пример, не звучи „модерно”, дури и „помодерно” од расказите и на најмладите и најавангардни автори поместени во овој избор.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ама, кога нивниот господар, со своите огнени раце плесна два-трипати атмосферата се смири како во сон.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Од манири, однесување, маски, закони, правила, напнати атмосфери.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ние пренесуваме дел од атмосферата на судењето и ги изложуваме аргументите на оние што го бранат и напаѓаат овој контроверзен „уметничко-вандалски“ чин.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бевме срдечно пречекани. На братската атмосфера не требаше многу да се чека.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи