ај (чест.)

– „Шоана, али навистина е ова, али на соне; види сега и децана да ме познават и на име да ме викаат, чудна оваа работа ќе биде; ај да видиме Господ што ќе каже“, си велел сам во себе и влегол у човекот дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А после, туку ќе ми текне, ај кај кума Праскарева!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А, Параскево, парчиња да се сториш! (По мала пауза.) Ај да си прилегнам малце да си ги одморам коските. (Легнува на миндер.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Стани си утре порано дојди си вечер подоцна, наутро радост понеси навечер тага донеси - ај, пусти да е, пуст да би останал живот кучешки!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
РИСТАЌИ: Преубав е кога ти велам. Ај ти, знам јас!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ај... да ни се ќердосаат. И во ваши куќи...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
— Е, море, да не дојде работата со бесење и со зорт, та така, ај, ме зел, ај не ме зел.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе му поверувам на човекот. Ај, може и ова ќе помине, ќе си речам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Е, ај, ќе се вратиме. Се враќаме пак кај пазарот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
и се враќаме пак назад, по истата трага со лазење и го наоѓаме Бугаринот кај што го оставивме, можевме и да го отепаме, ама ај, си велиш човек е, може тој ќе те носи ако те ранат, и што да правиме сега со тебе, му велиме, што ќе кажеме за тебе, а тој - вие сте ми мајка, вие - татко, ако ме кажете ќе ме стрелаат и не моли, ни ја пика главата под колена, се митка ко живинче, се уплашив, вели, ама да не кажеш ти, му велиме, не, вели, уплашениот е секогаш уплашен, ме фати голем страв, вели, ме сопна и не можев да се помрднам, и го целива ножот, се колне и после фативме двајца Грци и тие ни кажаа дека ќе нѐ удрат два полка, еден грчки, и еден англиски, и ноќта зедовме наоколу сѐ миниравме, ископај чиневме дупка и наполни ја со дробен камен, со чакал, и среде камењата ќе врзиме по пет бомби во китка, со тел, сите дупки ги врзавме со една жица и кога наближија војниците, ги дрпнавме мините,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Ај, дојдете во Виена, ми вели Ханс, приходите с нами.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ај, доста е рамноправност, вели Атина Папастојку, ќе ни изумрат мажите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Е ај, ќе видиш, му велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ај сега ти спровни ја својата крадлива рака со најмашка намера, да откинеш една трненка меѓу најмалку три трна што ти се испречиле на патот, како заштитници на невестата пред натрапникот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За тоа време, додека се седеше и се вревеше заедно, јас сепак забележав како тие тројца одвреме навреме си праќаат ишарети, додека вториот помошник пак не стана божем по мала нужда, а се задржа трипати по три големи нужди, и мене тогаш ми стана јасно дека тој ни ги враќа украдените пљачки од нивниот шлепер во нашта кола и пцува мал да си најмал да не си и да не работиш залудни работи што не ги работат постарите, кои не прават дупки во вода туку си пијат вино, зашто чаушот нивни заради шише вино си ја продаде душата и помисли дека овие клатикуровци се од наша фела, па ај да не им земаме работи што не им требаат ами да се провеселиме на нивна сметка, и до зори ако ни заоди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ај сега сестро, да си ми жива и здрава и да славиме многу пуримски славја”, ја кревам чашата со лимонада.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Која ли (не)култура!!! Ај запали да те видам... Пушењето е забрането буквално сегде.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Туку ај по ѓаволите со јаловите сонувачи На кои ене и на билбордите им течат лиги Макар за едно само едно асолно сонче Е нема де нема секој каква што прилега сонувачка мантра Ниту му прилега на секој сон Да се вее како знаме на јарболот Пред палатата на вечните сонови Што се однесува до мене Си знам дека од пишаното не се бега Па стига ми е и сонувалникот
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ај да се допрашуваат, ама и севезден да ги пропагираат латинските поговорки: сѐ што имам со себе, ова бале со мало црвено веленце, се наоѓа ноќум за зглавје на жешкиот асфалт, ова пластично дволитарско шише од цоца-цола лигхт најдено пред контејнер, штоако сум бездомник – знам дека гладен може, ама жеден не може.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Е, ај напиши нешто љубовно, ако можеш... прашалник или извичник, сеедно е.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе
FlexiMac
 менување на македонски глаголи