вада ж.
вади несв.

вада (ж.)

И вистина, убаво ми рече мајка ми вчера: „Ано ќерко, поднамирви се веќе малку поубаво кога одиш на вада, оти таму се собираат момичките и жените од целово село, пак ќе те прикажуваат.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И по кривите вади да пропуштиме води за оризите млади и зелени лободи.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
По блескавите, обгорени од сонцето, запотени лица на младите градители, се сливаше пот како мали вадички по сува напукана земја.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
„Килав во мозокот, прости ми господи. Затоа лежеше ноќе по празните вади и по сувите лозја и им пееше попски песни на црцорците.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Внатре има исто толку светлина колку и надвор и покрај проѕирната завеса, ѕидовите бели како млеко, широк кревет од горната страна на прозорчето, а од другата, стаклена витрина со четири фиоки во долниот дел, долу светнати штици покриени со килимче какво што имаше кај тетка Евдокија во Прилеп, на средина маса со плетена покривка и модра стаклена вазничка со цвеќиња од градината.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како ги прескокнува вадите што се слеваа од сите страни.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)